амонијак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Jan 2023 06:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png амонијак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амонијак истече од цистерна кај Панчево: Едно лице во болница, евакуирано населението https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amonijak-isteche-od-tsisterna-kaj-panchevo-edno-litse-vo-bolnitsa-evakuirano-naselenieto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amonijak-isteche-od-tsisterna-kaj-panchevo-edno-litse-vo-bolnitsa-evakuirano-naselenieto/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=786705

Истекување на амонијак од цистерна се случило синоќа во населбата Топол кај Панчево. Како што јавуваат српските медиуми, на едно лице му е пружена медицинска помош и е пренесено во болница каде е под кислородна терапија. Според медиумите, истекувањето се случило околу 23 часот. Полициски и противпожарни екипи се на лице место. Евакуирани биле жителите од околу десет куќи кои се наоѓале во непосредна близина. Како што се наведува, повеќе нема опасност за граѓаните.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amonijak-isteche-od-tsisterna-kaj-panchevo-edno-litse-vo-bolnitsa-evakuirano-naselenieto/feed/ 0
Започна отстранувањето на Амонијакот во Пирот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-otstranuvanjeto-na-amonijakot-vo-pirot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-otstranuvanjeto-na-amonijakot-vo-pirot/#respond Sun, 08 Jan 2023 09:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=784606

Автопатот кон Ниш нема да биде затворен и сообраќајот ќе се одвива нормално. Прво, амонијакот ќе се префрли во камиони-цистерни, а потоа ќе се отстранат цистерните. Еден од првите чекори ќе биде преносот на содржината од цистерната број 13. Во наредните денови, цистерните ќе се отстрануваат сукцесивно, една по една, соопштија од Штабот за вонредни состојби на Град Пирот. На граѓаните им беше препорачано да не се приближуваат до локацијата Сопотски хан доколку не е апсолутно неопходно, како заради сопствената безбедност, така и поради непречената работа на стручните служби на терен, пренесе РТС.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-otstranuvanjeto-na-amonijakot-vo-pirot/feed/ 0
Во Пирот се уште вонредна состојба, и натаму има протекување на амонијак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-pirot-se-ushte-vonredna-sostojba-i-natamu-ima-protekuvanje-na-amonijak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-pirot-se-ushte-vonredna-sostojba-i-natamu-ima-protekuvanje-na-amonijak/#respond Tue, 27 Dec 2022 08:23:34 +0000 https://kurir.mk/?p=780982

Во Пирот се уште е на сила вонредната состојба поради истекување на амонијак од вагон-цистерна кој излета од шините на десетина километри од градот, а според последните анализи на воздухот, во градот нема амонијак, но гасот од резервоарот се уште протекува, па концентрациите во тој дел се зголемени, јави денеска РТС. Училиштата и градинките и денеска нема да работат. Двајца мажи починаа, а обдукцијата ќе покаже дали причината за смртта е труење со амонијак. Од околу 50 повредени во болниците во Пирот и Ниш, 11 се задржани на лекување. Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Пирот Зоран Николиќ за РТС изјави дека водоснабдувањето на градот не е доведено во прашање, бидејќи не се снабдува од отворени водотеци, реки и езера, туку од извори. -Сè е затворено и затоа постои минимална веројатност да се случи некакво загадување во однос на квалитетот на водата, рече Николиќ и истакна дека Пирот има и фабрика за вода, која, како што вели, може да помогне доколку се случи некој проблем. Тој посочува дека водата во Пирот е сосема исправна, дека водоснабдувањето е редовно, но поинаква е ситуацијата во Станичење каде се излизга вагонот-цистерна.
-Ситуацијата е поинаква, локалниот извор во Станичење е на 150 метри од Нишава. Иако анализите покажаа дека и водата е исправна, дека нема присуство на амонијак, рече Николиќ. Како што вели, квалитетот на водата се следи дење и ноќе, а се вршат и вонредни и редовни контроли. Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ изјави дека резултатите се многу подобри кога станува збор за контаминација на воздухот и водата со амонијак во тој град и дека очекува од утре децата да се вратат во училишните клупи, а вработените на своите работни места. Васиќ за РТС вели дека е поставена мобилна станица која го мери квалитетот на воздухот во индустриската зона, која го мери амонијакот. -Од час во час присуството на амонијак е во белата зона. Не е ни во зелената зона, што е прифатливо, туку под границата. Исто така, голем пад на амонијак е забележан во Нишава кај Бела Паланка, изјави Васиќ. Градоначалникот Пирот очекува на денешната седница на Кризниот штаб да биде укината препораката за затворање училишта и работни организации.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-pirot-se-ushte-vonredna-sostojba-i-natamu-ima-protekuvanje-na-amonijak/feed/ 0
Прва жртва по истекувањето на амонијакот: Пронајдено тело во близина на пругата во Пирот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-po-istekuvanjeto-na-amonijakot-pronajdeno-telo-vo-blizina-na-prugata-vo-pirot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-po-istekuvanjeto-na-amonijakot-pronajdeno-telo-vo-blizina-na-prugata-vo-pirot/#respond Mon, 26 Dec 2022 11:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=780535

