ампули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Sep 2021 12:57:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ампули – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пациенти на Инфективна ги примиле скапите ампули со кои Доналд Трамп се лекуваше од ковид, еве какви се резултатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacienti-na-infektivna-gi-primile-skapite-ampuli-so-koi-donald-tramp-se-lekuvashe-od-kovid-eve-kakvi-se-rezultatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacienti-na-infektivna-gi-primile-skapite-ampuli-so-koi-donald-tramp-se-lekuvashe-od-kovid-eve-kakvi-se-rezultatite/#respond Mon, 27 Sep 2021 12:57:56 +0000 https://kurir.mk/?p=568925

Терапијата за лекување ковид која се прослави откако екс претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ја примал и се излекувал со неа – моноклонални антитела – предизвика огромно внимание во земјава. Нова надеж e и фактот што Министерството за здравство ги набави овие ампули на средината на летото и истите беа дистрибуирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, во континуиран ладен синџир. Ампулите се скапи, околу 2 илјади евра во доза и бараат посебни услови за чување, мерење на температурата и  во земјава единствено ги има на Инфективната клиника. „Слободен печат“ ја праша директорката на Инфективната клиника доктор Милена Стевановиќ какви се досегашните искуства од ординирањето на оваа терапија, кај кои пациенти се дава и каков е исходот од лекувањето. -Моноклоналните антитела се антитела кои се даваат кај пациенти со ковид кои не развиле клинички слики, не се кислородно зависни, а притоа имаат сериозни коморбидитети за фатален исход од болеста. Досега на Инфективната клиника ја аплициравме кај млади пациенти со акутни хематолошки заболувања, со трансплантации како хематолошки и други, односно кај пациенти со малигна болест на почеток, а не во терминален стадиум. Кога им се аплицираше оваа терапија симптомите останаа многу слаби и не развија тешка болест. Досега сме ја дале оваа терапија кај дваесетина луѓе, рече доктор Стевановиќ. Набавените количини се доволни за околу 1.200 пациенти, а за да се аплицираат моноклоналните антитела според македонскиот протокол, пациентот мора да има барем неколку хроничнни заболувања, или да е имуносупримиран но со перспектива – односно малигното заболување да не биде во терминална фаза. Значи, се препорачува да ја примат млади пациенти со бубрежни болести, хронични дијабетичари. Светската здравствена организација пред три дена ги воведе моноклоналните антитела во својот официјален протокол за лекување ковид, со строга индикација да се даваат кај пациенти со највисок ризик од хоспитализација, затоа што според нив, има огромен интерес кај пациентите во почетните стадиуми на ковид да ги примат овие ампули, пренесе Слободен печат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacienti-na-infektivna-gi-primile-skapite-ampuli-so-koi-donald-tramp-se-lekuvashe-od-kovid-eve-kakvi-se-rezultatite/feed/ 0
Скандал: Докторка од Охрид лекувала несовесно и продавала ампули на родилки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-doktorka-od-ohrid-lekuvala-nesovesno-i-prodavala-ampuli-na-rodilki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-doktorka-od-ohrid-lekuvala-nesovesno-i-prodavala-ampuli-na-rodilki/#respond Fri, 22 Dec 2017 12:40:11 +0000 http://kurir.mk/?p=778

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54-годишна докторка од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“ и три кривични дела “несовесно лекување болни од страна на лекар“. Како што информираат од МВР, во 2017 година, пријавената, гинеколог акушер за прием и породување на родилки, на родилките и членовите на нивни семејства им продавала ампули за полесно породување. При тоа им наплаќала износи во готово, без да им издаде сметка за извршеното плаќање. На тој начин пријавената се стекнала со материјална корист од 19.300 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skandal-doktorka-od-ohrid-lekuvala-nesovesno-i-prodavala-ampuli-na-rodilki/feed/ 0