Амнести интернешнел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 07:57:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амнести интернешнел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амнести интернешнел: „Колективното казнување“ на цивилите во Газа од страна на Израел е воено злосторство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-kolektivnoto-kaznuvane-na-tsivilite-vo-gaza-od-strana-na-izrael-e-voeno-zlostorstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-kolektivnoto-kaznuvane-na-tsivilite-vo-gaza-od-strana-na-izrael-e-voeno-zlostorstvo/#respond Fri, 13 Oct 2023 07:57:12 +0000 https://kurir.mk/?p=888373

Групата за заштита на човекови права Амнести интернешнел денеска го повика Израел „веднаш“ да ја укине блокадата на Газа, велејќи дека „колективната казна“ на цивилите за терористичките злосторства на Хамас е воено злосторство. Блокадата на Израел на густо населената територија „го потона Појасот Газа во темнина и ќе ја влоши тековната хуманитарна катастрофа“, се вели во соопштението на Амнести. -Колективното казнување на цивилното население во Газа е воено злосторство – тоа е сурово и нехумано, се вели во документот. -Амнести повторува дека палестинските цивили не се одговорни за злосторствата на Хамас и другите палестински вооружени групи и Израел не смее, според меѓународното право, да ги натера да страдаат поради дела во кои немаат улога и не можат да ги контролираат, нагласува организацијата. Амнести, исто така, ја повика меѓународната заедница „да работи на постигнување договор за хуманитарните коридори“ во Газа, каде што се раселени повеќе од 423.000 луѓе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-kolektivnoto-kaznuvane-na-tsivilite-vo-gaza-od-strana-na-izrael-e-voeno-zlostorstvo/feed/ 0
Амнести интернешнел повика на акција против влошената состојба со човековите права во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-povika-na-aktsija-protiv-vloshenata-sostojba-so-chovekovite-prava-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-povika-na-aktsija-protiv-vloshenata-sostojba-so-chovekovite-prava-vo-avganistan/#respond Mon, 06 Mar 2023 07:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=808417

Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ ги повика земјите-членки на Обединетите нации да преземат акција во врска со влошената состојба со човековите права во Авганистан и да обезбедат правда за жртвите на насилството на талибанците, јави ДПА. Радикалните исламисти незаконски апсат бранители на правата на жените, академици и активисти поради нивните јавни критики, соопшти организацијата. Многумина се произволно притворени без правна заштита или контакт со нивните семејства. „Амнести интернешнел“ наведува и дека талибанците не сакаат или не се во состојба да ги истражат постапките на нивните поддржувачи, кои грубо ги кршат човековите права на Авганистанците. Невладината организација инсистира на создавање независен истражен механизам во земјата. - Ситуацијата со човековите права во Авганистан брзо се влошува и немилосрдните злоупотреби на талибанците продолжуваат секој ден, рече Аниес Каламар, генерален секретар на Амнести интернешнел. Организацијата ги документирала злосторствата извршени од членовите на талибанците од нивното враќање на власт, како што се притворање на бранители на правата на жените, новинарите и цивилите во провинцијата Панџшер, како и масовните убиства на припадниците на етничката група на хазарејците во три други провинции. Време е јавните изјави на меѓународната заедница да бидат проследени со конкретни активности, рече Каламар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnel-povika-na-aktsija-protiv-vloshenata-sostojba-so-chovekovite-prava-vo-avganistan/feed/ 0