американски летала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Aug 2020 09:59:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски летала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија ќе набави мали американски беспилотни летала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-kje-nabavi-mali-amerikanski-bespilotni-letala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-kje-nabavi-mali-amerikanski-bespilotni-letala/#respond Sat, 08 Aug 2020 09:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=388020

Албанија планира да набави шест мали американски беспилотни летала РК-20Б Пума и соодветна опрема за извидување. Станува збор за беспилотни летала што се лансираат „од рака“ и се користат за извидување во пешадија, специјални единици и морнарица. „Сличен мал дрон, израелскиот Скајларк, го користат армиите на Хрватска, Унгарија и Северна Македонија“, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа, додавајќи дека Пума е летало на новата генерација со опсег од 20 километри и може да помине максимум три часа на максимална височина од 150 метри. Производителот на тие летала, американската компанија Аероваорнмент, испратиле официјално барање за склучување договор до Командата на американската армија, која е одговорна за издавање дозволи за извоз на овој вид воена опрема. Договорот предвидува албанската армија да набави шест беспилотни летала, три дигитални линкови за пренесување информации, шест комплети резервни делови, седум комплети опрема за извидување и софтвер, како и двегодишен договор за логистичка поддршка. Договорот се очекува да биде одобрен од американските институции до крајот на годината, со рок на испорака до крајот на 2022 година. Примарната цел на беспилотните летала ќе биде во морнарицата, пешадијата, извидување и специјалните единици на албанската армија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/albanija-kje-nabavi-mali-amerikanski-bespilotni-letala/feed/ 0
Си-Ен-Ен: Кинески ласери повредиле американски воени пилоти во Африка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-kineski-laseri-povredile-amerikanski-voeni-piloti-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-kineski-laseri-povredile-amerikanski-voeni-piloti-vo-afrika/#respond Fri, 04 May 2018 06:15:15 +0000 https://kurir.mk/?p=49541

Кинески персонал во Џибути користел ласери против американски летала од воена база на САД, што резултирало со повредени американски пилоти и формален дипломатски протест што САД го упатиле до Пекинг, јави Си-Ен-Ен. САД издале соопштение за својот персонал во кое се вели дека треба да бидат внимателни кога летаат над одредени делови над Џибути  бидејќи „во мал број случаи американските летала биле погодени со ласери“. – За време на еден инцидент се случиле две мали повреди на очи кај лица кои летале во Ц-130 што е резултат на изложување на воени ласери за кое се знае дека потекнуваат од блиска кинеска база, се вели во предупредувањето. Медиумот се повикува и на изјава на официјален претставник од Министерството за одбрана кој рекол дека армијата на САД верува оти Кина користи слични ласери против американски авиони и во Јужното Кинеско Море. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-kineski-laseri-povredile-amerikanski-voeni-piloti-vo-afrika/feed/ 0