Американски Сенат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 07:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Американски Сенат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американскиот Сенат усвои предлог-закон за финансирање на Владата во висина од 1.700 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-usvoi-predlog-zakon-za-finansiranje-na-vladata-vo-visina-od-1-700-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-usvoi-predlog-zakon-za-finansiranje-na-vladata-vo-visina-od-1-700-milijardi-dolari/#respond Fri, 23 Dec 2022 07:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=779462

Американскиот Сенат синоќа усвои нацрт-закон за трошење со кој ќе се обезбеди финансирање на владините институции и агенции до септември 2023 година, јави Гласот на Америка. Сеопфатниот пакет за трошоци е вреден 1.700 милијарди долари, од кои околу 45 милијарди се наменети за воена и економска помош за Украина. По неколкудневни преговори, сенаторите го усвоија законот со двопартиска поддршка со 68 гласа за и 29 гласа против. Сега следува гласање во Претставничкиот дом на Конгресот и доколку биде изгласан, законот треба да го потпише претседателот на САД, Џозеф Бајден. Предлог-законот се очекува брзо да помине во тој дом на Конгресот, бидејќи демократите имаат тесно мнозинство. Бајден треба да го потпише законот денеска пред полноќ за да избегне делумен прекин на работата на владата. Предлог-законот од 4.155 страници вклучува околу 772,5 милијарди долари за дискрециони програми кои не се однесуваат на одбрана и 858 милијарди долари за финансирање за одбраната. Претставниците на Конгресот работеа во последните неколку недели со цел да вклучат што е можно повеќе приоритети во големиот пакет, имајќи предвид дека мандатот на членовите на Конгресот избрани на ноемвриските избори ќе почне во јануари и оти републиканците ќе го преземат мнозинството во Претставничкиот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-usvoi-predlog-zakon-za-finansiranje-na-vladata-vo-visina-od-1-700-milijardi-dolari/feed/ 0
Американскиот Сенат донесе закон со кој се забранува Тик-Ток на службени владини телефони https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-zakon-so-koj-se-zabranuva-tik-tok-na-sluzbeni-vladini-telefoni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-zakon-so-koj-se-zabranuva-tik-tok-na-sluzbeni-vladini-telefoni/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=775851

Американскиот Сенат усвои закон со кој им забранува на вработените во федералните институции да ја користат апликацијата Тик-Ток на службените телефони. Претходно оваа недела, Тик-Ток беше забранет на официјални телефони во државите Северна Дакота, Ајова, Алабама и Јута, а Тексас, Мериленд и Јужна Дакота најавија забрани. Во август 2020 година, Сенатот одобри нацрт-закон со кој се забранува употребата на оваа апликација на телефони во сопственост на владата. Прес-службата на „Бајтденс“, компанијата која е сопственик на Тик-Ток, изрази загриженост за новите регулативи на американската администрација, за кои тврди дека се засновани на дезинформации и соопшти дека претставници на компанијата се подготвени да се сретнат со американски пратеници за отворено да разговараат за работењето на фирмата. -Разочарани сме што толку многу држави се приклучија во одобрувањето на закони кои се базираат на неосновани гласини за Тик-Ток кои нема да придонесат за унапредување на националната безбедност на САД, се вели во соопштението. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-zakon-so-koj-se-zabranuva-tik-tok-na-sluzbeni-vladini-telefoni/feed/ 0
Американскиот Сенат не го поддржа предлог законот за абортус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-ne-go-poddrza-predlog-zakonot-za-abortus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-ne-go-poddrza-predlog-zakonot-za-abortus/#respond Thu, 12 May 2022 06:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=675448

