американски конгрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 18:52:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски конгрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џим Џордан не стана шеф на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ниту по третпат, поддршката за него се намалува https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhim-dhordan-ne-stana-shef-na-pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-nitu-po-tretpat-poddrshkata-za-nego-se-namaluva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhim-dhordan-ne-stana-shef-na-pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-nitu-po-tretpat-poddrshkata-za-nego-se-namaluva/#respond Fri, 20 Oct 2023 18:52:33 +0000 https://kurir.mk/?p=891435

Републиканецот Џим Џордан по третпат не успеа да обезбеди доволен број претставници од сопствената партија за да стане нов претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Тој денеска доби дури и помала поддршка од претходните два круга на гласање. Од Златко Шумковски 19:55, 20 октомври, 2023 Џордан не стана шеф на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ниту по третпат, поддршката за него се намалува Вашингтон, 20 октомври 2023 (МИА) - Републиканецот Џим Џордан по третпат не успеа да обезбеди доволен број претставници од сопствената партија за да стане нов претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Тој денеска доби дури и помала поддршка од претходните два круга на гласање. Противењето за назначување на Џордан расте само од гласање во гласање, а со оглед на тоа што републиканците во долниот дом на Конгресот имаат многу мало мнозинство во споредба со демократите, Џордан може да си дозволи само четири гласови противење од својата партија. И покрај сето ова Претставничкиот дом е блокиран без претседател. Во таква сопстојба, што никогаш не се случила во историјата на САД, Конгресот не може да усвои пакет помош за Израел, пакет помош за Украина, а не може ниту да го усвои буџетот на сопствената држава, имајќи предвид дека сегашниот, привремен , трае само до ноември. Доколку не биде усвоен, нема да се исплаќаат плати во сојузната влада и федералните служби. Во вторникот на првото гласање за именување на Џордан не го поддржаа 20 колеги. Во следниот круг гласање во средата, 22 колеги не му дадоа поддршка. Како што јавија американските медиуми денеска тој број се искачи на 25. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhim-dhordan-ne-stana-shef-na-pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-nitu-po-tretpat-poddrshkata-za-nego-se-namaluva/feed/ 0
Американскиот Конгрес ги разгледува предлозите за вештачка интелигенција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-gi-razgleduva-predlozite-za-veshtachka-inteligentsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-gi-razgleduva-predlozite-za-veshtachka-inteligentsija/#respond Fri, 09 Jun 2023 06:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=843866

Претставниците во американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, во четвртокот претставија два посебни нацрт-закони за вештачка интелигенција, со оглед на зголемениот интерес за решавање на прашањата поврзани со оваа технологија. Првиот предлог бара транспарентност од американската влада при користење вештачка интелигенција во интеракција со граѓаните, додека вториот предлог бара формирање нова Канцеларија чиј приоритет ќе биде конкурентноста на САД кога се во прашање модерните технологии. Законодавците размислуваат за нови правила потребни поради порастот на вештачката интелигенција, која стана актуелна оваа година благодарение на употребата на ChatGPT, програма која одговара на прашања во писмена, структурирана форма. Демократскиот сенатор Гери Питерс, исто така претседател на Комитетот за национална безбедност, заедно со колегите републиканци Мајк Браун и Џејмс Ланкфорд, дадоа предлог со кој владините агенции ќе мора да ги известат граѓаните кога користат програми за вештачка интелигенција за да комуницираат со нив. Овој предлог ги обврзува и владините агенции да овозможат приговори за можните одлуки донесени од вештачката интелигенција. „Сојузната влада мора да биде активна и транспарентна во врска со употребата на вештачка интелигенција и да обезбеди одлуките да не се носат без човечка рака 'зад воланот'“, рече Браун. Демократите Мајкл Бенет и Марк Ворнер и републиканскиот претставник Тод Јанг бараат формирање Канцеларија за анализа на глобалната конкуренција, чија главна задача ќе биде да ги задржи САД како лидер во развојот на вештачката интелигенција. „Не можеме да си дозволиме да ја изгубиме предноста во развојот на технологии, вклучително и вештачката интелигенција, пред конкуренти како Кина“, рече Бенет. На почетокот на неделава, лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер изјави дека договорил три средби, од кои првата ќе биде зад затворени врати, на кои сенаторите ќе можат детално да се запознаат со темата. На овие состаноци претставниците ќе разговараат за актуелниот развој на вештачката интелигенција, американското лидерство во областа на вештачката интелигенција и голем број доверливи прашања за одбраната и разузнавањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-gi-razgleduva-predlozite-za-veshtachka-inteligentsija/feed/ 0
Американскиот Конгрес не го избра претседателот на Долниот дом и по четвртиот круг гласање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-ne-go-izbra-pretsedatelot-na-dolniot-dom-i-po-chetvrtiot-krug-glasanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-ne-go-izbra-pretsedatelot-na-dolniot-dom-i-po-chetvrtiot-krug-glasanje/#respond Wed, 04 Jan 2023 19:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=783856

