Ана Андреевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Oct 2023 09:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ана Андреевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 До бебе по патот на ин витро: Жените кои водат иста битка си подаваат раце, имаат заеднички цели и заедно се посилни! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-bebe-po-patot-na-in-vitro-zhenite-koi-vodat-ista-bitka-si-podavaat-ratse-imaat-zaednichki-tseli-i-zaedno-se-posilni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-bebe-po-patot-na-in-vitro-zhenite-koi-vodat-ista-bitka-si-podavaat-ratse-imaat-zaednichki-tseli-i-zaedno-se-posilni/#respond Mon, 09 Oct 2023 09:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=886853

Има една многу тешка борба. Ја водат херои и хероини. Патот им е послан со трња, но целта им е светост и не постои пречка која ќе ги запре. Одат со крената глава, а со болка во душата, се движат со големи чекори, а неретко со насолзени очи. Изгледаат силни како карпи, а се меки како памук. Зборуваме за мајките кои ја водат битката да добијат дете со инвитро. Меѓусебно најдобро си ја разбираат и болката и радоста, затоа не се оставаат поединечно да ја водат таа битка. Си пружаат раце една на друга и заедно се посилни. Се сплотија во Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ин витро. Здружението ги повикува сите заинтересирани на првата кафе средба за сите оние кои ја водат битката со инвитро. Една од причините за овој настан е да се претстави новиот претседател на здружението Ана Андреевска, а воедно и да се споделат искуства, идеи и да се слушне што е она што им е најпотребно на овие луѓе, како и на кој начини ова здружение ќе може подобро да им помогне. -Понесете ја вашата добра енергија која им е потреба на нашите соборци во ова патување. Влезницата чини 200 денари, велат од здружението. Целите на здружението се: -Да се пронајде решение да се зголеми бројот на ваучери од Фондот за здравство на РМ за прво дете од сегашните 3 ( три ) на најмалку 5 ( пет ). -Секој град и општина во нашата држава да издвојува парични средства за финансирање на ин витро постапката за прво дете ( вклучувајќи го и ин витрото со дониран матерјал ) на оние парови и поединци кои ги искористиле сите 3 ( три ) ваучери за прво дете и не се оствариле како родители. -Изнајдување начин за финансирање на трошоците од страна на Фондот за здравство на РМ на паровите и поединците, на кои единствено остварување родителство им е само по пат на ин витро со дониран матерјал. -Да се стави на позитивна листа поголемиот дел од потребната терапија за ин витро. -Да се рефундираат парите на поголемиот дел од потребната терапија за ин витро. -Процедурата на ин витро со дониран матерјал да е финансиски достапна за секој кој има потреба од истата. -Да се подигне свеста на јавноста за самиот процес на ин витро. -Да се пронајде решение да во склоп на самиот ваучер од Фондот за здравство на РМ е вклучен и психолог. -Да секоја Клиника за ин витро има вклучено психолог кој ќе работи во текот на постапката со пациентите без финансиски надоместок од страна на пациентите. -Активности на Здружението ќе се да организира самостојно или заедно со други организации, правни или физички лица преку советување, семинари и други форми на едукација во областа на ин витро. -Организација и организирање на собири од едукативни цели со медицински лица и стручни лица од областа на ин витро, како и со лица инволвирани во самиот ин витро процес. -Соработка со медицински установи, ин витро центри, фармацевтски куќи, лаборатории, министерства, приватни и државни органи, општини и тн. Кои ќе ни помогнат во остварување на целите , преку кои ќе се олесни патот за остварување на право на родител. -Начелата врз кои се темели работата на здружението се независност, јавност и транспарентност, непрофитност, непартиско дејствување, иницијативи во јавниот живот, хуманост, партнерство, етичност, еднакви можности и одржливост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-bebe-po-patot-na-in-vitro-zhenite-koi-vodat-ista-bitka-si-podavaat-ratse-imaat-zaednichki-tseli-i-zaedno-se-posilni/feed/ 0