Американскиот Сенат не го усвои предлог законот со кој правото на абортус, заштитено со пресуда на Врховниот суд во случајот „Роу против Вејд“, ќе го претвори во федерален закон. Републиканците го блокираа гласањето на законот со „филибастеринг“, односно право на неограничена дебата, што јасно ги покажа партиските поделби што постојат во врска со историската судска одлука и ограничувањата на законодавната гранка на власта, пренесе Гласот на Америка. . Тоа беше обид да се зачува речиси 50-годишната судска одлука со која се прогласува уставното право на абортус, што сега е во сериозна опасност да биде поништено во Врховниот суд од страна на конзервативното мнозинство. Пред гласањето, неколку десетици демократи од Претставничкиот дом, главно жени, маршираа од Претставничкиот дом до Сенатот, извикувајќи: „Моето тело, моја одлука“. Тие потоа влегоа во салата на Сенатот и мирно седеа на местата за публика додека сенаторите дебатираа за правото на абортус. Во септември минатата година, Претставничкиот дом гласаше со 218 „за“ и 211 „за“ за да се усвои нацрт-законот за правото на абортус речиси идентичен со законот за Сенатот. Американскиот претседател Џо Бајден го повика Конгресот да донесе закон со кој би се заштитиле услугите за абортус за милиони Американки. Меѓутоа, тесното мнозинство на неговата партија не беше доволно за да се надмине републиканскиот филибастеринг (правило кое бара мнозинство во Сенатот од 60 гласови за да се заврши дебатата за повеќето прашања и да се премине на гласање). Републиканците со децении работат на именување конзервативни судии во Врховниот суд и поништување на пресудата на „Роу против Вејд“,потсетува Гласот на Америка. Сите 50 републиканци гласаа за блокирање на гласањето за законот, а ним им се придружи и еден демократ, сенаторот Џо Менчин. Конгресот со години се бори со политиките за абортус, но вчерашното гласање за нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом доби нова итност откако нацрт-мислењето на Врховниот суд покажа дека мнозинството судии сакаат да ја поништат пресудата „Роу против Вејд“, з акоја многумина милсат дека претставува закон сам по себе. Врховниот суд својата конечна одлука ќе ја соопшти во текот на летото, а извесно е дека нејзиниот ефект ќе се почувствува низ целата земја и во предизборната кампања која ќе утврди која партија го контролира Конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-ne-go-poddrza-predlog-zakonot-za-abortus/feed/ 0
Американскиот Сенат донесе резолуција, Путин се осудува како воен злосторник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-rezolucija-putin-se-osuduva-kako-voen-zlostornik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-rezolucija-putin-se-osuduva-kako-voen-zlostornik/#respond Wed, 16 Mar 2022 06:47:14 +0000 https://kurir.mk/?p=647908

Сенатот на САД вчера едногласно усвои резолуција со која рускиот претседател Владимир Путин се осудува како воен злосторник, пренесе ДПА. „Резолуцијата, претставена од републиканскиот сенатор Линдзи Греам и поддржана од сенаторите на двете страни, го охрабри Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг и другите земји да ја земат за цел руската војска во секоја истрага за воени злосторства извршени за време на руската инвазија на Украина“, се наведува во соопштението. Според лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер, демократите и републиканците се здружија за да кажат дека „Владимир Путин не може да избега од одговорноста за злосторствата извршени врз украинскиот народ“, додава ДПА. Минатата недела, двата дома на американскиот Конгрес го одобрија законот со кој се обезбедува помош од 13,6 милијарди долари за Украина и нејзините европски сојузници. Американскиот претседател Џо Бајден законот го потпиша вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-donese-rezolucija-putin-se-osuduva-kako-voen-zlostornik/feed/ 0
Американскиот Сенат поддржа продажба на оружје на ОАЕ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-poddrza-prodazba-na-oruzje-na-oae/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-poddrza-prodazba-na-oruzje-na-oae/#respond Thu, 10 Dec 2020 08:22:59 +0000 https://kurir.mk/?p=441276

Не успеа обидот во американскиот Сенат да се блокира продажбата на борбени авиони и беспилотни летала на Обединетите Арапски Емирати во вредност од 23 милијарди долари, договорена од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Американскиот претседател се закани дека ќе стави вето на блокадата, велејќи дека продажбата на оружје е поврзана со нормализирање на односите меѓу ОАЕ и Израел. Во две процедурални гласања, блокадата не го доби потребното мнозинство, со што завршија напорите да се запре продажбата на напредни авиони Ф-35 и дронови на Емиратите. Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел изјави дека резолуцијата за блокада пропадна бидејќи не успеа да добие две третини од гласовите потребни за да се надмине ветото на Трамп. Заговорниците на продажбата на оружје изјавија дека ОАЕ се важен партнер на САД на Блискиот исток, додека поборниците за блокадата ги критикуваат Емиратите за нивната улога во војната во Јемен, што Обединетите нации ја нарекуваат една од најголемите хуманитарни катастрофи. .Договорот вклучува Ф-35, најнапредните борбени авиони во светот, над 14.000 бомби и муниција и втора по големина количина на беспилотни летала досега продадени на една држава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-poddrza-prodazba-na-oruzje-na-oae/feed/ 0
Сенатот одобри пакет мерки за помош на Американците поради опасноста од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-odobri-paket-merki-za-pomosh-na-amerikancite-poradi-opasnosta-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-odobri-paket-merki-za-pomosh-na-amerikancite-poradi-opasnosta-od-koronavirusot/#respond Thu, 19 Mar 2020 06:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=318682

