Амир Дестанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 12:45:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амир Дестанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-uchenikot-amir-destanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-uchenikot-amir-destanov/#respond Thu, 19 May 2022 12:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=678994

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“. Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови. На средбата, претседателот го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес, како би ги постигнал своите цели за подобра иднина. На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-go-primi-uchenikot-amir-destanov/feed/ 0
БРАВО: Дете од улица, со еден оброк во денот освои награда на натпревар по математика – Македонија треба да е горда на ова момче! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-dete-od-ulica-so-eden-obrok-vo-denot-osvoi-nagrada-na-natprevar-po-matematika-makedonija-treba-da-e-gorda-na-ova-momche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-dete-od-ulica-so-eden-obrok-vo-denot-osvoi-nagrada-na-natprevar-po-matematika-makedonija-treba-da-e-gorda-na-ova-momche/#respond Sat, 14 May 2022 12:05:39 +0000 https://kurir.mk/?p=676650

Амир Дестанов, дете од улица кое реши да се бори со суровата судбина која сакаше неговото семејство да биде под дното на сиромаштијата, а тој, браќата, сестрата и мајка му да трпат семејно насилство, освои трето место на натпреварот по математика „Кенгур“. Сторијата за него ја пренесува САКАМ ДА КАЖАМ. Радоста тој ја подели со Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, кој им е поддршка во моментов на 61 дете што успеале да ги одвратат од питачење, да ги запишат на школо и да им помагаат во доедукацијата и во исполнувањето на домашните задачи. Исклучително заинтересиран за математиката, Амир надградбата за да оди на „Кенгур“ ја постигнал токму во Центарот, решавајќи задачи со наставникот Филип. Кога чул ќе има натпревар, посакал и тој да учествува, но немал 200 денари да уплати. „Сакаа други да одат, ама бидејќи јас сум математички најјак, јас поминав. Ми кажа класната, а јас ѝ одговорив:’Добро, ќе зборам со моите дома и ќе ви кажам’. Уплатата за натпреварот ‘Кенгур’ чинеше 200 денари, пари што ги немав“, раскажува Амир. За желбата дека сака да се натпреварува по математика, во категорија на осмо и деветтоодделенци, тој веднаш ги известил наставничките Ирена Велкоска и Василка Јовановска, која е социјален работник, и Александра Лозановска, воспитувач. Тие од свои пари му уплатиле учество. На натпреварот Амир не знаел како поминал. Им кажал на воспитувачките, наставничките од Центарот дека не е сигурен што направил, бидеjќи било на стискање копчиња, т.е. се полагало електронски. Се секирал дали направил сè како што треба, дали се снашол или не со кликањето. „Но кога дојде со дипломата во рака за освоено трето место, па ние па пресреќни бевме!“, раскажува Ирена Велкоска, координатор на Дневниот центар за деца на улица. ЦЕЛАТА ВЕСТ ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА САКАМ ДА КАЖАМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-dete-od-ulica-so-eden-obrok-vo-denot-osvoi-nagrada-na-natprevar-po-matematika-makedonija-treba-da-e-gorda-na-ova-momche/feed/ 0