амнестија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 11:43:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амнестија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратениците не го поддржаа Предлог законот за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ne-go-poddrzhaa-predlog-zakonot-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ne-go-poddrzhaa-predlog-zakonot-za-amnestija/#respond Thu, 02 Nov 2023 11:43:08 +0000 https://kurir.mk/?p=895769

Собранието не го изгласа Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога. Имено, 15 пратеници гласаа „За“, додека пак 66 беа „против“, а 3-ца беа „воздржани“. „Констатирам дека предлогот на Владата не е усвоен“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери. Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ne-go-poddrzhaa-predlog-zakonot-za-amnestija/feed/ 0
Амнестија на гласачкото тело по скратена постапка https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/#respond Tue, 03 Oct 2023 13:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=884651

Таче и Алија се разбудиле среде ноќ, облеани во ладна пот. Не им било лесно на пустите, ги фаќал силен уплав затоа што добро знаеле дека наскоро ќа траснат од власт. Без меко атерирање. А тоа болело. Абе, многу. Многу повеќе од болката во мешето на Ќуран кога ги распродавал македонските идентитетски одредници. Веќе подолг период, сон не ги фаќал пустите, а и кога ќе успееле, се буделе со врискање од силниот кошмар. Се викал МАКЕДОНИЈА. За некого најубав сон, за некого ноќна мора. Кој, што си заслужил... Па така ненаспани и со подочњаци до колена, владините „капо ди тути каповци“ утрото ќе свикале по своите гавази, советничиња, експерти и новинарчиња – аман, чаре да се бара, гласачко тело северџганистанско да се анимира, спас да се најде, дојдеа е нож до северну коску. Сламка ли беше... И така, ајваните драматично ќе почнеле да си ги траскаат од ѕид празните главички, глумејќи дека нешто работат, па се туфкале, пуфкале, лелекале, пискале  и куделе, ама чаре не се наоѓало. Од празните главички излегувала само природната реакција и супстанца. Ништо. Празнотија... И наеднаш, некој во Мала Речица свикал „Еурека“!!! Му го текнувало дека ќе му го игруваат на стара карта. Еден бајат, ама проверен рецепт. Ќе играат со и за криминалците. Веднаш им дојавиле на Бихаќка, каде со елан заиграле и направиле мега-журка, како онаа за НАТО влезот де. Седокосиот Алија ја прифатил идејата со акламација и инстант орле со рачињата направил, аберот го рашириле Груби и Бујар пафтајќи со прстињата омрсени од власт, а Таче, кој по Али немал право на глас, морал пресреќен само да заигра некое влашко оро на фотоволтаичното поле на жена му, нива дарена од државата. Љупче Путерот, Маричиќ и Обиџуко не ни сфатиле за што се работи, ама ко секогаш орно завикале „Браво шефе, секоја чест шефе, љубим ноге шефе!!!“ Што било чарето? Па, забеганата и неинвентивна владина банда се „сетила“ да ги амнестира криминалците. По скратена постапка, разбира се. Нивните најдобри и најлојални другарчиња, дилери и шарени празноглавци. Оти крвта не била вода, а грижата за своите била обврска, нели. Нова екипа за полнење на гласачки кутии, закани врз гласачи, новокомпонирана партијска мафија за избори. Јуууууууу, свикал Ќурка и насмејан до уши „одма„ се јавил во Фондот за иновации, да му дадат грант од макар три милиони евра на оној од Мала Речица на кој му текнала оваа толку ветва, нова идеја и „иновација“... Не ги интересирало каков пример даваат. Пораката била јасна: Лажи, кради, манипулирај, тепај, мами, клевети, боди, сечи  - и судијката партијска ќе те осуди на помала казна, па оп - Таче и Алија ќе те ослободат/амнестираат. Криминалци за криминалци, фамилија е светиња, нема тука лабаво. И така, во земјата која некогаш беше и држава се подготвувала амнестија на гласачкото владино тело. По скратена постапка, нормално. Ова било јадрото на СДСС и ДУИ, криминалците, останатите од болументата гласачка биле тендераши, нововработени, како и оние со желба за унапредување и вработување, кој од кој понеспособен. И тука завршувале... Прво, власта се