Американскиот Сенат синоќа со мнозинство гласови „за“ го усвои законот со кој се предвидува стотици милијарди долари финансиски средства што се потребни за борба со коронавирусот, како бесплатно тестирање, исплати за боледувања и зголемени расходи за социјална заштита. Законот е испратен во Белата куќа на потпис кај претседателот Доналд Трамп. Во Конгресот сега се разгледуваат дополнителни мерки за стимулација на американската економија кои се предвидува да бидат во висина од над илјада и триста милијарди долари (1.3 билиони долари), многу повеќе од мерките донесени од Конгресот за време на финасиската криза во 2008 и 2009 година. По препорака на Министерството за финансии, во одобрениот пакет мерки се вклучени и исплати во две транши на милиони американски семејства во висина од 2.000 долари по домаќинство, а во вкупна сума од 250 милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-odobri-paket-merki-za-pomosh-na-amerikancite-poradi-opasnosta-od-koronavirusot/feed/ 0
Сенатот во САД го усвои одбранбениот буџет вреден 738 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-vo-sad-go-usvoi-odbranbeniot-budzet-vreden-738-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-vo-sad-go-usvoi-odbranbeniot-budzet-vreden-738-milijardi-dolari/#respond Wed, 18 Dec 2019 06:13:31 +0000 https://kurir.mk/?p=278957

Американскиот Сенат со големо мнозинство го одобри одбранбениот буџет од 738 милијарди американски долари, што е за 2,8 проценти поголем од минатогодишниот план и со кој се формираат вселенски сили. Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе го потпише веднаш и ќе го претвори во закон. Републиканците доминираа со гласањето – 84 гласови „за“ и осум против нацрт-законот за одбрана (НДАА). Претставничкиот дом со демократско мнозинство го усвои минатата недела со 377 гласови „за“ и 48 „против“. Трамп минатата недела објави на Твитер дека ќе го потпише законот веднаш штом ќе се гласа, истакнувајќи дека ги вклучува сите негови приоритети. Оваа година се забележува пораст на платите од 3,1 процент за војниците, прв платен одмор за сите федерални работници и формирање вселенски сили (space forces), што беше еден од главните приоритети на Трамп. НДАА за 2020 година исто така не го спречува Трамп да користи воени средства за изградба на ѕид на границата со Мексико.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/senatot-vo-sad-go-usvoi-odbranbeniot-budzet-vreden-738-milijardi-dolari/feed/ 0
Американскиот Сенат одобри предлог закон за именување на Русија спонзор на тероризмот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-odobri-predlog-zakon-za-imenuvanje-na-rusija-sponzor-na-terorizmot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-odobri-predlog-zakon-za-imenuvanje-na-rusija-sponzor-na-terorizmot/#respond Wed, 11 Dec 2019 20:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=276288

Одборот за надворешни работи на американскиот Сенат поддржа нацрт закон со кој државниот секретар има право да реши дали Русија е спонзор на тероризмот, изјави денеска портпаролката на Одборот, Сузан Рес. Покрај тоа, државниот секретaр треба да одлучи дали руските вооружени формации во источна Украина се „странски терористички организации“. Предлог законот ќе стапи во сила по изгласување во двата дома на американскиот Конгрес, а после тоа треба да биде потпишан од претседателот на САД. Ако предлог законот биде одобрен од Конгресот, државниот секретар треба во рок од три месеци да донесе одлука. Во списокот земји спонзори на тероризмот засега се Иран, Северна Кореја, Сирија и Судан. Меѓу другото, санкциите за овие земји предвидуваат ембарго за продажба на оружје и блокирање на работата на банките со партнери од други земји. Сите држави и ентитети кои склучуваат трговски договори со тие земји можат да бидат санкционирани. Вашингтон размислува да ја додаде и Русија во списокот на земји спонзори на тероризмот, откако Москва започна воената операција во Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-senat-odobri-predlog-zakon-za-imenuvanje-na-rusija-sponzor-na-terorizmot/feed/ 0