американски избори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jan 2021 18:53:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски избори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поддржувачите на Трамп во Конгресот прават напори за поништување на изборите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-tramp-vo-kongresot-pravat-napori-za-ponishtuvanje-na-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-tramp-vo-kongresot-pravat-napori-za-ponishtuvanje-na-izborite/#respond Wed, 06 Jan 2021 18:53:18 +0000 https://kurir.mk/?p=452488

Американскиот Конгрес денеска испишува историја. Ова е првпат во својата модерна историја законодавното тело на САД да дискутира за поништување на резултати на едни претседателски избори.  Група републикански  конгресмени денеска во Сенатот на броењето на сертифицираните гласови од секоја сојузна држава, обично прифатено како формална процедура, ја отфрлија победата на Џо Бајден во Аризона, сертифицирана со гласовите на електорите од изборниот колеџ.  Забелешката за изборите во Аризона не е единствена. Бидејќи постојат неколку забелешки, претставниците на Сенатот и Претставничкиот дом се вратија на своите места да дискутираат за ова.   За да се прифати секоја забелешка на сертифицирани избори во некој сојузна држава, потребно е да биде изгласана од секој дом одделно. Според еспертите тоа нема да биде возможно, така што победата на Бајден и неговиот потпретседател, Камала Харис, не е ставена во прашање, туку само се одложува формалната постапка на нејзино официјализирање.  Моментално, лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, се обраќа пред горинот дом. Тој претходно укажа дека овој говор ќе биде „најважниот и најодлучувачкиот во мојата кариера“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poddrzuvachite-na-tramp-vo-kongresot-pravat-napori-za-ponishtuvanje-na-izborite/feed/ 0
Спорни 300.000 објави на Твитер во врска со американските избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporni-300-000-objavi-na-tviter-vo-vrska-so-amerikanskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporni-300-000-objavi-na-tviter-vo-vrska-so-amerikanskite-izbori/#respond Fri, 13 Nov 2020 11:32:18 +0000 https://kurir.mk/?p=429019

За време на политичката кампања за претседателските избори во САД, социјалната мрежа Твитер настојуваше да го намали бројот на објави за кои смета дека ги доведуваат луѓето во заблуда. Твитер соопшти дека во текот на последните две седмици околу 300.000 објави се означени како спорни и нивната содржина би можела да претставува лажна или погрешна информација за американските претседателски избори. Таа социјална мрежа беше критикувана за време на изборите во 2016 година поради овозможување ширење на непроверени информации, и овој пат, во жешка политичка клима, се обиде да го намали бројот на твитови за кои смета дека ги доведуваат луѓето во заблуда. На секои 500 објави во периодот меѓу 27 октомври и 11 ноември, пристигнувал по еден таков твит, соопшти Твитер, нагласувајќи дека во иднина ќе продолжи да означува спорни објави. Напорите на Твитер беа највидливи кога станува збор за објавите на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој вчера објави твит за нерегуларности на изборите. Под неговата објава стоеше предупредување: „Ова тврдење за изборна измама е спорно“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sporni-300-000-objavi-na-tviter-vo-vrska-so-amerikanskite-izbori/feed/ 0
Логар: Јанша не и наштети на Словенија со твитовите за американските избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/logar-jansha-ne-i-nashteti-na-slovenija-so-tvitovite-za-amerikanskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/logar-jansha-ne-i-nashteti-na-slovenija-so-tvitovite-za-amerikanskite-izbori/#respond Wed, 11 Nov 2020 12:18:26 +0000 https://kurir.mk/?p=427966

Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар денеска ги негираше тврдењата на опозицијата дека твитовите на премиерот Јанез Јанша за американските избори се „дипломатско фијаско“ и „срам“ за земјата. Јанша веднаш по завршувањето на американските избори на Твитер ја поздрави победата на Доналд Трамп, а по прогласувањето на Џо Бајден за победник, словенечкиот премиер не му честиташе, тврдејќи дека е прерано. Логар наведе дека тврдењата на опозицијата повеќе ја осрамотуваат Словенија отколку твитовите на Јанша. Тој додаде дека Владата на Јанша во односите со САД и позицијата на земјата во Европска Унија направила многу повеќе отколку левичарските влади изминатите години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/logar-jansha-ne-i-nashteti-na-slovenija-so-tvitovite-za-amerikanskite-izbori/feed/ 0
Сандерс ја предупреди Русија да не се меша во американските избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanders-ja-predupredi-rusija-da-ne-se-mesha-vo-amerikanskite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanders-ja-predupredi-rusija-da-ne-se-mesha-vo-amerikanskite-izbori/#respond Sat, 22 Feb 2020 08:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=307231

Кандидатот за демократската номинација на претседателските избори во САД, Берни Сандерс ја предупреди Русија да не се меша во американските избори, откако американски разузнавачи го известиле дека Москва се обидува да помогне во неговата кампања. Сандерс (78) порача дека не го интересира кого рускиот претседател Владимир Путин сака да го види како американски претседател. – Еве порака за Русија: не се мешајте во американските избори, а како претседател ќе се погрижам за тоа, истакна сенаторот од Вермонт, кој се смета за еден од фаворитите за претседателска кандидатура. Обраќајќи им се на своите приврзаници во Бејкерсфилд, Калифорнија, Сандерс ја обвини Русија дека се обидува „да предизвика хаос и омраза во Америка“. Весникот „Вашингтон пост“ објави дека американски официјални претставници го информирале Сандерс за активностите на Русија, а исто така ги известиле и претседателот Доналд Трамп и други американски функционери. Во текстот се наведува дека не е познато на кој начин Русија се обидува да му помогне на Сандерс. Извор од Конгресот потврдил дека разузнавачките служби ги известиле членовите на Конгресот дека Русија, најверојатно, се занимава со кампања на дезинформации и пропаганда со цел да ги зајакне кандидатурите на Сандерс и Трамп во 2020 година. Кремљ вчера демантираше дека Русија се меша во изборите, обидувајќи се да ги подобри шансите за реизбор на Трамп, по извештаите дека американски разузнавачи го предупредиле Конгресот оти постои нова закана за ноемвриските избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanders-ja-predupredi-rusija-da-ne-se-mesha-vo-amerikanskite-izbori/feed/ 0