Амнести Интернешнл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 05:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Амнести Интернешнл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амнести интернешнал: Лани во 20 земји беа егзекутирани речиси 900 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-lani-vo-20-zemji-bea-egzekutirani-rechisi-900-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-lani-vo-20-zemji-bea-egzekutirani-rechisi-900-luge/#respond Tue, 16 May 2023 05:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=834544

Речиси 900 луѓе биле егзекутирани во 20 земји во светот минатата година, најголем број од 2017 година, објави невладината организација „Амнести интернешенел“ во својот годишен извештај за смртната казна. Невладината организација забележува дека некои земји се зафатени од „смртоносна хистерија“. „Бројот на публикувани егзекуции во 2022 година е најголем во изминатите пет години, а рекордот главно се должи на земјите од Блискиот Исток и Северна Африка“, посочува Амнести интернешнал. Организацијата за човекови права објави за 883 егзекуции во 20 земји лани, што е 53 отсто повеќе во споредба со 2021 година. Според АИ, бројот на егзекуции во Иран во 2021 година бил 314, а минатата година - 576. Во Саудиска Арабија минатата година биле извршени трипати повеќе егзекуции (196) во споредба со 2021 година. Египетските власти погубиле 24 лица минатата година, според извештајот. Амнести интернешнал забележува дека реалниот број на егзекутираните минатата година може да биде поголем, бидејќи некои земји кои применуваат смртна казна не објавуваат податоци за тоа прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnal-lani-vo-20-zemji-bea-egzekutirani-rechisi-900-luge/feed/ 0
„Амнести интернешнл“: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на човековите права во 2021 година“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-farmacevtskite-kompanii-predizvikaa-katastrofa-na-chovekovite-prava-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-farmacevtskite-kompanii-predizvikaa-katastrofa-na-chovekovite-prava-vo-2021-godina/#respond Mon, 14 Feb 2022 08:54:35 +0000 https://kurir.mk/?p=631164

Фармацевтските компании „трагично потфрлија“ во одговорот на предизвикот од глобалната здравствена криза предизвикана од ковид-19 и покрај итните повици да се обезбеди еднаква дистрибуција на вакцините против коронавирус, соопшти денеска „Амнести интернешнл“. Според „Амнести“, „фармацевтските компании кои продаваат вакцини против коронавирус ја монополизирале технологијата, лобирале против споделување на интелектуалната сопственост, наплатувале високи цени на вакцините и им дале приоритет на набавките на богатите земји во 2021 година“. Вкупно десет милијарди дози на вакцини што се произвеле во минатата година би биле повеќе од доволни за да се исполни целта за вакцинација на 40 проценти, што ја постави Светската здравствена организација (СЗО) до крајот на минатата година. Само четири отсто од оние што живеат во земји со ниски приходи биле целосно вакцинирани до крајот на минатата година. Повеќе од 1,2 милијарди луѓе во земјите со ниски приходи можеа да бидат вакцинирани до крајот на 2021 година, доколку богатите земји и производителите на вакцини ги сфатеа сериозно своите обврски и одговорности за човековите права, изјави Рајат Косла, висок директор на „Амнести интернешнел“, задолжен за истражување, лобирање и политика. Претходно овој месец, СЗО објави дека се потребни уште 16 милијарди долари за да се помогне на сиромашните земји во борбата против пандемијата. „Тоа е износот што недостасува во планираните средства за снабдување на тие земји со вакцини, тестови и лекови преку програмата што ја започнаа Обединетите Нации“, соопшти СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-farmacevtskite-kompanii-predizvikaa-katastrofa-na-chovekovite-prava-vo-2021-godina/feed/ 0
Амнести интернешнл ги повика САД да ги отфрлат обвиненијата против Асанж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-gi-povika-sad-da-gi-otfrlat-obvinenijata-protiv-asanz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-gi-povika-sad-da-gi-otfrlat-obvinenijata-protiv-asanz/#respond Tue, 26 Oct 2021 07:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=585485

