американско-турските односи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 12:55:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png американско-турските односи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ердоган го повика Бајден да посвети внимание на американско-турските односи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-go-povika-bajden-da-posveti-vnimanie-na-amerikansko-turskite-odnosi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-go-povika-bajden-da-posveti-vnimanie-na-amerikansko-turskite-odnosi/#respond Wed, 23 Dec 2020 12:55:52 +0000 https://kurir.mk/?p=447209

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го повика новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден, да посвети должно внимание на турско-американските односи, јави агенцијата Анадолија. – Веруваме дека новиот претседател на Америка, господин Бајден, исто така, ќе посвети должно внимание на турско-американските односи. Немаме предрасуди, непријателство или анимозитет кон никого“, порача Ердоган во обраќањето пред парламентарната група на Партијата за правда и развој (AK Parti). – До денес, трчајќи се приближувавме до оние што правеа само еден чекор кон нас. Ние ја одржуваме истата искреност и оптимизам“, рече тој. Ердоган додаде дека Турција ќе продолжи да работи за мир, правда и просперитет во регионот. Турскиот претседател, исто така, рече дека Турција се надева дека ќе отвори ново поглавје во односите со ЕУ и САД во новата година. – Ние не гледаме на нашите разновидни политички, економски и воени врски како алтернатива на нашите добро воспоставени односи со САД. Исто така, се надеваме дека ЕУ ќе се ослободи од своето стратешко слепило што ја оддалечува Турција [од Унијата]“, нагласи Ердоган. На 14 декември, САД воведоа санкции за Турција поради нејзиното купување на рускиот систем за ракетна одбрана С-400. Американските официјални лица се противеа на договорот, тврдејќи дека системите С-400 би биле некомпатибилни со системите на НАТО и би ги изложиле воените авиони Ф-35 на можна руска саботажа. Турција нагласи дека системот С-400 нема да биде интегриран во НАТО-системите и не претставува закана за Алијансата или за нејзиното наоружување. Турските власти повеќепати предлагаа создавање работна група за испитување на проблемот со техничката компатибилност на системите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/erdogan-go-povika-bajden-da-posveti-vnimanie-na-amerikansko-turskite-odnosi/feed/ 0