самоамнестирала со измени на Кривичниот законик, а сега ги амнестирала и своите најверни поданици. Криминална влада? Не, криминогена, арамиска, апашка и ред други зборови кои се само галовни за ова качачка банда. Седма година агонија, а амнестија саде неколку дена по петгодишнината од референдумскиот бунт, победа и бојкот, суверенистички чин кој Заевци заштитени од странските мецени го извитоперија, укашкаа, укакаа и укаљааа... На 30-ти септември годинава, минатата сабота, нашата Македонија наврши 5 години од најголемата Пирова победа во историјата. Но ова не е 2018-та, колку Заевци, Тачевци и Алиевци да посакуваат, минаа тие црни времиња. Овие 5, „една рака“ лета, поради сопствената грижа на совеста  се престоривме во темирани бомби, не спиеме навечер од гнев, а парадоксално - повторно не сме доволно будни. Сепак, теши што крајот наближува. Со него и крајот на насилната зомбификација на македонското национално ткиво, епизода која остана во обид и која не им успеја на овие вуду северџани кои ги ситнат последните денови од својата неуспешна вештерска кариера. По 7 години јад, сега веќе се месеци, наскоро ќе бидат денови, а гневот само ќе расте. Се обидоа од петни жили да не разединат, раскараат, заплашат и ништат, секојдневните понижувања требаше да донесат нов бран апатија и рамнодушност и да го доразорат она малкуто останато здраво ткиво, ама не успејаа. Пирејот ќе го возврати ударот. Македонија исто. Светлото на крајот на македонскиот тунел, разрушен од гнилите северни тули, веќе се гледа, наѕира и блешти. Се’ што треба е да издржиме уште малку, па да гледаме реприза на антологискиот северџганистански сеир, новокомпонирани плачки, та будење на ненадминливите НВО бапчорки, па заштитничките пресови на амбасадорските маќеи и очуви со Тачевци во скутот, непреповиени и со пелени полни со антимакедонски истресок кои се цедат на сите страни, лелек на „новинарските“ им здруженија, лажните вести на неизживеаните, патетични Џабировци и садизмот на Тричковци, плачките на сороспиите и останата багра. Ми фалат будалчињата непрокопсани и толку „промуќурно“ приглупи. Ајде, уште малку, па пак ќе си ги имаме во маало, по интернет, на ТВ, во весници. Кампови, фарбања, патетични протести, агресивни изливи, абе цепки. Многу, премногу ќефови во најава, забава до бессвест... Амнестирајте, самопомилувајте се, крадете ко улави, тендерисувајте, продавајте, аздисувајте, џабе ви е. Раката на Македонија можеби е спора, оти е човечна, исто како и Македонецот. Арно ама, не простуваат, никогаш...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/amnestija-na-glasachkoto-telo-po-skratena-postapka/feed/ 0
Законот за амнестија ќе се носи по скратена постапка и е доставен до Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-ke-se-nosi-po-skratena-postapka-i-e-dostaven-do-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-ke-se-nosi-po-skratena-postapka-i-e-dostaven-do-sobranieto/#respond Tue, 03 Oct 2023 10:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=884577

Владата го испратила Законот за амнестија до Собранието, информираат од Кабинетот на претседателот на Парламентот. Законот е предложен да се носи по скратена постапка, а тој веќе е доставен до пратениците од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-ke-se-nosi-po-skratena-postapka-i-e-dostaven-do-sobranieto/feed/ 0
Николоски: Законот за амнестија е очаен дил на партијата што се продаде за две куќи во Тафталиџе и крими светот надевајќи се дека така ќе обезбедат гласови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zakonot-za-amnestija-e-ochaen-dil-na-partijata-shto-se-prodade-za-dve-kuki-vo-taftalidhe-i-krimi-svetot-nadevajki-se-deka-taka-ke-obezbedat-glasovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zakonot-za-amnestija-e-ochaen-dil-na-partijata-shto-se-prodade-za-dve-kuki-vo-taftalidhe-i-krimi-svetot-nadevajki-se-deka-taka-ke-obezbedat-glasovi/#respond Tue, 03 Oct 2023 09:12:07 +0000 https://kurir.mk/?p=884545