Генералниот секретар на Амнести интернешнл Агнес Каламард ги повика Соединетите Американски Држави да се откажат од обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж и веднаш да го ослободат британските власти. Агнес Каламард го упати повикот пред сослушувањето во Лондон во среда, на кое ќе се поднесе жалба на одлуката на британскиот суд да не го екстрадира Асанж во САД, каде што тој се соочува со обвиненија за објавување тајни воени досиеја како дел од аферата Викиликс. Високиот суд треба да ја разгледа жалбата против одлуката за неекстрадиција во јануари. Одлуката е донесена поради, како што се наведува, загриженоста дека 50-годишниот Асанж би можел да се самоубие во затвор во САД. Асанж е обвинет за кражба и објавување доверливи информации за американските воени операции во Ирак и Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-gi-povika-sad-da-gi-otfrlat-obvinenijata-protiv-asanz/feed/ 0
Амнести Интернешнл за Македонија: Загрижува неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/#respond Wed, 07 Apr 2021 08:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=493505

Годишниот извештај на Амнести Интернешнл за состојбата со човековите права во 2020 забележува влошување речиси секаде во светот, во Македонија се посебно погодени жените, припадниците на ромската заедница и други маргинализирани групи како ЛГБТИ. -И покрај спроведувањето на реформите што ги бара Европската Комисија, ситуацијата останува загрижувачка ситуација во повеќе области: неказнивоста, говорот на омраза и дискриминацијата кон жените и Ромите како и кон ЛГБТИ лицата. Оваа година повторно бегалци и мигранти беа нелегално задржувани и протерани на сила, алармира Амнести Интернешнл во делот за Македонија. Извештајот потсетува која е состојбата откако во земјата беше прогласена вонредна состојба лани од средина на март до изборите во јули, како и полицискиот час, но оцени дека забраната за верски собири беше применета на селективен начин. Амнести истакнува дека Македонија го скрати буџетот за невладиниот сектор за 525 илјади евра, со што ја загрози способноста на овие организации да обезбедат есенцијални услуги во услови на криза. Што се однесува до судството, организацијата е критична кон фактот што судовите не работеле минимално, а нема напредок во судските процедури поврзани за прекршување на рестрикциите за Ковид-19. Дискриминацијата базирана на етничката, верската, родовата припадност и сексуалната ориентација не само што останува проблем во Македонија, туку и се влошила со пандемијата. -Припадниците на албанската заедница беа често мета на говор на омраза и дезинформација на социјалните мрежи, нагласува Амнести Интернешнл, повикувајќи се на податоците на Хелсиншкиот комитет за човекови права кој констатирал зголемување од 80 отсто на исламофобичниот говор на омраза пред изборите во јули, поднесени се пет тужби во текот на тој месец за поттикнување омраза. Ромите се исто така силно погодени од дискриминација во земјата, посебно во делот на пристапот до финансиска помош за време на пандемијата, најранливите лица можеле да сметаат пред сѐ на невладините организации и некои локални власти за хуманитарни пакети. Се потсетува и на случајот со деветте ромски музичари кои на враќање од турнеја во Италија биле однесени во касарна за карантин, додека другите двесте лица кои патувале со нив добиле дозвола за домашен карантин. Жените и натаму остануваат ранлива категорија во Македонија посебно на работното место за време на пандемијата. -Одговорните не преземаа мерки за да им помогнат на родителите кои работат да се справат со последиците од пандемијата. Жените беа посебно погодени, а на некои им беше нелегално задржан дел од платата кога отсуствуваа од работа. Амнести се осврнува и на текстилната индустрија каде жените се соочиле со закани за бркање од работа, закани дека нема да им се обнови договорот за работа, и текстилни работнички присилени да одат на работа за викенд во Штип за време на полицискиот час. Владата на Северна Македонија не ги имплементирала целосно ниту препораките за заштита на жените и децата жртви на насилство. Лицата припадници на ЛГБТИ заедницата се исто така споменати во извештајот. Иако законот за заштита од дискриминација е вратен на сила во октомври, Амнести оценува дека не е гарантирана независноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Се потсетува и на нападот врз претседателот на ЛГБТ организацијата во Тетово во август. Жените Ромки се двојно погодени од дискриминација во државата и се посветува посебно внимание на случајот на жена Ромка која починала на крајот на бременоста за време на операција на отстранување на нејзиниот фетус, кој исто така починал. Неа претходно два пати и бил забранет пристап до болницата во Охрид и покрај болките и температурата, а кога конечно била однесена во болница во Скопје, чекала шест часа пред да ги добие резултатите од коронавирус. Шест други жени со ромско потекло биле нелегално избркани од својот дом во Скопје во 2016 додека биле бремени, Обединетите нации бараат од Македонија да им исплати отштета на овие жени, што сѐ уште не е сторено, потсетува Амнести. Се критикува фактот што државните центри за сексуално и репродуктивно здравје не можеле да ги понудат вообичаените услуги за време на пандемијата, а случаите со жените во тешки ситуации ги преземала невладината ХЕРА. Конечно Македонија потфрлила и во делот на правата на бегалците и мигрантите, смета организацијата за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/amnesti-interneshnl-za-makedonija-zagrizuva-nekaznivosta-govorot-na-omraza-i-diskriminacijata/feed/ 0
Амнести Интернешнл: Најмалку 304 лица загинати во протестите во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-najmalku-304-lica-zaginati-vo-protestite-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-najmalku-304-lica-zaginati-vo-protestite-vo-iran/#respond Mon, 16 Dec 2019 06:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=277976

