американски новинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Jun 2023 12:14:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски новинар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градскиот суд во Москва го задржа американскиот новинар Гершкович во затвор до крајот на август https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-go-zadrzha-amerikanskiot-novinar-gershkovich-vo-zatvor-do-krajot-na-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-go-zadrzha-amerikanskiot-novinar-gershkovich-vo-zatvor-do-krajot-na-avgust/#respond Thu, 22 Jun 2023 12:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=848583

Градскиот суд во Москва ја отфрли жалбата на американскиот новинар на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, и ја поддржа одлуката на првостепениот суд кој му одреди притвор до крајот на август. Американскиот државјанин Гершкович (31) беше уапсен на крајот на март додека престојувал во Русија на новинарска задача. Минатиот месец московскиот суд му изрече затворска казна до 30 август, на која неговите адвокати поднесоа жалба, која денеска беше отфрлена од Градскиот суд во Москва. Гершкович присуствуваше на рочиштето кое беше затворено за јавноста, а тој беше во стаклен кафез за обвинетите. На сослушувањето присуствуваа неговите родители, како и американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси. По сослушувањето во судницата амбасадорката Трејси кажа дека „Еван покажува извонредна сила и издржливост во овие многу тешки околности“. Гершкович и неговиот работодавец негираа дека тој шпионирал во Русија. Американската Влада соопшти дека тој е неправедно приведен и побара негово итно ослободување. Неговото апсење во Екатеринбург ги вознемири новинарите во Русија, каде властите не дадоа детали за доказите што ги имаат за да го поддржат обвинението за шпионажа. Гершкович се наоѓа во московскиот затвор Лефортово, познат по тешките услови. На претставниците на американската Амбасада им беше дозволено да го посетат само еднаш, а руските власти ги одбија последователните барања за посета. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-go-zadrzha-amerikanskiot-novinar-gershkovich-vo-zatvor-do-krajot-na-avgust/feed/ 0
Американскиот новинар уапсен во Русија поднесе жалба на одлуката на судот за притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-novinar-uapsen-vo-rusija-podnese-zhalba-na-odlukata-na-sudot-za-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-novinar-uapsen-vo-rusija-podnese-zhalba-na-odlukata-na-sudot-za-pritvor/#respond Mon, 03 Apr 2023 14:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=819587

Американскиот новинар Еван Гершкович, кој минатата недела беше уапсен и обвинет за шпионажа во Русија, преку своите адвокати поднел жалба против одлуката за негов притвор. Московски суд во четвртокот минатата недела одреди притвор за новинарот од американскиот „Волстрит Џурнал“ до неговото судење на 29 мај, а тој ќе се обиде да ја поништи таа пресуда со жалба. „Волстрит Џурнал“ минатата недела објави дека „остро ги негира“ обвинувањата за шпионажа против дописникот од Русија, кој беше уапсен од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). - Остро ги отфрламе наводите на ФСБ и бараме итно ослободување на нашиот посветен и доверлив новинар Гершкович. Се содализираме со Еван и неговото семејство, истакна весникот. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно изјави дека прашањето за апсењето на Гершкович е прашање на ФСБ, но оти е очигледно дека го „фатиле на дело“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-novinar-uapsen-vo-rusija-podnese-zhalba-na-odlukata-na-sudot-za-pritvor/feed/ 0
Американски новинар осуден на 11 години затвор во Мјанмар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-novinar-osuden-na-11-godini-zatvor-vo-mjanmar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-novinar-osuden-na-11-godini-zatvor-vo-mjanmar/#respond Fri, 12 Nov 2021 06:31:53 +0000 https://kurir.mk/?p=594425

Воениот суд во Мјанмар го осуди американскиот новинар Дени Фенстер на 11 години затвор, јави Би-Би-Си. Фенстер беше прогласен за виновен за кршење на законот за имиграција, незаконско здружување и поттикнување протести против воената хунта. На почетокот на оваа недела, тој дополнително беше обвинет за поттикнување немири и тероризам, кои предвидуваат максимална казна доживотен затвор. Сè уште не е донесена пресуда за новите обвиненија. Фенстер (37), кој беше главен уредник на веб-страницата Frontier Myanmar, беше приведен на меѓународниот аеродром во Јангон во мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-novinar-osuden-na-11-godini-zatvor-vo-mjanmar/feed/ 0
Американски новинар во 1917г. во Битола: Што сте вие Бугарка или Србинка?- Јас сум Македонка! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-novinar-vo-1917g-vo-bitola-shto-ste-vie-bugarka-ili-srbinka-jas-sum-makedonka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-novinar-vo-1917g-vo-bitola-shto-ste-vie-bugarka-ili-srbinka-jas-sum-makedonka/#respond Thu, 07 Jan 2021 11:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=452599

