Американски ресторани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Mar 2020 07:52:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Американски ресторани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американските ресторани бараат помош од 455 милијарди долари поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-restorani-baraat-pomosh-od-455-milijardi-dolari-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-restorani-baraat-pomosh-od-455-milijardi-dolari-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 19 Mar 2020 07:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=318732

Американското здружение на ресторани побара од Белата куќа и Конгресот пакет помош во висина од 455 милијарди долари бидејќи секторот може да ги изгуби речиси половина од вработените и најмалку една четвртина од годишниот промет поради пандемијата со новиот коронавирус. Здружението соопши дека рестораните во следните три месеци би можеле да изгубат 225 милијарди долари, што е една четвртина од нивнито вкупен промет, што се проценува на 899 милијарди долари. – Поради ширењето на Ковид-19 рестораните мораа да затворат или да се пренасочат на достава на храна, поради што секторот би можел да остане без седум милиони од вкупно 15,6 милиони работни места и да изгуби 675 милијарди долари, се наведува во писмото на Здружението испратено до претседателот Доналд Трамп и и Конгресо. Затворањето на рестораните е една од мерките за сузбивање на ширењето на новиот коронавирус во САД, каде досега се регистрирани речиси 8.000 заразени ица, од кои 45 починаа. Американското здружение на ресторани бара и основање на фонд за заздравување на рестораните и прехрамбената индустрија во висина од 145 милијарди долари со цел да ја подобри ликвидноста на секторот, 100 милијарди долари осигурање од прекин на работата и 135 милијарди долари помош во случај на катастрофа. Здружението писмото го испрати само еден ден откако претставниите на најголемите светски синџири за брза храна, меѓу кои и МекДоналдс, беа на состанокот со Трамп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-restorani-baraat-pomosh-od-455-milijardi-dolari-poradi-koronavirusot/feed/ 0