Да бидам директен, ова е директен дил помеѓу политичката партија која што се продаде за за две куќи во Тафталиџе и криминалците во Македонија. Арбен Таравари и другар му Меџити, кој стана министер за здравство, заедно со другиот пријател Лога којшто е повеќе пријател на Зијадин Села, имаат договор со крими-светот во државава надевајќи се дека така ќе добијат гласови. Тоа е најочајната работа што можат да ја направат, а всушност карактерот си го покажаа со тоа што се продадоа за две куќи во Тафталиџе, вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во неговото гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на Радио Лидер го коментираше законот за амнестија кој власта го турка по секоја цена. Николоски додаде дека овој потфат доаѓа како резултат на тоа што во последно време благодарение на меѓународните истраги, кој ја опфаќаа и Македонија, се случија акции за спречување на меѓународни ланци за трговија со кокаин и сега целта на овој закон е луѓето опфатени во тие акции да се ослободат. „Не може криминалци да се ослободуваат. Таму веќе имаат детални списоци кој треба да излезе и зашто треба да излезе. Една од основните грижи, сериозен ќе бидам за ова, иако иронично ќе звучи, е тоа што цената на кокаинот на улиците во македонските градови е поскапена затоа што имаше акции во изминатиов период пред се предизвикани од потребата меѓународни ланци за трговија со кокаин да се пресечат и дел од тие луѓе се во затвори со далеку пониски казни од тоа што реално, по мене , следува за трговија со наркотици, но со ова тие луѓе ќе излезат или да се блиску до излегување со цел дистрибутивната мрежа на кокаин низ државата, а и транспортната нагоре кон Север и надолу кон Југ оснажи и да може да се спушти цената на кокаинот, потенцираше Николоски. Тој уште еднаш ја потврди и решителноста на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволи овој штетен закон да помине во Собранието на Република Македонија. „Најавивме излегување од Собранието доколку власта реши законот за амнестија, но гледам удрија рикверц и решија да не го пуштат со европско знаменце. Барем така најавија но сеуште не е стигнато до Собранието, така што чекаме да видиме во каква процедура ќе го пуштат. Ако го пуштат со европско знаменце излегуваме од Собрание, а ако го пуштат во редовна процедура тогаш ќе го блокираме. Така што тој закон нема да помине како и да е“, заклучи Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-zakonot-za-amnestija-e-ochaen-dil-na-partijata-shto-se-prodade-za-dve-kuki-vo-taftalidhe-i-krimi-svetot-nadevajki-se-deka-taka-ke-obezbedat-glasovi/feed/ 0
Законот за амнестија целосно ќе ослободи 286 лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-tselosno-ke-oslobodi-286-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-tselosno-ke-oslobodi-286-litsa/#respond Thu, 28 Sep 2023 16:31:08 +0000 https://kurir.mk/?p=882922

Од вкупно 2 114 затвореници низ државата со новиот Предлог закон за амнестија целосно се ослободуваат 286 лица, а делумно ослободување од ефектот на 30 проценти добиваат 996 затвореници, изјави министерот за правда, Кренар Лога, на денешниот брифинг со медиумите. Како што кажа министерот, оваа бројка се однесува на лицата кои што се веќе сместени во затворите низ државава, додека, за оние 2 813 кои чекаат да влезат во затвор ќе има дополнителен список од Управата за извршување санкции. Министерот Лога на денешниот брифинг во Министерството за правда информираше дека Предлог законот за амнестија во Собрание ќе влезе по скратена постапка и нема да биде со европско знаменце. Тој потенцираше дека како предлагач, пред пратениците сака лично да го брани ова законско решение. На новинарски прашања зошто покрај достапна пробациска служба, се предлага овој закон, тој образложи дека законот само дополмнително ќе придонесе во растеретувањето на затворските капацитети. Како што информираа надлежните на брифингот, пробациската служба е функционална со 28 пробациски службеници и 11 канцеларии. – Активни пробациски предмети е 450, што е втор по големина затвор од Идризово. Еден ден затворска казна чини 1 000 денари, еден ден под надзор на пробациска служба 50 денари. Оние што се под пробациски мерки нема да подлежат под амнестија, појасни службеничката од пробациската служба. На брифингот беше најавена