американски сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Nov 2019 13:33:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски сили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Генерал МекКензи: Американските сили во Сирија ќе ја продолжат борбата против ИД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-mekkenzi-amerikanskite-sili-vo-sirija-kje-ja-prodolzat-borbata-protiv-id/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-mekkenzi-amerikanskite-sili-vo-sirija-kje-ja-prodolzat-borbata-protiv-id/#respond Sat, 23 Nov 2019 13:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=268082

Командантот на централната американска команда, генерал Кенет МекКензи, денеска изјави дека се очекува во следните денови и недели околу 500 американски војници на истокот од Сирија да ги продолжат операциите против Исламска држава. -Околу 500 припадници на американските сили во моментов се стационирани источно од реката Еуфрат и нивната цел е да останат на таа позиција и заедно со сојузниците од Сириските демократски сили да спроведуваат операции против Исламска држава, рече МекКензи на маргините на безбедносниот самит во главниот град на Бахреин, Манама, пренесоа британските медиуми. ИД ги загуби речиси сите свои територии што ги држеше во Сирија, а американските сили минатиот месец го убија и нејзиниот лидер Абу Бакр ал-Багдади, иако оваа терористичка организација и натаму се смета за голема безбедносна закана. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги шокираше сојузниците во декември минатата година кога соопшти дека Вашингтон ќе ги повлече своите трупи до Сирија. Подоцна беше соопштено дека САД ќе задржи дел од силите во североисточниот дел на земјата за да го спречи повторното заживување на ИД и нападите врз нафтените полиња. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/general-mekkenzi-amerikanskite-sili-vo-sirija-kje-ja-prodolzat-borbata-protiv-id/feed/ 0
Американските војници во Сирија под турски оган https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-vojnici-vo-sirija-pod-turski-ogan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-vojnici-vo-sirija-pod-turski-ogan/#respond Sat, 12 Oct 2019 08:25:02 +0000 https://kurir.mk/?p=250695

Пентагон соопшти дека американските трупи во Сирија биле на удар на турската артилерија во градот Кобане, област за која Турците знаат дека се присутни Американци. Портпаролот Брук ДеВолт изјави дека турски гранати експлодирале на неколку стотина метри од американските војници. Тој изјави дека нема повредени меѓу Американците и дека тие не го напуштиле Кобане. Турција информира дека американските војници не биле цел и дека нејзините сили само одговориле на митралески и минофрлачки напад врз турски граничен пункт, што дошол од правецот на Кобане. ДеВолт предупреди дека Турција мора да избегнува дејства што можат да доведат до одбранбени реакции на САД. Турското Министерство за одбрана соопшти дека го запреле нападот кога стапиле во контакт со САД. Во меѓувреме, стравувањата на меѓународната заедница дека турската офанзива во Сирија може да доведе до воскреснување на т.н. Исламска држава, беа потврдени од експлозијата на две автомобил-бомби пред еден ресторан во центарот на градот Камишли, кој е под контрола на Курдите. Во експлозиите загинаа три лица, а екстремистите ја презедоа одговорноста за нападот. Исто така, турските сили жестоко го гранатираа Камишли, при што беше погоден затвор во кој се наоѓаат припадници на терористичката Исламската држава, соопштија курдските власти во Сирија. Тие објавија видео на кое се гледа граната како паѓа во двор, а неколку секунди подоцна, неколку луѓе ја отвораат вратата, обидувајќи се да избегаат од затвор. Подоцна беше соопштено дека петмина терористи избегале од затворот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-vojnici-vo-sirija-pod-turski-ogan/feed/ 0