американски Ф-35 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 07:36:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски Ф-35 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Америка испрати авиони ловци „Ф-35“ за заштита на бугарскиот воздушен простор, во источното крило на НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerika-isprati-avioni-lovci-f-35-za-zashtita-na-bugarskiot-vozdushen-prostor-vo-istochnoto-krilo-na-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerika-isprati-avioni-lovci-f-35-za-zashtita-na-bugarskiot-vozdushen-prostor-vo-istochnoto-krilo-na-nato/#respond Wed, 01 Jun 2022 07:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=684714

Американски ловци „Ф-35“ слетаа во воздухопловната база „Граф Игнатиево“ во Бугарија како продолжение на мисијата на НАТО за заштита на воздушниот простор, јави БНР. Како што јави дописникот на МИА од Софија, веста на Твитер ја потврди Сојузна воздушна команда на НАТО. Во пораката не се наведува бројот на авиони. Кон крајот на мај требаше да заврши мисијата на четирите холандски „Ф-35“ во Бугарија. Сепак, во соопштението се нагласува дека американските ловци се приклучиле на холандската мисија во Бугарија. Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, кажа дека има многу процедури кои овозможуваат прекугранично користење на „Air Policing“, така што ќе има многу опции и Бугарија ќе продолжи да биде поддржувана. -Таа нема да биде оставена, рече министерот за одбрана. Во соопштението на командата со седиште во Рамштајн, во Германија, се наведува дека распоредувањето на американските „Ф-35“ во Бугарија значи извршување на мисија со долг дострел во Бугарија, како поддршка на будните активности на НАТО на источното крило. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerika-isprati-avioni-lovci-f-35-za-zashtita-na-bugarskiot-vozdushen-prostor-vo-istochnoto-krilo-na-nato/feed/ 0
Швајцарија избра американски Ф-35, наместо француските „Рафали“, Макрон ја откажа посетата на неговиот швајцарски колега https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-izbra-amerikanski-f-35-namesto-francuskite-rafali-makron-ja-otkaza-posetata-na-negoviot-shvajcarski-kolega/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-izbra-amerikanski-f-35-namesto-francuskite-rafali-makron-ja-otkaza-posetata-na-negoviot-shvajcarski-kolega/#respond Sun, 19 Sep 2021 15:20:37 +0000 https://kurir.mk/?p=565495

Во екот на дипломатската криза со Австралија, Франција ја откажа официјалната посета на претседателот на Швајцарската конфедерација, откриваат швајцарските медиуми. Во прашање е изборот на Швајцарија направен во јуни да купи американски авиони за да ја обнови својата воено воздухопловна флота, наместо францускиот „Рафал“, јави дописникот на МИА. Според денешните неделни изданија на швајцарските медиуми, Ги Пармелин, претседателот на Швајцарската конфедерација, нема да допатува во Париз во ноември на официјална посета на Елисејската палата. Тие сметаат дека тоа е одмаздата на Париз кон Берн. Откажувањето на оваа посета на Франција, според нив, е поврзано со изборот во јуни од страна на Швајцарија на американски авиони Ф-35 на штета на францускиот ловец „Рафал“, за да ја обнови својата воена флота. Франција ја откажа посетата закажана во Париз меѓу претседателите Ги Пармелин и Емануел Макрон, пренесуваат швајцарските весници „Ле Матин Диманш“ и „СонтагЗајтунг“. Според швајцарските медиуми, посетата била закажана пред шест месеци. Швајцарската Влада го минимизира ваквиот потег, велејќи дека „посетата не била целосно договорена, и не станува збор за откажување на потврден состанок“, пренесува швајцарската РТС. Последната посета на претседател на Швајцарската конфедерација на Франција била во септември 2018 година. Соопштението доаѓа во момент кога Франција е во дипломатска криза со Австралија. Канбера одлучи да се повлече од договорот вреден 90 милијарди австралиски долари (56 милијарди евра) за купување француски подморници во корист на американски бродови на нуклеарен погон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shvajcarija-izbra-amerikanski-f-35-namesto-francuskite-rafali-makron-ja-otkaza-posetata-na-negoviot-shvajcarski-kolega/feed/ 0