Долниот дом на американскиот Конгрес, Претставничкиот дом, се уште е без претседател по неуспехот на четвртиот круг гласање. Раздорот во редовите на републиканците засега не дозволува да биде избран фаворитот Кевин Мекарти. Ова е првпат во последните 100 години претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес да не биде непречено избран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-ne-go-izbra-pretsedatelot-na-dolniot-dom-i-po-chetvrtiot-krug-glasanje/feed/ 0
Американскиот конгрес постигна договор од 1,5 трилиони долари за финансирање на федералната влада, планирана и помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-postigna-dogovor-od-1-5-trilioni-dolari-za-finansiranje-na-federalnata-vlada-planirana-i-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-postigna-dogovor-od-1-5-trilioni-dolari-za-finansiranje-na-federalnata-vlada-planirana-i-pomosh-za-ukraina/#respond Wed, 09 Mar 2022 15:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=644195

Американските законодавци постигнаа договор вреден 1,5 трилиони долари за финансирање на федералната влада во фискалната 2022 година, кој предвидува и 13,6 милијарди долари безбедносна и хуманитарна помош за Украина и 15,6 милијарди долари за борба против КОВИД-19.
Постигнатиот договор доаѓа пред самиот истек на моменталното финансирање на американските агенции во петок. Демократката Роса ДеЛауро изјави дека планот вклучува 730 милијарди долари за цивилна и 782 милијарди долари за одбранбени цели. „Овој двопартиски договор ќе ни помогне во соочувањето со многу големи предизвици со кои се соочуваме дома и во странство: од КОВИД-19, нападот на Украина, до трошоци за американските семејства“, заедно објавија претседателката на претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер. Планот ќе го зголеми финансирањето на внатрешните приоритети како што е подобрување на инфраструктурата од мостови, патишта и интернет поврзаност, а се планираат и нови заштитни механизми од кибер напади од Русија и други земји. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-postigna-dogovor-od-1-5-trilioni-dolari-za-finansiranje-na-federalnata-vlada-planirana-i-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
Евакуирана зградата на американскиот Конгрес поради активна закана од бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirana-zgradata-na-amerikanskiot-kongres-poradi-aktivna-zakana-od-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirana-zgradata-na-amerikanskiot-kongres-poradi-aktivna-zakana-od-bomba/#respond Thu, 19 Aug 2021 16:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=552743