Припадници на пожарникарите утрово нашле тело на напознат маж во близина на приугата во Пирот, јавуваат српските медиуми. Телото е најдено на околу 70 метри од вовот кој превезуваше цистерни со амонијак, од кои четири се превртеа. Новинар на Пирот плус онлајн, Н.П. успеал да дојде до местото каде вчера се преврте вагон од кој истече амонијак. Како што наведува за порталот, на местото затекнал безживотно тело на маж, по што веднаш пријавил во Итната помош. Н.П. направил снимка од возот, но брзо морал да се оддалечи, затоа што почувствувал тегби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-po-istekuvanjeto-na-amonijakot-pronajdeno-telo-vo-blizina-na-prugata-vo-pirot/feed/ 0
Запрено истекувањето на амонијак во Суми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapreno-istekuvanjeto-na-amonijak-vo-sumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapreno-istekuvanjeto-na-amonijak-vo-sumi/#respond Mon, 21 Mar 2022 08:16:36 +0000 https://kurir.mk/?p=650482

Истекувањето на амонијак од хемиска фабрика во Суми кое загади поширока област е запрено, јавуваат украински официјални лица. Гувернерот на областа, Дмирто Живички не откри што е причината за истекувањето, а загадувањето се проширило на околу 2,5 километри од сите правци од фабриката која произведува ѓубриво. Фабриката се наоѓа на источниот дел од градот со околу 263.000 жители, кој последните недели е под чести напади на руските сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapreno-istekuvanjeto-na-amonijak-vo-sumi/feed/ 0
Отровен амонијак истекува од фабрика во Суми, апел до жителите да се засолнат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otroven-amonijak-istekuva-od-fabrika-vo-sumi-apel-do-zitelite-da-se-zasolnat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otroven-amonijak-istekuva-od-fabrika-vo-sumi-apel-do-zitelite-da-se-zasolnat/#respond Mon, 21 Mar 2022 07:15:08 +0000 https://kurir.mk/?p=650439

Многу отровен амонијак истекол утринава од хемиска фабрика во Суми на североистокот во Украина. Дмитро Живички, предводник на регионалната управа на Суми, ја информира јавноста за истекување и апелираше до жителите во радиус од пет километри од фабрика да се засолнат во подрумите или становите во приземје за да избегнат контакт со отровната хемикалија. Гасот со јак мирис е полесен од воздухот. Живички не кажал која е причината за истекувањето на амонијакот. Минатата недека, руската војска ја обвини Украина дека подготвува хемиски напад на цивили за кој планира да ја обвини Русија. Западните држави неодамна истакнаа дека зголемен е ризикот за можноста Русија да употреби биолошко или хемиско оружје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otroven-amonijak-istekuva-od-fabrika-vo-sumi-apel-do-zitelite-da-se-zasolnat/feed/ 0