Американски санкции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 07:08:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Американски санкции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нови американски санкции за иранските функционери, меѓу нив и јавниот обвинител https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-amerikanski-sankcii-za-iranskite-funkcioneri-megju-niv-i-javniot-obvinitel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-amerikanski-sankcii-za-iranskite-funkcioneri-megju-niv-i-javniot-obvinitel/#respond Thu, 22 Dec 2022 07:08:04 +0000 https://kurir.mk/?p=778897

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска воведе нови санкции против Иран поради обидот да ги задуши антивладините протести кои не престануваат од средината на септември. Нови на списокот санкционирани се главниот државен обвинител и уште четворица други функционери, како и компанија која обезбедува услуги на иранските безбедносни сили. Според соопштението на Министерството за финансии на САД, цел на санкциите се јавниот обвинител Мохамад Џафар Монтазери, двајца високи команданти на Иранската револуционерна гарда и двајца членови на Басиџ – паравоена доброволна група која често насилно наметнува строги правила на облекување и однесување во иранското општество. Во соопштението, Министерството нагласува дека Монтазери раководел со кривичното гонење на демонстрантите, од кои некои беа осудени на смрт и егзекутирани. Компанијата која се најде на санкционираната листа е „Имен Санат Заман Фара“ која произведува оклопни возила и друга опрема за иранските вооружени сили. Во Иран се случуваат едни од најголемите протести откако со исламскиот пуч во 1979 година се создаде теократска држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novi-amerikanski-sankcii-za-iranskite-funkcioneri-megju-niv-i-javniot-obvinitel/feed/ 0
Наскоро нови американски санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naskoro-novi-amerikanski-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naskoro-novi-amerikanski-sankcii-protiv-rusija/#respond Mon, 14 Nov 2022 09:04:14 +0000 https://kurir.mk/?p=760109

Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска соопшти дека САД ќе воведат нови санкции против транснационалната мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии кои се користат за руските воени дејствија во Украина. На маргините на самитот на Г20 на Бали, Јелен изјави дека санкциите ќе бидат насочени против 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска. – Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и, преку санкции и извозни контроли, да ѝ се ускрати на Москва потребната опрема, рече Јелен, одбивајќи да даде детали за тоа кон кои технологии ќе бидат насочени новите санкции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naskoro-novi-amerikanski-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
Талибанците се жалат дека новите американски санкции се пречка за односите меѓу Авганистан и САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-se-zalat-deka-novite-amerikanski-sankcii-se-prechka-za-odnosite-megju-avganistan-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-se-zalat-deka-novite-amerikanski-sankcii-se-prechka-za-odnosite-megju-avganistan-i-sad/#respond Wed, 12 Oct 2022 16:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=744380

Новите визни ограничувања за Талибанците се пречка за односите меѓу Авганистан и САД, оцени денеска авганистанската влада, во која доминира исламистичкото движење кое минатата година ја презеде власта во Кабул. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека неговата земја „го ограничува издавањето визи на сегашните и поранешните членови на талибанското движење и на други за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во репресијата на жените и девојките во Авганистан на некој начин“. Ограничувањата беа објавени по повод десетгодишнината од востановувањето на Меѓународниот ден на девојчињата. Оваа одлука е „пречка за развојот на односите меѓу двете земји“, рече портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи Абдул Кахар Балхи во соопштението. „Мерката беше објавена во услови на тековни состаноци на високи претставници на двете земји, кои се одржаа оваа недела во Доха, на кои се разговараше за сите важни прашања“, рече Балхи. „САД требаше да преземат позитивни мерки во услови на неодамнешните дискусии во Доха за да покажат во пракса дека сакаат конструктивни односи со Исламскиот емират. Ваквите одлуки може да имаат негативно влијание врз билатералните односи“, се наведува во соопштението на портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-se-zalat-deka-novite-amerikanski-sankcii-se-prechka-za-odnosite-megju-avganistan-i-sad/feed/ 0
САД приземјуваат 100 авиони кои ги прекршуваат американските санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjuvaat-100-avioni-koi-gi-prekrshuvaat-amerikanskite-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjuvaat-100-avioni-koi-gi-prekrshuvaat-amerikanskite-sankcii/#respond Fri, 18 Mar 2022 18:44:13 +0000 https://kurir.mk/?p=649745

Американското Министерство за трговија ќе наложи денеска приземјување на 100 авиони кои неодамна полетаа кон Русија и за кои се верува дека ја прекршуваат американската извозна контрола, вклучително и авион што го користел рускиот бизнисмен Роман Абрамович. Списокот, во кој имале увид западни медиуми, вклучува 99 авиони „Боинг“ управувани од руски патнички и товарни превозници, вклучително и Аерофлот, Ер Бриџ Карго, Утаир, Нордвинд, Азур Ер и Авиастар-ТУ, како и оној на Абрамович – Gulfstream G650, што дополнително може да ги попречи руските напори да продолжат со извршување меѓународни летови. Американското Министерство за трговија соопшти дека ќе ги предупреди компаниите и другите субјекти во светот дека полнењето гориво, одржувањето, поправката или обезбедувањето резервни делови или други услуги, ги прекршува американските извозни контроли и ги подложува компаниите на американски присилни мерки кои може да вклучуваат значителни затворски казни, парични казни, губење на извозни привилегии или други ограничувања. Во соопштението на Министерството се наведува дека оваа акција значи оти меѓународните летови од Русија за споменатите авиони се всушност суспендирани. Министерката за трговија на САД, Џина Раимондо истакна дека Министерството ја објавува оваа листа со цел да ја информира меѓународната јавност дека нема да дозволи руски и белоруски компании и олигарси да патуваат неказнето, кршејќи ги американските закони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-prizemjuvaat-100-avioni-koi-gi-prekrshuvaat-amerikanskite-sankcii/feed/ 0
Кремљ: Американските санкции против гасоводот „Северен тек 2“ се акт на хибридна војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-amerikanskite-sankcii-protiv-gasovodot-severen-tek-2-se-akt-na-hibridna-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-amerikanskite-sankcii-protiv-gasovodot-severen-tek-2-se-akt-na-hibridna-vojna/#respond Mon, 21 Dec 2020 11:06:34 +0000 https://kurir.mk/?p=446165