и изградба на нова зграда во Идризово со капацитет од 900 нови места. -Во моментов имаме изготвени и ревидирани проекти, одобрение за градење. Банката побара од Влада дополнителни средства и немаме никаква пречка тендерот да се распише и за шест до девет месеци би требало да почнеме да градиме. Тоа во капацитет би значело околу 900 нови места и зголемувањето на пробацискиот оптег, посочија службите, дополнувајќи дека планираниот рок на изградба е 4,5 години. Во однос на прашањето дали дел од осуденици од случајот „Монструм“ ќе бидат опфатени со новиот закон, министерот рече дека не сака да навлегува во тоа кој предмет ќе биде опфатен со законот. – Не сакам да навлегувам во тоа кој предмет ќе биде е опфатен со законот, можеби ќе бидат и луѓе од 27 април. Кои предмети спаѓаат во амнестијата не ми значи ништо, рече тој, потенцирајќи дека делото помагање за кое се товарат овие осуденици било предвидено и со законот од 2018 година. Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа кој сѐ би можел да биде опфатен со неа. Според лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни. За премиерот Димитар Ковачевски, блокадата е стратегија на опозицијата која постојано ја применува. Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, Министерството за правда најави дека ќе го достави до Собранието и посочи дека очекува поддршка од сите пратеници за законското решение, чија цел, според нив, е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и растеретување во казнено-поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа. Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 , „Несовесно работење во службата“ од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово-базирано насилство. Амнестијата, како што укажува ресорното Министерство, не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик. Исто така, амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година и не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во државава, како и на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakonot-za-amnestija-tselosno-ke-oslobodi-286-litsa/feed/ 0
Стоилковски: Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-pendarovski-deneska-mora-da-odgovori-koj-toa-baral-od-nego-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-pendarovski-deneska-mora-da-odgovori-koj-toa-baral-od-nego-amnestija/#respond Sat, 16 Sep 2023 11:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=878650

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со ставовите на претседателот Стево Пендаровски искажани во интервју во однос на амнестија и измените на КЗ потенцираше дека Пендаровски денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија. -Пендаровски веќе денеска мора да одговори кој тоа барал од него амнестија? Пендаровски вели дека бил цитирам „консултиран од некои актери на политичката сцена“ за амнестија, па затоа сега мора да биде прецизен и јасен, да наведе кој тоа од политиката го консултирал Пендаровски пред неколку месеци за амнестија?, рече Стоилковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-pendarovski-deneska-mora-da-odgovori-koj-toa-baral-od-nego-amnestija/feed/ 0
Предлог Закон за амнестија по скратена постапка, потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakon-za-amnestija-po-skratena-postapka-potpolno-osloboduvane-za-kazna-zatvor-do-6-mesetsi-nema-amnestija-za-teshki-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakon-za-amnestija-po-skratena-postapka-potpolno-osloboduvane-za-kazna-zatvor-do-6-mesetsi-nema-amnestija-za-teshki-krivichni-dela/#respond Wed, 13 Sep 2023 12:19:33 +0000 https://kurir.mk/?p=877701