Новинарот Херберт Кори бил воен известувач на „Нешионал Џеографик“ за време на I-та Светска Војна во Македонија, патувал и ги опишал ужасите направени од Бугарската Војска, убиства, бесење, гранатирање но добил и одговор - Јас сум Македонка! Ова е само дел од записите на магазинот Нешионал Џеографик кој за среќа се уште има многу оригинални копии, а во кој новинарот Кори многу убаво нотирал дека патува низа Македонија и дека сретнува Македонци, објавува Канал 5. Но она што е најтажно во целото негово патеписание е фактот дека Македонците бил сериозно злоставувани од страна на Бугарската војска, особено по пробивот на Српската војска. Следуваат неколку моменти од тоа специјално издание на Нешионал Џеографик - насловено како „On the Monastery Road" или „По патот накај Битола“. Оригиналното списание се наоѓа во продажба и на онлајн продавниците Амазон и Ebay Следуваат неколку извадоци текстови од целото специјално издание , кои за жал ги опишуваат трагичните моменти на Македонците во Првата Светска Војна, наши предци кои многу страдале од оние кои „наместо да ни бидат браќа, сакаат и сакале да ни бидат татковци “ ( изјава на Премиерот Заев н.з. ). Прочитајте ги овие тажни сведоштва на наите македонци од пред 100 години, за нивните страдања од Бугарската војска, а нотирани од новинарот Херберт Кори „Нешто такво нешто се случи во Брод ( Македонски Брод н.з. ). Ова е град со фер големина за северниот дел на македонската земја. Можеби има 150 куќи расфрлани на падините на карпестиот рид или потонати во гнасната кал на долината на реката Црна. Тука Бугарите се однесуваа „прилично добро“, рекоа селаните. Некои од мажите беа претепани, а некои беа однесени за да копаат ровови, а некои бегаа кон ридовите; но градот не бил изгорен и жените не биле малтретирани. Селаните беа благодарни.“ Па продолжува... „Еден селанец ја раскажал селската приказна ( за село Сливица н.з. ). „Бугарите не беа љубезни со нашиот Татко ( претходниот Поп н.з. ) тука“, рече тој, посочувајќи го Попот. „Исто така, тие беа сурови кон нас“. Попот се смешкаше безобразно. Никогаш не сум видел Поп ( „новиот“ Поп бил Грк н.з. ) кој изгледаше дека е во толку лоши односи со своите парохијани. Тој на половина разговор се сврте да си оди. Потоа пак се сврте назад, како да сакаше да ја слушне приказната. Селанецот продолжи :„Бугарите рекоа дека ќе го обесат нашиот Поп на пладне ако не им дадеме 200 динари“, импресивно рече селанецот. Ми се чинеше дека Попот не сакаше да им се сретнат погледите со селанецот. 'Што направи?' го праша српскиот офицер кој го спроведуваше истрагата. Селанецот објасни дека жителите на Сливица се многу сиромашни. Немале 200 динари. Понатаму, повеќето од жителите на Сливица се криеле во ридовите кога дошле Бугарите. „Значи, единственото нешто што можевме да го сториме за нашиот Татко ( претходниот нивен Поп )“, рече селанецот, весело, „беше да ги замолиме Бугарите да го одложат настанот за во 4 часот. Тоа ќе им даде време на нашите луѓе време да се симнат од ридовите и да го видат обесен нашиот татко “....завршува тука „исповеста“ на македонскиот селанец какви „ браќа“ ни биле Бугарите во 1917 год. Новинарот Кори при крајот на својата патеписна репортажа која ја правел заедно со трупите на Алијансата, односно Србските , Германските и Француските војници кои имале задача да ја истераат Бугарската војска навор од Македонија, забележува што правела таа иста Бугарска восјак при повлекувањето, па вели: „Денес патот завршува кај Битола. Вистина, градот се наоѓа како на раскрсница меѓу Ниш, Скопје и Прилеп на север од една страна , а од друга страна ги преминува ридовите до Јадранското Море. Но, преку овие овие линии се наоѓа бугарската линија. Битола е град со 40.000 жители, прилично чист според источните стандарди, добро изграден, со широки улици и мала река што минува низ својот убав булевар. Беше заробен од сојузниците во ноември 1916 година, но Бугарите ги држеа ридовите од кои се командуваше. Тие го гранатираа Битола секој ден до средината на април и можеби сега го гранатираат, затоа што не сум таму сега. Тоа беше дури и одвратен вид на гранатирање што тие го изведоа ( мисли на Бугарската војска н.з. ). Иако имале доволно количество на топови, понекогаш фрлале околу 210 гранати среде шеталиштето на градот само за да го докажат тоа, најголемиот дел од пукањата кон градот се одвивале со т.н. теренските парчиња од 77 калибар. Гледате колку блиску беа до градот - оддалечени само на четири или пет километри. Ноќе, можеше да се слушнат татнежи на митралезите кои доаѓаа од самиоте краеви на градот. Еден по еден им беше дозволено да заминат, но кога ја видов Битола за последен пат, во јануари ( 1917 год. н.з. ), половина од неговото население сè уште се криеше во визбите и се надеваше дека Бугарите ќе бидат протерани. Улиците беа празни. Едното кафуле што останало отворено го изнајмувале само француски војници, пеејќи во стил на галски хор; а во единствениот ресторан единствените гости покрај мене беа италијанските офицери. Ноќе никогаш нема светло во градот“. Ова специјално издание на Нешионал Џеографик од Мај 1917 год. напишано од новинарот Херберт Кори кој патувал со Алијансата, која ја завршила Iта светска војна како победници, а за жал оние кои ја „фалшираат“ историјата,која за нивна жал не може да се избрише, како и во IIта Светска Војна, и во оваа Војна, биле на страната на губитниците. Дополнително ова издание старо преку 100 год. точно и прецизно ја дефинираат уште тогаш нашата земја како македонија, жителите како македонци, а тогашните Бугари како окупатори и убијци на нашето, македонско население кое пропатило како ниеден народ во период на војната уште позната како Војна на Нациите или Големата Војна која траела од јули 1914 до 11 ноември 1918 Да не се заборави, со уште неколку автентични фотографии направени од новинарот Кори за време на I-та Светска Војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanski-novinar-vo-1917g-vo-bitola-shto-ste-vie-bugarka-ili-srbinka-jas-sum-makedonka/feed/ 0