Аморгос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Dec 2021 08:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аморгос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се вакцинираше единствената жителка на малиот грчки остров Кинарос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakcinirashe-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakcinirashe-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros/#respond Thu, 16 Dec 2021 08:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=609161

Мобилна единица на Националната организација за јавно здравје на Грција и покрај силниот ветер стигнала на малиот, оддалечен грчки остров Кинарос за да ја вакцинира единствената жителка на островот, 76- годишната Ирини Кацотурхи, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на соседниот остров Аморгос, Лефтерис Карајску за грчката телевизија ЕРТ откри дека „госпоѓа Рињо“, како што во Грција ја нарекуваат Кацотурхи, пред една седмица изразила желба да се вакцинира. -Отидовме со поштата, која островот го посетува на 15 дена. Имаше силен ветер, пет – шест бофор, отидовме со докторот и медицинската сестра и ја вакциниравме. Сѐ помина во ред. Мислам дека пораката што единствената жителка ја испраќа од Кинарос, е јасна. Тоа е порака на одговорност кон самите себе и кон општеството, рече Карајску. Во однос на патувањето до Кинарос, градоначалникот објасни дека под нормални услови трае еден и пол час, а сега им биле потребни четири и пол часа за да стигнат, поради силниот ветер и лошото време. Ирини Кацотурхи родена е на Аморгос, но израснала на Кинарос. Откако се омажила поминала извесно време со сопругот и децата во Австралија, а по враќањето, со нејзиниот сопруг во 2000 се преселиле на Кинарос. По смртта на сопругот во 2013, таа веќе осум години живее сама на островот. Неопходните продукти на островот се носат еднаш седмично од соседниот остров Аморгос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakcinirashe-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros/feed/ 0