американски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Mar 2023 07:24:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американски воен брод навлегол во кинески територијални води https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-navlegol-vo-kineski-teritorijalni-vodi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-navlegol-vo-kineski-teritorijalni-vodi/#respond Thu, 23 Mar 2023 07:24:55 +0000 https://kurir.mk/?p=815284

Кинеската армија соопшти дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води во Јужното Кинеско Море, во близина на спорните острови Парацелз. Во соопштението се наведува дека кинеската армија го следела и протерала американскиот воен брод „Милиус“, што илегално влегол во водите околу Парацелските Острови, со што го нарушил мирот и стабилноста на прометниот воден пат. - Нашите сили постојано ќе одржуваат високо ниво на подготвеност и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за одлучно да ги зачуваат националниот суверенитет и безбедност, како и мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море, се наведува во соопштенеито на Јужната команда на кинеската армија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-voen-brod-navlegol-vo-kineski-teritorijalni-vodi/feed/ 0
Снимател на „Фокс њуз“ убиен во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimatel-na-foks-njuz-ubien-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimatel-na-foks-njuz-ubien-vo-ukraina/#respond Tue, 15 Mar 2022 16:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=647719

Снимателот на американскиот Фокс њуз, чиј идентитет засега не е познат, е убиен во Украина, пренесе агенцијата АФП. Се огласија и од Фокс њуз објавувајќи дека нивниот снимател Пјер Закржевски загинал во Украина. Закржевски бил убиен кога автомобилот во кој се наоѓал наишол на отворен оган, а во истиот инцидент бил повреден дописникот на Фокс Бенџамин Хол. – Пјер беше наш воен известувач кој помина низ Ирак, Авганистан и Сирија. Беше во Украина од почетокот на февруари, изјави извршната директорка на Фокс Њуз, Сузан Скот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimatel-na-foks-njuz-ubien-vo-ukraina/feed/ 0
„Суштинска дискусија“ на високи американски и кинески претставници за руската инвазија на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushtinska-diskusija-na-visoki-amerikanski-i-kineski-pretstavnici-za-ruskata-invazija-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushtinska-diskusija-na-visoki-amerikanski-i-kineski-pretstavnici-za-ruskata-invazija-na-ukraina/#respond Mon, 14 Mar 2022 20:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=647190

Високи американски и кинески претставници денеска се вклучија во „суштинска дискусија“ за руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа по разговорите одржани во Рим меѓу двете суперсили. Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан и Јанг Џиечи, главен дипломат на кинеската Комунистичка партија, не им се обратија на новинарите по нивната средба во хотел, јавија американските медиуми. Белата куќа соопшти дека двајцата официјални лица, исто така, „ја истакнале важноста од одржување на отворени линии на комуникација меѓу САД и Кина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sushtinska-diskusija-na-visoki-amerikanski-i-kineski-pretstavnici-za-ruskata-invazija-na-ukraina/feed/ 0
Американскиот Апелациски суд со одлука дека може да продолжи протерувањето на мигрантските семејства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-apelaciski-sud-so-odluka-deka-moze-da-prodolzi-proteruvanjeto-na-migrantskite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-apelaciski-sud-so-odluka-deka-moze-da-prodolzi-proteruvanjeto-na-migrantskite-semejstva/#respond Fri, 01 Oct 2021 07:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=571115

Американскиот Апелациски суд одлучи администрацијата на Џо Бајден да може да продолжи со протерување на мигрантските семејства фатени на американско-мексиканската граница. Американските центри за контрола и превенција на болести, предводени од поранешниот претседател Доналд Трамп, во март 2020 година издадоа декрет, познат како член 42, во кој се наведува дека е неопходно да се ограничи ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, федералниот судија на 16 септември одлучи дека мерката не може да се примени за мигрантските семејства, но администрацијата на претседателот Бајден ја обжали одлуката. Во неговата првобитна пресуда против администрацијата на Бајден, американскиот судија Емет Саливен од Окружниот суд во Колумбија изјави дека законот за јавно здравје врз основа на кој се заснова политиката од член 42, не дозволува протерување мигранти. „Протерувањето на барателите на азил им ја одзема „можноста да бараат хуманитарни придобивки“ на кои тие имаат право според законот за имиграција“, напиша тој. Наредбата на судијата важеше само за семејствата, а не и за самците. Уредбата требало да стапи на сила во четвртокот, но администрацијата на Бајден поднела жалба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-apelaciski-sud-so-odluka-deka-moze-da-prodolzi-proteruvanjeto-na-migrantskite-semejstva/feed/ 0
Околу 55 отсто од Американците ја поддржуваат работата на новиот американски претседател Џо Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-55-otsto-od-amerikancite-ja-poddrzuvaat-rabotata-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-dzo-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-55-otsto-od-amerikancite-ja-poddrzuvaat-rabotata-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-dzo-bajden/#respond Tue, 27 Apr 2021 14:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=502823

