американски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Aug 2021 06:07:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Блинкен: Во Авганистан веројатно има уште околу 1.000 американски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-vo-avganistan-verojatno-ima-ushte-okolu-1-000-amerikanski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-vo-avganistan-verojatno-ima-ushte-okolu-1-000-amerikanski-drzavjani/#respond Thu, 26 Aug 2021 06:07:33 +0000 https://kurir.mk/?p=555092

САД евакуираа најмалку 4.500 американски државјани и членови на нивните семејства од Авганистан од средината на август, изјави вчера државниот секретар Ентони Блинкен, додавајќи дека Вашингтон остварил контакт со уште околу 1.000 преостанати граѓани. Блинкен на прес-конференција истакна дека нема краен рок во обидот да им се помогне на луѓето кои сакаат да го напуштат Авганистан, и Американци и останати граѓани, и дека тие напори ќе продолжат „онолку колку што е потребно“. Тој нагласи дека „кога САД започнаа со евакуација, во Авганистан имало дури 6.000 американски државјани кои сакаа да заминат, а останати се уште илјада“. – На останатите речиси 1.000 кои ги имавме, кои можеби се Американци што сакаат да го напуштат Авганистан, им се обраќаме неколку пати дневно, на повеќе канали за комуникација. Од оваа листа со околу 1.000 лица, веруваме дека бројот на Американци кои активно бараат помош да го напуштат Авганистан е помал, веројатно значително помал, истакна Блинкен, предупредувајќи неколку пати дека бројките може да се менуваат секој час. Тој, исто така, рече дека 45 до 46 проценти од досега евакуираните над 82.000 луѓе биле жени и деца. Западните земји побрзаа да ги евакуираат луѓето од Авганистан на помалку од една недела до заминувањето на сите странски војници, признавајќи дека многу Авганистанци кои им помогнале ќе бидат оставени во неизвесност под власта на талибанците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/blinken-vo-avganistan-verojatno-ima-ushte-okolu-1-000-amerikanski-drzavjani/feed/ 0
Стејт департментот ги предупреди американските државјани да не патуваат во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/stejt-departmentot-gi-predupredi-amerikanskite-drzavjani-da-ne-patuvaat-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/stejt-departmentot-gi-predupredi-amerikanskite-drzavjani-da-ne-patuvaat-vo-crna-gora/#respond Wed, 17 Feb 2021 09:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=469907

Американскиот Стејт департмен ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Црна Гора поради пандемијата со Ковид-19. Во предупредувањето, од највисокиот четврти степен, се наведува дека граѓаните кои ќе патуваат во Црна Гора можат да се соочат со затворање на границите и аеродромите, забрана за патување, наредби да не го нашутаат домот, затворање на бизнисите и други вонредни услови поради Ковид-19. Во соопштението објавено на официјалната интернет-страница, се наведува дека Стејт департментот редовно ги проценува и менува препораките за меѓународните патувања врз осноба на информации на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и моменталните услови во земјите. ЦДЦ предупредува дека граѓаните трена да ги избегнуваат сите патувања во Црна Гора бидејќи со тоа би го зголемиле ризикот да се заразат и да го шират Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/stejt-departmentot-gi-predupredi-amerikanskite-drzavjani-da-ne-patuvaat-vo-crna-gora/feed/ 0