АМЕРИТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Mar 2022 15:32:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png АМЕРИТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АМЕРИТ бара итна средба со Владата и мерки за помош на транспортерите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerit-bara-itna-sredba-so-vladata-i-merki-za-pomosh-na-transporterite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerit-bara-itna-sredba-so-vladata-i-merki-za-pomosh-na-transporterite/#respond Wed, 09 Mar 2022 15:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=644187

Итна средба со Владата поради растот на цената на нафтата на која ќе бидат  договорени конкретни мерки за ублажување на ударот од кризата кај транспортерите, побара денеска Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, каде членуваат транспортни фирми за превозот на стока и на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Лефтер Андонов, управител на СИЗ „Македонија сообраќај” АМЕРИТ – Скопје, во отворено писмо до Владата предупредува дека поради големото учество на горивото во цената на транспортот и неизвесноста за транспортерите по најавата дека секојдневно ќе има нова цена, ќе бидат принудени да го прекинат превозот на стока и на патници, како и да ги повикаат своите членки на масовни протести до наоѓање решение. -Во последниот период, цената на нафтените деривати драстично се зголемува, што доведува до катастрофално влијание врз транспортните фирми. Кога се зголемува цената на горивата, транспортните фирми се принудени да ги зголемат цените, при што се зголемуваат цените на производите, директно на удар врз македонските граѓани. Притоа, многу од нив се соочуваат со огромни загуби, бидејќи превозниците во внатрешниот патнички превоз, имаат склучено договори за редовни линии, за превоз на ученици, на војската и други јавни услуги, договорени цени кои веќе не се одржливи, наведува Андонов. Тој ја повикува Владата да реагира итно и да договори средба на која ќе учествуваат и тие како претставници на транспортниот сектор и да донесат конкретни мерки за ублажување на овој удар кој, нагласува, многу македонски фирми ќе ги принуди да престанат со вршење на дејноста транспорт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amerit-bara-itna-sredba-so-vladata-i-merki-za-pomosh-na-transporterite/feed/ 0
Сочувство од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ за загинатите и повредените од автобуската несреќа во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-siz-makedonija-soobrakjaj-amerit-za-zaginatite-i-povredenite-od-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-siz-makedonija-soobrakjaj-amerit-za-zaginatite-i-povredenite-od-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:28:17 +0000 https://kurir.mk/?p=598847

СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ – Скопје во име на управителот на Заедницата и во име на нејзините членки, изразува сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата која се случи утрово во Бугарија, а на повредените во автобуската несреќа и посакува побрзо закрепнување. -Во овие тешки и неизвесни моменти, би сакале да апелираме сите ние да се воздржиме од дополнителни коментари за причините за сообраќајна несреќа, надлежните органи и институции да ги спроведат потребните активности, и да се сочекаат официјални резултати од истрагата, велат од СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sochuvstvo-od-siz-makedonija-soobrakjaj-amerit-za-zaginatite-i-povredenite-od-avtobuskata-nesrekja-vo-bugarija/feed/ 0