ана дурловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Mar 2020 12:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ана дурловски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ана Дурловски триумфираше на женевската сцена, пишуваат швајцарските критичари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ana-durlovski-triumfirashe-na-zenevskata-scena-pishuvaat-shvajcarskite-kritichari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ana-durlovski-triumfirashe-na-zenevskata-scena-pishuvaat-shvajcarskite-kritichari/#respond Tue, 03 Mar 2020 12:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=311478

Ни металниот призвук во гласот, ни нерафинираниот француски нагласок не ја намалија вредноста на нејзината цврста и сигурна песна. Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна, поготово кога ја одигруваше забавната сцена на заведувањето на Раул што го толкува Американецот Џон Озборн. Вака женевските медиуми го опишаа настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски во „Хугените” на германскиот композитор Џакомо Мејербер. Според швајцарските критичари, Озборн и Дурловски триумфираа во своите главни улоги, под визионерската музичка режија на Марк Минковски. Како што стои во соопштението до медиумите, операта „Хугените” имаа привилегија да ја видат само околу 1.000 посетители на Гранд театарот во Женева, бидејќи швајцарските власти превентивно, поади опасноста од коронавирусот, забранија поголеми собири. -Свесни дека денес операта „Хугените” (“Протестанти”) не е возможно да се претстави во оригиналниот облик, режисерите Jossi Vieler и Sergio Morabito одлучиле љубовната приказна помеѓу протестанти и католици, толку испреплетена со историскиот контекст на Meierbeer-овата опера да ја освежат со сместување на дејствието во филмско студио во златното време на Холивуд. Да отидат толку далеку што со многу хумор кој ќе ги олесни трагичните историски моменти во кои се збива дејствието ќе го опуштаат гледачот. За финалето испланирале бурлеска меѓу кралицата Marguerite de Valois (Ана Дурловски) и Raoul Huguenot, што од сите беше опишано како сјаен сценски момент, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ana-durlovski-triumfirashe-na-zenevskata-scena-pishuvaat-shvajcarskite-kritichari/feed/ 0
Оперската ѕвезда Ана Дурловски настапи на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operskata-dzvezda-ana-durlovski-nastapi-na-novogodishniot-koncert-na-minhenskiot-radiski-orkestar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operskata-dzvezda-ana-durlovski-nastapi-na-novogodishniot-koncert-na-minhenskiot-radiski-orkestar/#respond Fri, 03 Jan 2020 10:45:29 +0000 https://kurir.mk/?p=285132

Македонската оперска ѕвезда Ана Дурловски со петминутни овации беше поздравена од публиката на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар. Во престижната концертна сала „Херкулесал“ во Минхен таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ. Дурловски од страна на германското БР радио беше најавена како „македонската дива и еден од најзначајните солисти на штутгардската опера”. Концертот беше пренесуван во живо на веб страницата на германското радио. На новогодишниот концерт таа носеше креации на нашата креаторка Тања Кокев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operskata-dzvezda-ana-durlovski-nastapi-na-novogodishniot-koncert-na-minhenskiot-radiski-orkestar/feed/ 0
Се отвора Дурловски академија: Наш е редот да го пренесеме тоа што сме го научиле https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/se-otvora-durlovski-akademija-nash-e-redot-da-go-preneseme-toa-shto-sme-go-nauchile/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/se-otvora-durlovski-akademija-nash-e-redot-da-go-preneseme-toa-shto-sme-go-nauchile/#respond Thu, 12 Sep 2019 13:16:51 +0000 https://kurir.mk/?p=239914

