Американски земјоделци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 15:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Американски земјоделци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американските земјоделци во проблеми поради скапите кредити пред сезоната на сеидба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-zemjodelci-vo-problemi-poradi-skapite-krediti-pred-sezonata-na-seidba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-zemjodelci-vo-problemi-poradi-skapite-krediti-pred-sezonata-na-seidba/#respond Wed, 23 Nov 2022 15:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=765499

Американските земјоделци се обидуваат да најдат решение за поскапите кредити пред новата сезона на сеидба, откако централната банка ги зголеми каматните стапки, покажаа податоците од Министерството за земјоделство и канцеларијата на ФЕД во Канзас Сити. По есенската жетва и пред пролетното садење, повеќето американски земјоделци земаат краткорочни заеми со променливи каматни стапки за покривање низа трошоци, од купување семиња и ѓубрива до купување добиток и машини. Кредитите ги враќаат по жетвата, со парите од продадените посеви, а потоа повторно почнува циклусот. Тие се задолжуваат главно до крајот на декември или средината на јануари за да ги искористат попустите на добавувачите и да го обезбедат она што им е потребно, со оглед на тесната глобална понуда на ѓубрива и хемикалии. Во меѓувреме, Американската централна банка ги зголеми каматните стапки, а поскапите кредити ја оптоваруваат ликвидноста на некои земјоделци и ги поттикнуваат да ја намалат потрошувачката на ѓубрива и хемикалии, што значи и помала сеидба. Ова може да значи помал принос и да ги зголеми трошоците за производство. Вкупните каматни трошоци во американскиот земјоделски сектор се очекува годинава да достигнат дури 26,45 милијарди долари и да бидат речиси 32 отсто повисоки од минатата година, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство. Тоа е двојно, или и повеќе од двојно отколку во другите економски сектори во САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskite-zemjodelci-vo-problemi-poradi-skapite-krediti-pred-sezonata-na-seidba/feed/ 0