Повеќе од половина Американци го поддржуваат американскиот претседател Џо Бајден по речиси 100 дена на власт, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс/Ипсос, пренесуваат локалните медиуми. Истражувањето на јавното мислење, во кое учествуваа 4.423 возрасни лица во периодот од 12 до 16 април, покажа дека 55 проценти од Американците ги поддржуваат постапките на Бајден како претседател, дека 40 проценти не го поддржуваат, додека останатите се воздржани. Бајден доби најдобри оценки за спарувањето со пандемијата на коронавирус, при што 65 проценти од граѓаните го поддржаа неговиот одговор и реакција заразата. За споредба, анкетата спроведена во јануари покажа дека тогашниот претседател Доналд Трамп имаше поддршка од 38 отсто во однос на неговиот одговор на пандемијата. Анкетата покажа и дека Американците се задоволни од економските политики на Бајден, додека најголеми критики доби во однос на имиграцијата, во момент кога на американско-мексикаската граница пристигнуваат огромен број мигранти. Одговорите на испитаниците покажуваат дека 42 проценти од граѓаните ја одобруваат неговата погранична политика, додека 49 отсто не се согласуваат. Американците, исто така, генерално ја поддржуваат позицијата на администрацијата на Бајден за животната средина (54 отсто), додека 51 процент се согласуваат во однос на расната нееднаквост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-55-otsto-od-amerikancite-ja-poddrzuvaat-rabotata-na-noviot-amerikanski-pretsedatel-dzo-bajden/feed/ 0
Разрешени шефовите на три американски меѓународни медиумски куќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheni-shefovite-na-tri-amerikanski-megjunarodni-mediumski-kukji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheni-shefovite-na-tri-amerikanski-megjunarodni-mediumski-kukji/#respond Sat, 23 Jan 2021 09:06:05 +0000 https://kurir.mk/?p=458853

Шефовите на три американски меѓународни медиумски куќи, финансирани од американската федерална Влада, доцна синоќа ненадејно се отпуштени, а беа назначени на тие позиции за време на Доналд Трамп во американската Агенција за глобални медиуми (УСАГМ). Двајца функционери запознаени со измените, рекоа дека вршителот на должност генерална директорка на УСАГМ Келу Чао ги разрешила директорите на Радио Слободна Европа / Радио Слобода, Радио Слободна Азија и Радиодифузни мрежи на Блискиот исток, само еден месец по нивното назначување. Измените се случија еден ден по разрешувањето на директорот на Гласот на Америка и неговиот заменик, и оставката на шефот на „Канцеларијата за Куба броадкастинг“. Извршниот директор на Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ), Мајкл Пек, поднесе оставка од позицијата во средата попладне, на барање на американскиот претседател Џозеф Бајден, само два часа откако Бајден положи заклетва. По оставката на Пек, следуваа дополнителни отпуштања. Демократите и другите го обвинија шефот на Трамп на УСАГМ, Мајкл Пек, дека се обидел да ги претвори Гласот на Америка и нејзините сестрински радиотелевизии во пропагандни машини за Трамп, потсетува агенцијата Бета. Пек дури во декември ги именуваше оние кои беа отпуштени вчера и во четвртокот. Белата куќа во средата ја назначи Келу Чао, долгогодишна новинарка во Гласот на Америка, за вршител на должноста претседател на УСАГМ, веднаш откако од Пек беше побарана оставка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razresheni-shefovite-na-tri-amerikanski-megjunarodni-mediumski-kukji/feed/ 0
Во 40 американски сојузни држави расте бројот на новозаболени лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-40-amerikanski-sojuzni-drzavi-raste-brojot-na-novozaboleni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-40-amerikanski-sojuzni-drzavi-raste-brojot-na-novozaboleni-lica/#respond Fri, 03 Jul 2020 06:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=367946