Македонските оперски пејачи Ана и Игор Дурловски по 20 години решија своето знаење да го пренесат на свои ученици па денеска гордо објавија дека ја отвораат Академијата Дурловски. Нивната цел е своето знаење и искуство да го пренесат на ученици и да им помогнат правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности. Во Академијата за вокална уметност ДУРЛОВСКИ ќе можете да се запознаете со импостација на гласот, техники на дишење, вокална анатомија, поправање на погрешно поставен глас и аномалии во пеењето, подготовка за аудиции, испити, натпревари, концерти и претстави. Доколку сте заинтересирани за изучување на вокалната уметност и да бидете чекор поблиску до Вашата цел, Ве очекуваме да го споделиме знаењето и искуството стекнато на светските сцени. Академија ДУРЛОВСКИ ќе започне со работа на 1 октомври 2019. Просторот е лоциран на вториот кат во Ристиќева Палата на Плоштад Македонија, стои на официјалната Фејсбук страна на Академијата. Инаку Ана Дурловски е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 – 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е добитник на највисокото признание во областа на културата, титулата национален уметник за 2015 година. Игор Дурловски пак студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена. Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта “Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/se-otvora-durlovski-akademija-nash-e-redot-da-go-preneseme-toa-shto-sme-go-nauchile/feed/ 0
Ана Дурловски ја воодушеви јапонската публика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ana-durlovski-ja-voodushevi-japonskata-publika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ana-durlovski-ja-voodushevi-japonskata-publika/#respond Fri, 20 Apr 2018 10:12:11 +0000 https://kurir.mk/?p=43642

Ана Дурловски реализираше турнеја со Берлинската комична опера со четири изведби во Токио, Хирошима и Осака. Премиерното прикажување на современата продукција во Јапонија, на една од најпознатите опери на Моцарт, “Волшебната флејта“, во која токму Дурловски ја толкува главната улога како Кралица на ноќта, е дело на светски познатиот режисер Бери Коски. По бројните изведби на оваа исклучителна иновативна продукција во повеќе светски центри, јапонската публика имаше можност да ужива во прекрасната изведба на нашата оперска дива од светски калибар, која предизвика овации на познатите моцартови арии. Последниот настап на Ана Дурловски на домашната оперска сцена беше минатата година, на отворањето на Мајските оперски вечери, во провокативната постановка на Травијата која изненади со еротските сцени и разголени вокалисти и позитивните критики на стручната јавност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ana-durlovski-ja-voodushevi-japonskata-publika/feed/ 0
Ванковска: Поголем срам од притворот за Дурловски е МОЛКОТ на медиумите, активистите и интелектуалците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vankovska-pogolem-sram-od-pritvorot-za-durlovski-e-molkot-na-mediumite-aktivistite-i-intelektualcite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vankovska-pogolem-sram-od-pritvorot-za-durlovski-e-molkot-na-mediumite-aktivistite-i-intelektualcite/#respond Sun, 31 Dec 2017 08:32:43 +0000 http://kurir.mk/?p=4622

Драмата на семејството на оперските пејачи од светски глас Ана и Игор Дурловски по притворањето на сопругот за настаните од 27 април во македонското Собрание се најде и на страниците на најтиражниот германски и европски магазин „Билд“. Најпродаваниот неазиски весник и осми по тираж во светот за тоа низ што минуваат веќе еден месец сопранистката Ана и басот Игор пишува во написот со наднаслов „Осомничен за тероризам“ и со наслов „Уапсен сопругот на ѕвездата на Земперопер“. -Во февруари таа ќе биде Кралицата на ноќта во ‘Волшебната флејта’ од Моцарт на сцената на ‘Земперопер’: оперската ѕвезда Ана Дурловски (39). Меѓутоа, пред тоа сопранистката од Македонија се соочува со тажна новогодишна ноќ. Нејзиниот сопруг ненадејно беше уапсен и се наоѓа во притвор во својата татковина поради сомнение за наводен тероризам, пишува „Билд“. „Петнаесет униформирани лица пристигнаа во шест часот наутро и го зедоа Игор со нив пред очите на нашиот најстар син’, се пожали пејачката по настапот во Штутгарт. Тој, наводно, е вклучен во упадот во Парламентот во Скопје пролетоска. Ана Дурловски (три деца) е сигурна: Игор нема никаква врска со тоа, тој во тоа време протестираше за демократија“, се додава во текстот. „Во меѓувреме, не само адвокати, туку и оперски колеги од Германија бараат ослободување на познатиот оперски пејач. Неговата сопруга се надева дека тој повторно ќе биде на слобода до нејзината изведба во ‘Земперопер’ на 17 февруари“, завршува написот. Кривичен суд денеска му го продолжи притворот на Игор Дурловски за уште 30 дена, како и на другите 35 лица осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Ванковска: Поголем срам од притворот е МОЛКОТ на медиумите и активистите! -Поголем срам од притворот е МОЛКОТ на медиумите, активистите за човекови права и интелектуалците! Некои молчат поради индоленција, други од страв, трети мрморат со злорадост... Срамота е и за правната фела која знае дека мерката притвор, како и порано, така и сега под новиот режим, е казна! Затоа е неправедна и од Македонија прави земја со политички, а не терористички притвореници, коментира професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vankovska-pogolem-sram-od-pritvorot-za-durlovski-e-molkot-na-mediumite-aktivistite-i-intelektualcite/feed/ 0
Ана Дурловски за „Билд“: Игор протестираше за демократија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-za-bild-igor-protestirashe-za-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-za-bild-igor-protestirashe-za-demokratija/#respond Sun, 31 Dec 2017 08:30:35 +0000 http://kurir.mk/?p=4626