Најмалку 304 лица се убиени во Иран за време на протестите против зголемувањето на цената на бензинот, соопшти невладината организација Амнести Интернешнл. Протестите се одржаа од 15 до 18 ноември. – Иранските власти ја продолжуваат својата жестока репресија по националните протести кои започнаа на 15 ноември, приведувајќи илјадници противници на режимот, како и новинари, бранители на човековите права и студенти, за да ги спречат да кажат што мислат за оваа незамислива репресија, се наведува во соопштението на невладината организација. Амнести додава дека ја зголемила својата статистика за жртвите во Иран. Во соопштението од 2 декември беше наведено дека најмалку 208 лица се убиени, а во последното соопштение додава дека новите податоци покажуваат дека станува збор за најмалку 304 убиени лица, меѓу кои и двајца тинејџери на возраст меѓу 15 и 17 години. Досега иранските власти ја потврдија смртта само на пет лица за време на протестите, велејќи дека меѓу нив има четворица припадници на безбедносните сили и еден цивил. На почетокот на декември, иранската Влада најави дека ќе објави официјален записник за загинатите за време на протестите, врз основа на податоците на Националниот институт за судска медицина. Но, досега тоа не се случи. Амнести денеска ги повика иранските власти веднаш и безусловно да ги ослободат сите што се приведени врз основа на произволен принцип и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Иран без одлагање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amnesti-interneshnl-najmalku-304-lica-zaginati-vo-protestite-vo-iran/feed/ 0
АИ: Во протестите во Иран најмалку 208 жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-vo-protestite-vo-iran-najmalku-208-zrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-vo-protestite-vo-iran-najmalku-208-zrtvi/#respond Tue, 03 Dec 2019 07:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=272513

Во интервенции на иранските безбедносни сили на протестите во земјата, покренати по зголемувањето на цената на горивата, загинаа најмалку 208 лица, се вели во новите податоци на Амнести Интернешнл. Во изјавата се нагласува  дека „алармантната“ статистика се заснова на „веродостојните извештаи“ што ги добиле, додавајќи дека целокупниот биланс веројатно би бил уште полош. Амнести тврди дека десетици жртви се пријавени во градот Шахрирар во провинцијата Техеран, но не може да понуди локации за другите делови на државата каде што беа пријавени смртни случаи. – Масовната употреба на смртоносна сила беше инструмент за задушување на протестите, изјави за Ал Џезира, Раха Бахреини, од АИ за Иран. – Ескалацијата на употребата на сила е евидентна од информацијата дека демонстрантите биле застрелани одблизу. Врз нив било пукано и од хеликоптери и од покриви на згради, додаде таа. Иран, кој не даде детали за жртвите, претходно ги отфрли бројките на Амнести. Демонстрациите во Иран започнаа кон средината на ноември по одлуката на властите да ги зголемат цените на горивата, како дел од мерките за олеснување на санкциите на САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ai-vo-protestite-vo-iran-najmalku-208-zrtvi/feed/ 0