Американските санкции против гасоводот „Северен тек 2“, што е во изградба од Русија до Германија, се чин на „хибридна војна“, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА. -Ова е навистина варијанта на хибридно војување. САД го користат како хибридна војна, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во коментар за руската државна агенција ТАСС. Гасоводот треба да пренесува руски гас директно до Германија, преку рута под Балтичко Море, слична на актуелна оперативна линија Северен поток, додава ДПА. Изградбата на гасоводот продолжи во текот на овој месец, откако беше прекината минатата година по воведувањето на американските санкции. Гасоводот, наводно, е завршен во повеќе од 90 проценти. САД го осудија гасоводот како закана за безбедноста на своите сојузници од НАТО во ЕУ, со зголемување на нивната зависност од Русија. Русија ги обвинува САД дека се обидуваат да го блокираат проектот заради одржување на поскапите залихи на природен гас од американските извори за европскиот пазар, пренесива ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kremlj-amerikanskite-sankcii-protiv-gasovodot-severen-tek-2-se-akt-na-hibridna-vojna/feed/ 0
Палмер: Сите кои ќе му се приклучат на Додик ризкуваат американски санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/#respond Sat, 22 Feb 2020 14:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=307419

Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер, рече дека секој што ќе приклучи на блокадата на институциите во БиХ, ризикува санкции од САД, веќе изречени за српскиот лидер Милорад Додик, и дека државна парализа нема да биде дозволена. -Додик претходно се однесуваше на начин неконзистентен и некомпатибилен со Дејтонскиот договор и затоа беше подложен на американски санкции. Секој што споделува ставови против Дејтон, ризикува да има таков одговор од САД, рече Палмер во интервју за „Гласот на Америка“. Додик е на црната листа веќе пет години за влегување во САД и замрзнат имот, а пред неколку дена американскиот амбасадор во БиХ, Ерик Гордон Нелсон му рече на Додик дека може да следат нови американски санкции ако продолжи блокадата на државните институции. Палмер ги оцени потезите на властите на РС како сериозна закана и нагласи дека на Додик нема да му биде дозволено да ги продолжи блокадите. – Сите ние мора да бидеме јасни, меѓународната заедница мора колективно да даде до знаење дека тоа е неприфатливо и нема да смее да опстане, рече американскиот дипломат на прашање за честата опструкција на Додик. Палмер вели дека Република Српска мора да разбере дека потезите на српските власти носат ризици и штета на европската перспектива на Босна и Херцеговина. Палмер исто така ги критикуваше одлуките на Европскиот совет, со кои не беа отворени преговори за пристапување со Северна Македонија и со Албанија порано, што според него испрати лоша порака до целиот регион на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/feed/ 0
Американски санкции за двајца осомничени помагачи на Хезболах https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-sankcii-za-dvajca-osomnicheni-pomagachi-na-hezbolah/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-sankcii-za-dvajca-osomnicheni-pomagachi-na-hezbolah/#respond Sat, 14 Dec 2019 09:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=277433

САД вчера им воведоа санкции на истакнат либански колекционер со уметнички дела и негов соработник заради сомнение дека наводно префрлале десетици милиони долари на сметки на проиранското движење Хезболах, преку шеми за перење пари, јави ДПА. Американското Министерството за финансии двајцата осомничени ги идентификува како Насем Ахмад, од Либан, и Салех Аси, неговиот соработник од Демократска Република Конго, појаснува германската агенција. Ахмад се опишува како еден од најголемите донатори на Хезболах и за него се знае дека поседува уметничка колекција вредна десетици милиони долари, во која има дела на Пабло Пикасо и Енди Ворхол. Аси се обвинува за перење пари преку бизнисите на Ахмад со дијаманти. Санкциите, исто така, ќе имаат ефекти и врз 17 поврзани субјекти. -Хезболах продолжува да користи навидум легитимни бизниси како покритие за компаниите за собирање и перење на средства во земји како Демократска Република Конго, каде митото и политичките врски можат да се користат за обезбедување неправеден пристап до пазарот и да се избегнат плаќања даноци, изјави секретарот за финансии Стивен Мнучин. Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Ахмад и Аси со години ги прикривале своите приходи од либанската Влада преку перење пари, трговија со дијаманти и затајување данок. -САД силно ги поддржуваат барањата на либанскиот народ за реформа и ставање крај на корупцијата, рече Помпео пренесен од ДПА. Санкциите се воведуваат во време кога либанскиот народ бара реформи и ставање крај на корупцијата. Земјата е опфатена со улични протести од средината на октомври. Со санкциите се замрзнува целиот имот што двајцата осомничени го имаат во САД и, генерално, им се забрануваат сите зделки со луѓе во САД, пренесе ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-sankcii-za-dvajca-osomnicheni-pomagachi-na-hezbolah/feed/ 0