Американската полиција во моментов проверува дали во возило кај Капитол Хил, седиштето на Конгресот во Вашингтон, е пронајден експлозив, јави денеска американската телевизиска мрежа Си -Ен -Ен. -Ова е истрага за заканата со бомба, соопшти полицијата, додавајќи дека проверува сомнителен камион во близина на Конгресната библиотека, додава телевизијата од Атланта. Полицијата на Твитер објави дека добила пријава за сомнително возило пред Библиотеката на Конгресот и ги предупреди луѓето да се држат подалеку од оваа област, пренесе телевиизјата Си-Ен-Би-Си. Полицијата испратила преговарачи да разговараат со заканувачот, кој се наоѓа во камионот, наведе еден од изворите. „Во тек е истрага. Ние внимателно ја следиме ситуацијата и ќе ги ажурираме информациите на овој налог кога ќе ги добиеме оние што можеме да ги објавиме”, објави полицијата на Капитол Хил на Твитер. Оваа неделава немаше закажана седници на Конгресот, но персоналот и натаму секојдневно оди во Капитол Хил. Медиумите јавуваат дека полицијата ги повикала граѓаните да го избегнат просторот околу библиотеката, што се наоѓа наспроти Конгресот. Областа околу Капитол Хил е под строга безбедносна контрола од упадот во Конгресот на 6 јануари годинава, кога таму се собраа и потоа во негп упаднаа приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evakuirana-zgradata-na-amerikanskiot-kongres-poradi-aktivna-zakana-od-bomba/feed/ 0
Американскиот конгрес го изгласа 19 јуни за празник за сеќавање на крајот на ропството https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/#respond Thu, 17 Jun 2021 07:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=524633

Американскиот Конгрес го усвои предлог-законот според кој 19 јуни е прогласен за празник во спомен на крајот на ропството и заминувањето на последните робови во 1865 година во државата Тексас. Претставничкиот дом на Конгресот го усвои нацрт-законот доцна синоќа со 415 гласа и 14 против, а Сенатот го направи тоа едногласно. И порано имаше барања овој ден да биде прогласен за празник, но тие станаа почести по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен на 25 мај 2020 година од бел полицаец. -Датумот 19 јуни не потсетува на историјата извалкана од бруталност и неправда, но, исто така, и на одговорноста што мора да ја имаме за да имаме иднина на напредокот, почитувајќи ја еднаквоста, рече спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси. И американскиот претседател Џо Бајден треба да го потпише овој нов закон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-kongres-go-izglasa-19-juni-za-praznik-za-sekjavanje-na-krajot-na-ropstvoto/feed/ 0
Пелоси: Некои конгресмени би можеле да бидат кривично гонети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-nekoi-kongresmeni-bi-mozele-da-bidat-krivichno-goneti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-nekoi-kongresmeni-bi-mozele-da-bidat-krivichno-goneti/#respond Sat, 16 Jan 2021 10:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=456118

Претседателката на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси изјави дека одредени членови на Конгресот би можеле да се соочат со кривично гонење ако се утврди дека помагале или го поддржувале упадот на Капитол хил. Таа истакна дека сака правда и оти ќе биде истражено дали некои членови на Конгресот се поврзани со нападот од 6 јануари, при што загинаа пет лица. – Ако се утврди дека членови на Конгресот биле соучесници во овој бунт, ако помагале или поддржувале злосторство, можеби ќе мора да се преземе акција надвор од Конгресот во смисла на кривично гонење, истакна Пелоси. Нејзината изјава откако членка на Конгресот од демократска партија Мајки Шерил пред неколку дена изјави дека видела неколку колеги како водат „извидувачки групи“ во обиколка на Конгресот, еден ден пред нападот. Повеќе од 30 демократски конгресмени потпишаа писмо во кое бараат повеќе информации за посетите на Капитол на 5 јануари. Пелоси наведе и дека ќе биде извршена ревизија на безбедноста на Конгресот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pelosi-nekoi-kongresmeni-bi-mozele-da-bidat-krivichno-goneti/feed/ 0
Предлог резолуција за Сребреница во американскиот Конгрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predlog-rezolucija-za-srebrenica-vo-amerikanskiot-kongres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predlog-rezolucija-za-srebrenica-vo-amerikanskiot-kongres/#respond Wed, 15 Jul 2020 10:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=376158

