американски Конзулат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Mar 2022 08:49:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски Конзулат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: 12 проектили испукани кон американскиот конзулат во Ербил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-12-proektili-ispukani-kon-amerikanskiot-konzulat-vo-erbil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-12-proektili-ispukani-kon-amerikanskiot-konzulat-vo-erbil/#respond Sun, 13 Mar 2022 08:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=646208

На американскиот конзулат во Ербил, северно од Ирак, утринава биле испукани 12 балистички проектили, соопштија локалните власти. Во нападите нема жртви, но причинета е материјална штета. Не се наведува колку е оштетен објектот на американскиот конзулат. Ракетите, според изјавите на официјални лица, биле успукани вон границите на Ирак и Курдистан. Вашингтон верува дека зад нападот стои проиранска франција во Ирак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-12-proektili-ispukani-kon-amerikanskiot-konzulat-vo-erbil/feed/ 0
Американскиот конзулат во Ченгду затворен во рокот одреден од Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-konzulat-vo-chengdu-zatvoren-vo-rokot-odreden-od-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-konzulat-vo-chengdu-zatvoren-vo-rokot-odreden-od-kina/#respond Mon, 27 Jul 2020 06:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=381747

Американскиот конзулат во кинескиот град Ченгду официјално е затворен утринава, со што се исполни крајниот рок за евакуација што во петокот го поставија кинеските власти, јавуваат кинеските државни медиуми, пренесе ДПА. Според агенцијата Ксинхуа, кинеските власти „наскоро ќе влезат низ главната порта и ќе ја преземат контролата“. Знамето на САД во комплексот беше спуштено малку по 6 часот по локално време (22:00 часот синоќа по средноевропско). ДПА пренесува дека вчера таму можеле да се видат камиони и приколки како се движат во и надвор од комплексот, бидејќи персоналот ги расчистувал просториите. Кинеските власти на 24 јули му наредија на конзулатот да престане со сите активности, давајќи му на персоналот на располагање три дена да го затвори, како одмазда за минатонеделното затворање на кинескиот конзулат во Хјустон, во сојузната американска држава Тексас. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го нарече кинескиот конзулат во Хјустон „центар за шпионирање и кражби на интелектуална сопственост“, наведувајќи на кражба на американската технологија и трговски тајни. Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи на сличен начин рече дека персоналот во Генералниот конзулат на САД во Ченгду „бил ангажиран во активности надвор од нивниот капацитет, се мешале во внатрешните работи на Кина и ја загрозувале безбедноста и интересите на Кина“. Во друга изјава кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека затворањето на конзулатот во Ченгду е „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки од страна на САД“, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-konzulat-vo-chengdu-zatvoren-vo-rokot-odreden-od-kina/feed/ 0
Кина нареди затворање на американскиот Конзулат во Ченгду https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-naredi-zatvoranje-na-amerikanskiot-konzulat-vo-chengdu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-naredi-zatvoranje-na-amerikanskiot-konzulat-vo-chengdu/#respond Fri, 24 Jul 2020 07:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=380650

Кина нареди затворање на американскиот Конзулат во југозападниот град Ченгду. Потегот на Кина е одговор на одлуката на Вашингтон пред три дена да го затвори кинескиот Конзулат во Хјустон. Гардијан коментира дека тој потег ги ескалира тензиите меѓу двете светски сили на ново ниво. Одлуката на Пекинг е „легитимен и неопходен одговор на неразумните мерки на САД“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Не е прецизирано кога треба да се затвори дипломатската мисија во провинција Сечуан. Покрај амбасадата во Пекинг, САД имаат конзулати во Гуангжу, Шангај, Шенјанг, Ченгду и Вухан, како и во Хонг Конг и Макао. Дипломатската мисија во Ченгду е отворена во 1985 година за целиот регион на југозападна Кина, како и за Тибет. Во него работат 200 луѓе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-naredi-zatvoranje-na-amerikanskiot-konzulat-vo-chengdu/feed/ 0