Бројот на заразени лица со Ковид-19 е во пораст во 40 од вкупно 50 американски сојузни држави, а од ширење на болеста во моментот поштеден е само североисточниот дел на земјата, покажуваат податоците на Проектот за следење на коронавирусот, волонтерска организација која собира податоци за тестирањето. Порастот на бројот на новозаразени лица се должи и на тоа што Американците не носат маски и не држат физичка дистанца по отворањето на економијата. Поради раст на бројот на инфицирани лица во 40 проценти од САД повторно се вовоедуваат рестрикции или се откажува отворањето на економијата. Вo САД 2.837.189 луѓе се инфицирани со Ковид-19, од кои 131.485 починале, а оздравеле 1.191.091 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-40-amerikanski-sojuzni-drzavi-raste-brojot-na-novozaboleni-lica/feed/ 0
Американскиот Врховен суд ќе расправа дали Трамп може да ги крие своите финансии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-vrhoven-sud-kje-rasprava-dali-tramp-moze-da-gi-krie-svoite-finansii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-vrhoven-sud-kje-rasprava-dali-tramp-moze-da-gi-krie-svoite-finansii/#respond Sun, 15 Dec 2019 08:25:10 +0000 https://kurir.mk/?p=277689

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа молбата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се објавуваат податоците за неговите даноци, банкарски и финански сметки. Расправата ќе поче во март, а судиите одлуката ќе мора да ја донесат и објават до јуни. Доколку пресудат против Трамп, претседателот ќе мора да ги објави податоците за личните финансии, што веќе подолго време се обидува да го избегне и спречи, наведува Гласот на Америка. Трамп тужбата ја поднесе за да ги спречи банките да им ги предадат неговите финансиски документи на конгресните одбори во Претставничкиот дом и на обвинителот на Менхетн. Врховниот суд, исто така, ќе одлучува дали на обвинителот од Менхетен ќе треба да му се дадат сите даночни пријави на Трамп од последните осум години, што е дел од актуелната истрага. Трамп досега ги загуби споровите со пониските судови, но одлуката не е конечна, ниту извршна, се додека за тоа не се изјасни Врховниот суд. Во ова деветчлено судсико тело мнозинството го имаат конзеравтивците, а двајца од судиите се токму на предлог на Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskiot-vrhoven-sud-kje-rasprava-dali-tramp-moze-da-gi-krie-svoite-finansii/feed/ 0
Руски авиони се обидоа да пресретнат американски во близина на границата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-avioni-se-obidoa-da-presretnat-amerikanski-vo-blizina-na-granicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-avioni-se-obidoa-da-presretnat-amerikanski-vo-blizina-na-granicata/#respond Fri, 05 Jul 2019 08:27:44 +0000 https://kurir.mk/?p=215614

Руски авиони Су-27 на воздухопловните сили во јужната воена област се обидоа да пресретнат американски Боинг П-8, кој се приближил кон руската граница, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Како што се наведува, екипажот на руските борбени авиони пристапил кон воздушната мета на безбедно растојание, идентификувајќи го како американски извиднички авион П-8А Посејдон, „кој веднаш го сменил правецот на летање од руската државна граница“. Сличен инцидент се случи и во средината на јуни, кога руските Сухој се обидоа да ги пресретнат стратегиските бомбардери на САД кои летаа кон руската граница од Црното Море и Балтичкото Море, објави руската агенција ТАСС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-avioni-se-obidoa-da-presretnat-amerikanski-vo-blizina-na-granicata/feed/ 0
Американскиот Мировен корпус со најголема група волонтери во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/#respond Sun, 23 Sep 2018 13:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=104764

Педесет и четворица Американци, што е рекорден број досега, пристигнаа денеска во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство во училишта и организации во Македонија. - Сведоци сме на пристигнувањето на најголемата група волонтери во историјата на Мировниот корпус Македонија. Од година во година, бројот на волонтерите се повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес кој постои кај Американците да служат во Македонија, изјави директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханафин. Нивното присуство во Македонија, според Ханафин, е многу значајно. - Споделувањето знаења и искуства е непроценливо за сите коишто се инволвирани, вели тој. За време на нивниот двегодишен престој во Македонија, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училишта, како дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини. Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Ова е 23-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 750 американски државјани служеле во Македонија од 1996 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerikanskiot-miroven-korpus-so-najgolema-grupa-volonteri-vo-makedonija/feed/ 0