Амхара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 18:10:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амхара – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 26 мртви во воздушен напад врз преполниот градски плоштад во регионот Амхара во Етиопија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-mrtvi-vo-vozdushen-napad-vrz-prepolniot-gradski-ploshtad-vo-regionot-amhara-vo-etiopija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-mrtvi-vo-vozdushen-napad-vrz-prepolniot-gradski-ploshtad-vo-regionot-amhara-vo-etiopija/#respond Mon, 14 Aug 2023 18:10:29 +0000 https://kurir.mk/?p=866702

Во воздушен напад на етиопските сили на преполниот градски плоштад во немирниот регион Амхара загинаа најмалку 26 луѓе, а повеќе од 55 се ранети, изјави денеска претставник на здравствените власти, само неколку дена откако владата соопшти дека мирот е вратен во областа. Локалните милиции се судрија со етиопската армија затоа што не сакаат да бидат распуштени, а минатата недела армијата насилно ја врати контролата врз клучните градови во Амхара. Воздушниот напад се случи вчера и го погоди центарот на Финоте Селам, изјави здравствениот претставник, кој побара да остане анонимен поради страв од одмазда.Тој функционер рече дека 22 лица загинале на самото место, а неколкумина од ранетите морале да бидат подложени на ампутација. Двајца жители на Финота Селам изјавија дека цел на воздушниот напад бил камион со цивили кои се враќале од доставување храна на борците од милицијата позната како Фано. Нивните тврдења не можеа да се потврдат. Портпаролот на федералната влада не одговори веднаш на барањето за коментар. Државната комисија за човекови права на Етиопија денеска наведе „веродостојни извештаи за напади и гранатирање“ во Финоте Селам и други градови во Амхара „што резултираа со многу цивилни жртви“. Исто така, се вели дека цел биле регионалните претставници на Амхара, при што имало убиени, „што резултирало со привремен колапс на локалната државна структура во многу области“. Етиопските власти прогласија вонредна состојба на почетокот на овој месец во регионот Амхара. Милицијата Фано се бори против етиопските воени сили во соседниот регион Тиграј, што заврши со мировен договор во ноември минатата година. Адвокатите и сведоците велат дека поради немирите во Амхара, етиопските власти сега спроведуваат масовни апсења на стотици, ако не и илјадници луѓе во главниот град на Етиопија. Итните мерки им овозможуваат на властите да апсат осомничени без налог, да вршат претреси и да воведат полициски час.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-26-mrtvi-vo-vozdushen-napad-vrz-prepolniot-gradski-ploshtad-vo-regionot-amhara-vo-etiopija/feed/ 0