Драмата на семејството на оперските пејачи од светски глас Ана и Игор Дурловски по притворањето на сопругот за настаните од 27 април во македонското Собрание се најде и на страниците на најтиражниот германски и европски магазин „Билд“. Најпродаваниот неазиски весник и осми по тираж во светот за тоа низ што минуваат веќе еден месец сопранистката Ана и басот Игор пишува во написот со наднаслов „Осомничен за тероризам“ и со наслов „Уапсен сопругот на ѕвездата на Земперопер“. -Во февруари таа ќе биде Кралицата на ноќта во ‘Волшебната флејта’ од Моцарт на сцената на ‘Земперопер’: оперската ѕвезда Ана Дурловски (39). Меѓутоа, пред тоа сопранистката од Македонија се соочува со тажна новогодишна ноќ. Нејзиниот сопруг ненадејно беше уапсен и се наоѓа во притвор во својата татковина поради сомнение за наводен тероризам, пишува „Билд“. „Петнаесет униформирани лица пристигнаа во шест часот наутро и го зедоа Игор со нив пред очите на нашиот најстар син’, се пожали пејачката по настапот во Штутгарт. Тој, наводно, е вклучен во упадот во Парламентот во Скопје пролетоска. Ана Дурловски (три деца) е сигурна: Игор нема никаква врска со тоа, тој во тоа време протестираше за демократија“, се додава во текстот. „Во меѓувреме, не само адвокати, туку и оперски колеги од Германија бараат ослободување на познатиот оперски пејач. Неговата сопруга се надева дека тој повторно ќе биде на слобода до нејзината изведба во ‘Земперопер’ на 17 февруари“, завршува написот. Кривичен суд денеска му го продолжи притворот на Игор Дурловски за уште 30 дена, како и на другите 35 лица осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-za-bild-igor-protestirashe-za-demokratija/feed/ 0
Каракамишева: Овој наслов покажува до кое дупло дно се дојдени „демократскиве“ владини новинари и медиуми во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ovoj-naslov-pokazuva-do-koe-duplo-dno-se-dojdeni-demokratskive-vladini-novinari-i-mediumi-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ovoj-naslov-pokazuva-do-koe-duplo-dno-se-dojdeni-demokratskive-vladini-novinari-i-mediumi-vo-makedonija/#respond Mon, 25 Dec 2017 14:58:56 +0000 http://kurir.mk/?p=2216