Министерството за правда го подготви предлог Законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела.Се очекува тој да биде усвоен на наредната седница на Влада. Предлог законот беше доставен и до координаторите на пратеничките групи во Собрание кои треба да дадат свои забелешки и сугестии. Целта е да се овозможи рестеретување во казнено поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа. Со законот се предлага ,лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилна пресуда. Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела ,, Злоупотреба на службената положба и овластување”од член 353 , ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, сите од Кривичниот закон,за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово -базирано насилство. Амнестијата не се однесува за кривични дела ,,Разбојништво” од член 237 став 5 и ,,Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела ,, Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, ,,Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, ,, Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, ,, Несовесно работење во службата” од член 353-в, ,,Примање поткуп” од член 357, ,, Давање поткуп” од член 358, ,,Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за ,,Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик. Амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година. Амнестијата не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во Република Северна Македонија. Амнестијата не се однесува на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон. Очекуваме поддршка од сите пратеници за ова законско решение, стои во соопштението на Министерството за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predlog-zakon-za-amnestija-po-skratena-postapka-potpolno-osloboduvane-za-kazna-zatvor-do-6-mesetsi-nema-amnestija-za-teshki-krivichni-dela/feed/ 0
Пендаровски: Со ниту една одредба од измените на Кривичниот законик нема амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-nitu-edna-odredba-od-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nema-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-nitu-edna-odredba-od-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nema-amnestija/#respond Fri, 08 Sep 2023 09:48:29 +0000 https://kurir.mk/?p=875967

Со измените на Кривичниот закон нема никаква амнестија. Ниту една одредба не го предвидува тоа. Се скратуваат затворските казни за некој дел, па ако биле десет, сега се пет години или ако биле пет, сега се четири години. Значи, затворот останува. Исто така, се проширува или олеснува процедурата за конфискација на имот. Вака утрово претседателот на државата Стево Пендаровски во телевизиско гостување одговори на прашањето во врска со донесувањето на измените на Кривичниот законик кое помина во Собранието по скратена постапка и со европско знаменце. -Кога потпишувам закон, кажувам зошто го потпишувам, кога не потпишувам исто така имало случаи. Прво, се создаде една заблуда во јавноста дека станува збор за амнестија, па дури и чув изрази кои никогаш не сум ги чул во животот иако сум правник - „некаква скриена амнестија“. Такво нешто не постои. Амнестија е кога јас тебе сосема ќе те ослободам од издржување казна затвор, ниту ќе почнеш да издржуваш, а ако си на издржување – излегуваш. Нема ниедна одредба од овој Закон која тоа го прави. Значи, нема никаква амнестија. Има прво, се скратуваат казните затвор за некој дел, ако биле 10 сега се пет години, ако биле 5 сега се 4 години, значи затворот останува, казната затвор останува и што се случува друго? Се случува проширување или олеснување на процедурата за таа конфискација на имот. И сега тука е главната работа која мене ми даде за повод да го потпишам Законот и да го образложам бидејќи имав на тема и образложение во јавноста, рече Пендаровски за утринската програма на ТВ Сител. Досега, додаде, имавме т.н. проширена конфискација на имот. -За жал, нашите судии тоа многу, многу не го користат. Имаме еден или два јавно познати случаи, зборувам за поголемите случаи каде што е бајаги пара украдена од народот кога се спомнува дека нечиј имот ќе оди на продажба затоа што има таква мерка. Ние генерално, не само судиите, менталитетот наш е дај му 20 години затвор нека скапе, ова другото е запоставено. Европските трендови се обратни. Ќе си лежи затвор ама не 20 години, ќе лежи 2, 3, 4 години за тоа што го направил утврдено со суд ама да ги врати парите до последно зашто мотивот за коруптивно однесување е да ги заработиш парите, па сигурно сте слушнале „па можам да одлежам некоја година, ама ова ќе ми остане“. Ако не ти остане, немаш мотив да го правиш тој криминал. Со Законов се олеснува т.