Во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес е претставена нацрт-резолуција во која во 13 точки се осудува, како што се наведува, „геноцидот во Сребреница и негирањето на геноцидот“. Предлог-резолуцијата, објавена на веб-страницата на Конгресот, е поднесена на 13 јули од конгресменката на Тексас, Еди Б. Џонсон. Во неа се наведува дека „српските сили биле одговорни за злосторството на 11 јули 1995 година во Сребреница“. Поради тоа, во предложениот текст се бара осуда за негирањето на тоа злосторство кое се карактеризира како геноцид. Во текстот САД се охрабруваат да ја одржат и повторно потврдат својата поддршка за суверенитетот, правниот континуитет, единството и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина во рамки на нејзините меѓународно признати граници, како и народот во БиХ и нивното тежнеење по поголема демократија, економски просперитет и успех во евроатланските интеграции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predlog-rezolucija-za-srebrenica-vo-amerikanskiot-kongres/feed/ 0
Претставничкиот дом на Конгресот го одобри предлог законот на демократите за реформа на полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-kongresot-go-odobri-predlog-zakonot-na-demokratite-za-reforma-na-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-kongresot-go-odobri-predlog-zakonot-na-demokratite-za-reforma-na-policijata/#respond Fri, 26 Jun 2020 08:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=363266

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера го одобри предлог законот на демократите за полицискат реформа, испраќајќи ја одлуката до Сенатот и покрај противењето на претседателот Доналд Трамп и неговите републикански сојузници. Претставничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демократите, гласаше со 236 „за“ наспроти 181 „против“, главно според партиските насоки, во прилог на донесување на законот, еден месец по смртта на Џорџ Флојд во Минеаполис, предизвикувајќи неколкунеделни протести за полициската бруталност, особено против Афроамериканците. Првичните податоци од гласањето покажуваат дека тројца републикански конгресмени им се придружиле на демократите во гласањето за овој закон. Но, предлог  законот, во кој се препорачува измена на законот и политиките во врска со контролата на полициското насилство, најверојатно нема да биде изгласан во Сенатот, каде што доминираат републиканците, каде демократите го блокираа законот за републиканците. Белата куќа, исто така, може да стави вето. Демократите и републиканците се во мртва трка околу пристапот до расната нееднаквост во полицијата, и покрај силната јавна желба за ефикасни реформи по смртта на Џорџ Флојд. Демократите предлог законот го нарекоа „Правда за Џорџ Флојд во однесувањето на полицијата“ и предвидуваат дека јавниот притисок ќе го скрши републиканскиот отпор. -Не мислам дека улицата ќе го прифати „ не “ за одговор, рече Нанси Пелоси за „Вашингтон пост“. Полицијата во 2020 година убила седум невооружени Афроамериканци, додека во 2019 година имало 14 вакви случаи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-kongresot-go-odobri-predlog-zakonot-na-demokratite-za-reforma-na-policijata/feed/ 0
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои новиот економски пакет од три трилиона долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-go-usvoi-noviot-ekonomski-paket-od-tri-triliona-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-go-usvoi-noviot-ekonomski-paket-od-tri-triliona-dolari/#respond Sat, 16 May 2020 06:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=346497

Претставничкиот дом на Конгресот на САД ноќеска го одобри новиот пакет мерки во вредност од три трилиона долари за поддршка на економијата. Околу еден трилион ќе им бидат дадени на државите и локалните власти, се предвидува и создавање на фонд од 200 милијарди долари за вработените во најважните и најоптоварени сектори, вклучувајќи ја и здравствената заштита. Освен тоа, помошта за семејствата ќе биде зголемена до 6.000 долари, а уште 75 милијарди долари ќе бидат потрошени за спроведување на тестови за коронавирусот. Се предвидува и поголема помош за невработеноста и за покривање на кредитите во образованието. Предлог законот треба да го мине и сенатскиот филтер, Горниот дом на Конгресот на САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-go-usvoi-noviot-ekonomski-paket-od-tri-triliona-dolari/feed/ 0