До кое дупло дно се дојдени "демократскиве" владини новинари и медиуми во Македонија покажува насловот што така гордо го стави порталот Плус инфо при преземање на интервјуто на Ана Дурловски од еден германски весник во кое таа ја опишува целата траорна состојба во нејзиното семејство при упадот на 15 униформирани лица за да го лишат од слобода нејзиниот сопруг, пишува професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил, споделувајќи линк од веста на „Плус инфо“ со наслов: Ана Дурловски: Премногу си ги отворивме устите! -Замислете, тој семеен и личен траор некој смислено има за цел да го изврти, да го спинува во јавноста за да се разбере демек дека било кажано како каење на Ана за стореното од страна на нејзиниот сопруг!? Која мизерија, која нечовечност! Срам да ви е за ваквата "професионалност" и неетичност! Вие бре сте немале човечки, а не па демократски капацитет! На туѓата ли неволја и тага мислите дека ќе направите слава и потврда дека одлуките на судот се правилни? Кога сите вклучително и вие добро знаете дека притворите на 36 лица за настаните на 27 април се една тешка монтирана работа и едно големо злодело против Уставот и законите во државата. Наместо гордо да се ставате во полтронска позиција на власта, да им служите како крпа за бришење чевли, дајте малку свртете се кон етичките стандарди и професионалното новинарство, пишува Каракамишева и додава: „Дека сте срам за јавноста тоа е познато. Дајте приберете се барем да не станете срам за човештвото! Целата ваша лична перфидност и расипана игра со насловот воопшто нема да ја смени смислата и длабоката тежина на изјавата на Ана дека во Македонија ни оддалеку нема слобода на изразување како што тоа го има во Германија, и дека Македонија е заробена држава во секоја смисла. Тежината на нејзината изјава не може да ја избрише ниту една ваша импровизација од наслов! Бедата на насловот е ваша лична беда! А гордоста на новинарот што го ставил овој расипан наслов е наша тага по изгубените човечки и демократски вредности!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakamisheva-ovoj-naslov-pokazuva-do-koe-duplo-dno-se-dojdeni-demokratskive-vladini-novinari-i-mediumi-vo-makedonija/feed/ 0
Ана Дурловски за „Клајне Цајтунг“: Во Македонија се спроведува политички прогон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-za-klajne-cajtung-vo-makedonija-se-sproveduva-politichki-progon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-za-klajne-cajtung-vo-makedonija-se-sproveduva-politichki-progon/#respond Mon, 25 Dec 2017 13:22:59 +0000 http://kurir.mk/?p=2117

