амфора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 07:33:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амфора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Погледнете го подводното културно наследство во Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-poglednete-go-podvodnoto-kulturno-nasledstvo-vo-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-poglednete-go-podvodnoto-kulturno-nasledstvo-vo-ohridskoto-ezero/#respond Wed, 21 Sep 2022 07:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=735570

Нуркачите од Нуркачкиот Центар АМФОРА од Охрид во соработка со Завод и Музеј Охрид успешно го реализира проектот ,,Културно историски знаменитости во Охридското Езеро“. Во Музејот на вода е поставена информативна табла каде што со скенирање на QR код туристите ќе можат да го погледаат видеото и да се запознаат со Подводното културно наследство во Охридското Езеро. На прикажаното видео можат да се погледаат Подводниот археолошки локалитет Плоча Миќов Град. Покрај населбата, во близина на локалитетот на 18 метри длабочина поединечни наоди на цели и фрагментирани покривки Лаконски тип на тегули кои како градежен материјал се употребувале во периодот од 6-ти век пр.н.е. па се до 7-ми век наша ера, како и складишни садови - питоси на 5, 34 и 45 метри длабочина, кои според карактеристиките датирани се во периодот на доцната антика (V - VI век, н.е). Проектот е финансиран Од Општина Охрид и одделението за Туризам и локален економски развој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-poglednete-go-podvodnoto-kulturno-nasledstvo-vo-ohridskoto-ezero/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: По 19 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-video-po-19-pat-nakitena-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-video-po-19-pat-nakitena-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/#respond Sun, 26 Dec 2021 08:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=613194

Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ традиционално, 19-та година по ред, ја накитија новогодишната елка под вода кај Заливот на Коските во Охрид. На уникатен начин им ја честитаат Новата година и божиќните празници на граѓаните на Македонија. Подводната елка ќе биде своевидна атракција во склоп на музејот во пресрет на новогодишните празници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-video-po-19-pat-nakitena-novogodishnata-elka-vo-vodite-na-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Сончарка – нов вид риба во Охридското Езеро (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soncharka-nov-vid-riba-vo-ohridskoto-ezero-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soncharka-nov-vid-riba-vo-ohridskoto-ezero-video/#respond Thu, 21 May 2020 12:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=348726

Од неодамна сончарките живеат и во водите на Охридското Езеро. После подолга опсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро, забележавме многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење, информираат од нуркачкиот клуб Амфора. Тие главно се хранат со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција. Како што може да се забележи и на видео инсертот, најгресивното и најчесто однесување е „фронтална закана“ карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а во крајни случаи проследено со благо каснување, со цел да ги заштитат границите на својата територија. Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијата најчесто бојата ѝ потемнува од страните. Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки од причина што најчесто ги градат овие гнезда во групи, а и мрестилиштата им се во непосредна близина. По завршување, групата сончарки ја напушта локацијата на мрестот. Најчесто ги има во плитки води на длабочина од 3-5 метри, но забележавме и повеќе јата на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби. Целокупното однесување може да се забележи во текот на неколку наврати на видео инсертот, информира Амфора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soncharka-nov-vid-riba-vo-ohridskoto-ezero-video/feed/ 0