Ан Линде – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Apr 2022 10:29:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ан Линде – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Линде: Русија не смее да ѝ се заканува на Шведска, БиХ да ја следи ЕУ во однос на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/linde-rusija-ne-smee-da-se-zakanuva-na-shvedska-bih-da-ja-sledi-eu-vo-odnos-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/linde-rusija-ne-smee-da-se-zakanuva-na-shvedska-bih-da-ja-sledi-eu-vo-odnos-na-ukraina/#respond Tue, 12 Apr 2022 10:29:49 +0000 https://kurir.mk/?p=661812

Шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, денеска во Сараево ги оцени како апсолутно неприфатливи, руските закани, поради можно приклучување на нејзината земја, како и на Финска, во НАТО. Од Босна и Херцеговина, таа побара да ја следи политиката на Европската Унија во однос на војната во Украина, јави Хина. – Потполно е неприфатливо Русија, на било каков начин, да им се заканува на Шведска или Финска, затоа што на граѓаните е да одлучат за својата безбедносна политика, изјави Линде за време на службената посета на Босна и Херцеговина. Коментирајќи ги заканите кон нејзината земја од Москва, вклучувајќи ја и изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таа додаде дека безбедносната состојба во Европа е драматично променета по руската агресија на Украина, што предизвика страшни уништувања, човечки страдања, бран од милиони бегалци. Тоа ги поттикнало владите на двете земји да ги ревидираат нивните долгогодишни политики на воена неутралност, па затоа ја разгледуваат можноста да се приклучат во НАТО. – Рускиот напад на Украина е непредизвикан, незаконски и не може со ништо да се оправда, затоа Шведска заедно со ЕУ стои покрај Украина, истакна министерката. Таа додаде дека целиот свет мора да биде обединет во спротивставувањето на руската агресија. Линде ја повика Босна и Херцеговина целосно да ја усогласи својата политика во однос на ситуацијата во Украина, со таа на ЕУ, како и активно да се вклучи во борбата против дезинформации. Според министерката, во светло на влошената безбедносна ситуација на европскиот континент, потребно е политичарите во Босна и Херцеговина да покажат поодговорно однесување. Таа особено ги повика официјалните претставници на босанските Срби, да престанат да ја блокираат работата на централните државни органи. Линде посочи дека Шведска е подготвена да ја следи политиката со санкции на ЕУ, кон политичари од Босна и Херцеговина, кои ги поткопуваат стабилноста и суверенитетот на земјата. Таа изрази жалење што немало договор за нов изборен закон во Босна и Херцеговина. Но, јасно нагласи дека е од клучно значење, изборите да се одржат оваа есен според постоечките правила, за што пак, властите треба да ги обезбедат потребните средства од државниот буџет. Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ изјави дека земјата ја осудува руската агресија на Украина и очекува што побргу да се запре. Околу парите за избори, таа појасни дека можно е државниот буџет да биде усвоен до 25 април, па тој проблем би бил решен. Турковиќ најави дека високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит наскоро би можел да посегне по своите овластувања и да го укине законот, со што Република Српска го презеде управувањето со имотот во сопственост на БиХ. – Ако законот не се повлече, сигурно ќе дојде до негово поништување, истакна Турковиќ. Таа додаде дека верува оти ќе се продолжи со воведување санкции за политичари, кои ја поткопуваат стабилноста на Босна и Херцеговина и го кршат Дејтонскиот договор, како што веќе се казнети членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателката на РС, Жељка Цвијановиќ. – Сведоци сме само на почетокот (на воведувањето санкции) и верувам дека секој, кој ја загрозува сигурноста, ќе сноси санкции, подвлече Турковиќ, коментирајќи ја казната од Велика Британија за Додик и Цвијановиќ со забрана за патување и замрзнување на имотот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/linde-rusija-ne-smee-da-se-zakanuva-na-shvedska-bih-da-ja-sledi-eu-vo-odnos-na-ukraina/feed/ 0
Кавга меѓу Чавушоглу и шведската колешка пред новинари во Анкара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kavga-megju-chavushoglu-i-shvedskata-koleshka-pred-novinari-vo-ankara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kavga-megju-chavushoglu-i-shvedskata-koleshka-pred-novinari-vo-ankara/#respond Tue, 13 Oct 2020 16:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=415889

Шведската министерка за надворешни работи Ан Линде и забележа денеска на Турција дека ја ограничува слободата на говор, бидејќи нејзиниот турски колега Мевлут Чавушоглу ја нападна политиката на Стокхолм за време на заедничката прес-конференција, која прерасна во караница. Чавушоглу и забележа на Линде што ја повикува Турција да ги повлече своите трупи од Сирија, и ја обвини Шведска дека ги поддржува курдските екстремисти и молчи поради наводното грчко малтретирање на мигранти, кое Атина го демантира. – Сакам да ве прашам: со чиј авторитет и кажувате на Турција да се повлече од Сирија или ја предупредувате Турција?, праша Чавушоглу. Тој исто така додаде дека „ако сте толку чувствителни на човековите права, зошто тогаш еднаш не ја критикувате Грција?“. – Јас сум баша гостинка. Не би сакала тука да водам расправа. Само се надевам дека сите во Турција ќе имаат можност да ги изразат своите ставови искрено како и вие, министре, изјави Линде на прекорот на Чавушоглу.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kavga-megju-chavushoglu-i-shvedskata-koleshka-pred-novinari-vo-ankara/feed/ 0
Шефицата на шведската дипломатијa во Скопје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-shvedskata-diplomatija-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-shvedskata-diplomatija-vo-skopje/#respond Mon, 18 Nov 2019 06:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=265152

Министерката за надворешни работи на Кралство Шведска, Ан Линде денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на нејзиниот македонски колега, шефот на дипломатијата Никола Димитров. Како што соопшти МНР, Линде во рамки на посетата ќе биде примена и од претседателот на државата Стево Пендаровски, а ќе се сретне и со вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. На средбите се очекува да бидат разменети мислења за домашните случувања, реформската агенда и следните чекори поврзани со европската перспектива на Македонија по октомврискиот Европски совет, потоа за регионалната динамика и други актуелни меѓународни прашања, како и за севкупните билатерални односи и соработка меѓу Македонија и Шведска, наведуваат од МНР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sheficata-na-shvedskata-diplomatija-vo-skopje/feed/ 0