н. проширена конфискација на имот и тоа мислам дека е една битна работа – со тоа што судиите треба да почнат стварно да го применуваат. Значи, и сега го имаме, и уште полесно се олеснува, но дај боже судската пракса да се промени во таа насока. Многу луѓе и обичен народ ќе ти рече „не мора ни да лежи само да врати до последно што ми украл мене, тебе, народот“. Такво нешто досега немаме видено во овие 32 години, истакна Пендаровски. Спортед шефот на државата, никогаш проблемите што ги имаме, а ги имаме, како што рече, многу, во различни области, не се затоа што законите се лоши. -Проблемите што ги имаме се од луѓето кои или не ги применуваат законите или селективно ги применуваат или наоѓаат дупки во законите, заклучи Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-nitu-edna-odredba-od-izmenite-na-krivichniot-zakonik-nema-amnestija/feed/ 0
„Паѓаат – СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а фолирантите Левица не беа против“ – обвинува ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pagaat-sds-i-dui-glasaa-za-amnestija-na-nivnite-kriminali-a-folirantite-levitsa-ne-bea-protiv-obvinuva-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pagaat-sds-i-dui-glasaa-za-amnestija-na-nivnite-kriminali-a-folirantite-levitsa-ne-bea-protiv-obvinuva-vmro-dpmne/#respond Thu, 07 Sep 2023 07:10:28 +0000 https://kurir.mk/?p=875538

СДС и ДУИ гласаа за амнестија на нивните криминали, а спотерот, фолирантите од Левица не гласаа против измените на Кривичниот законик. СДС и ДУИ гласаа за амнестија на својот криминал изминативе 6 години и знаат дека со сигурност паѓаат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат судовите повеќе под нивна контрола и ќе треба да одговараат за криминалот кој го прават, па затоа ги намалуваат казните. Левица е лицемерна како и секогаш, наместо да се бори против и да гласа против амнестијата на криминалците од СДС и ДУИ тие им помагаат. Левица е параван за политиките на СДС и ДУИ. Левица е за амнестија на криминалците од власта, се наведува во партиското соопштение. „Ковачевски е премиерот кој ќе остане како лидер на најнеспособната власт, а Димитар Апасиев како човек кој преку шарената револуција и криминалното СЈО помогнал да се востоличи таа најнеспособна власт на СДС и ДУИ. Треба да знаат ДУИ и СДС дека ме ги спасува амнестијата, и правда ќе има“ - посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pagaat-sds-i-dui-glasaa-za-amnestija-na-nivnite-kriminali-a-folirantite-levitsa-ne-bea-protiv-obvinuva-vmro-dpmne/feed/ 0
Албанија ќе амнестира околу 600 затвореници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ke-amnestira-okolu-600-zatvorenitsi-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ke-amnestira-okolu-600-zatvorenitsi-2/#respond Wed, 06 Sep 2023 14:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=875268

Албанската влада е подготвена за амнестија на затвореници, откако работната група предводена од министерот за правда Улси Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите, го подготви предлог-законот за амнестија. „Ветувањата не се забораваат, амнестија“, кусо напиша министерот Мања постирајќи фотографии од неговиот кабинет како го прелистува Предлог-законот. -Со оваа амнестија ќе бидат опфатени 600 лица кои во моментов издржуваат казна во албанските затвори. Предвидено е да се опфатат и оние затвореници на кои им остануваат уште три години затвор. Девојките и жените ќе имаат најбројни со амнестијата. Од неа строго се исклучени лицата кои издржуваат казна за семејно насилство, организиран криминал, трговија со дрога или злоупотреба на службената положба и корупција, јави Топ чанел. Додава дека се очекува да се амнестираат лица кои издржуваат казна за поседување на мали дози наркотици како канабис, осудени за градење без дозвола, вклучително и оние за лесни и нискоризични кривични дела. Предлог-законот треба да биде изгласан во парламентот на почетокот од идниот месец. Во Албанија последната амнестија беше онаа од 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-ke-amnestira-okolu-600-zatvorenitsi-2/feed/ 0