Оперската пејачка Ана Дурловски, сопруга на оперскиот пејач Игор Дурловски кој неправедно е во притвор поради настаните во Собранието од 27 април, по настапото Штутгартската опера даде интервју за германскиот медиум Клајне Цајтунг кој интергрално ви го пренесуваме. МАКЕДОНИЈА: ОПЕРСКАТА ПЕЈАЧКА АНА ДУРЛОВСКИ ИСКУСУВА ДРАМА ОТАДЕ СЦЕНАТА Сопругот на Дурловски, кој исто така е оперски пејач, се наоѓа во истражен притвор поради сомнение за тероризам. „Кај луѓето во Македонија се чувствува страв“ - вели таа по еден настап во Штутгарт. Повеќекратно наградуваната оперска пејачка Ана Дурловски добро ги познава драмите на оперската сцена – но во моментов политичката реалност во Македонија е нејзина лична трагедија. На маргините на нејзиното гостување во Штутгарт 39-годишната оперска пејачка со жалење говори отворено за репресиите кон оние кои размислуваат поинаку во нејзината татковина. „Кај луѓето во Македонија се чувствува страв“, вели таа по својот настап во операта „Ариоданте“ во Градската опера на Штутгарт. Според неа, во оваа балканска земја нема ниту правна држава ниту слобода на печатот – наместо тоа, владее политичко самоволие. Понатаму, вели таа, време е меѓународната заедница и ЕУ да ги отворат очите за авторитарните тенденции во оваа земја која стреми кон влез во ЕУ. Имено, сопругот на Ана Дуловски, Игор, кој исто така е меѓународно ценет оперски пејач (бас) и до пролетта беше директор на операта во главниот град Скопје, од ноември се наоѓа во истражен притвор под сомнение за тероризам. Вкупно 36 лица во еден ден беа приведени поради “нарушување на уставниот поредок и сигурноста преку тероризам“. ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние изрази загриженост, повикувајќи на почитување на основните принципи на правната држава. “Сигурна сум дека не е виновен“ - вели Дурловски за својот сопруг. Басот Игор Дурловски во Штутгарт можеше да се чуе во операта „Береника, кралицата на Арменија“. Операта ја поддржа Дурловски во нејзиниото излагање пред јавноста. Пејачката Дијана Халер од Штутгарт преку „Твитер“ побара правичност за Игор, кој досега воопшто не е ни сослушуван. Адвокатите говорат за „политички прогон“, вели Ана Дурловски. Според неа, засега нема никакви конкретни обвиненија против нејзиниот сопруг, а каму ли докази. -15 униформирани лица дојдоа на 28. ноември во шест часот наутро и го одведоа Игор од пред очите на нашиот најстар син, вели сопранистката, која на почетокот на 2018та година ќе може да се види и како Кралицата на ноќта во дрезденската „Семперопер“. Според македонските медиуми, Игор Дурловски и останатите обвинети учествувале во упадот во Собранието извршен во април. Ана Дурловски, пак, вели дека нејзиниот сопруг 60 дена протестирал мирно за Македонија за сите. Од мај владеат социјалдемократите на чело со Зоран Заев во коалиција со партиите на албанското малцинство. Во позадината на политичките пресметки, меѓу другото, лежи и територијалното единство на Македонија. Со години македонското мнозинство стравува дека Албанците, кои чинат меѓу 25 и 30 проценти од двомилионското население тежнеат кон автономија за регионите кои ги населуваат. Двојката Дурловски живеела повеќе години во Германија и Австрија, од кои послените шест ги минале во Штутгарт, а пред тоа живееле и во Мајнц и Касел, како и во Виена. -Иако многумина во Македонија сакаат да живеат на Запад, пред две години ние се одлучивме за спротивното, зашто со нашите германски искуства сакаме да работиме таму, за нашата земја, објаснува мајката на три деца, која веќе може да се пофали и со успешни настапи на Њујоршката „Метрополитен“. -Можеби заради годините што ги минавме на Запад веќе премногу сигурно поверувавме во слободата на мислата, па јазикот ни беше подолг одошто треба, додава Дурловски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-za-klajne-cajtung-vo-makedonija-se-sproveduva-politichki-progon/feed/ 0
Ана Дурловски проговори за притворот на Игор: 15 униформирани мажи го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-progovori-za-pritvorot-na-igor-15-uniformirani-mazi-go-zedoa-igor-so-niv-pred-nashiot-najstar-sin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-progovori-za-pritvorot-na-igor-15-uniformirani-mazi-go-zedoa-igor-so-niv-pred-nashiot-najstar-sin/#respond Sat, 23 Dec 2017 13:24:58 +0000 http://kurir.mk/?p=1224

Oперска пејачка Ана Дурловски, сопруга на притворениот Игор Дурловски, светски познатиот оперски пејач, се пожали за време на неодамнешните гостински настапи во Штутгарт и Дрезден на политичка репресија врз граѓаните во нејзината татковина Македонија. -Народот во Македонија се плаши- рекла 39-годишната уметничка на маргините на претставата во „Ариоданте“ во Државната опера во Штутгарт. -Не постои владеење на правото или слобода на печатот во балканската држава, само политичка репресивност. Време е меѓународната заедница да ги отвори своите очи за авторитарните тенденции на земјите кои се стремат кон ЕУ. Игор Дурловски, кој е исто така пејач (бас) познат во западните земји до пролет беше уметнички директор на операта во Скопје, а од ноември е во притвор под сомнение за тероризам. Вкупно 36 лица беа уапсени на крајот од ноември за „заканување на уставниот поредок и безбедноста преку тероризам“ -пишуваат германските медиуми. -Сигурна сум дека тој е невин- рече Дурловски за нејзиниот сопруг, кој е познат и во Германија. -Адвокатите зборуваат за политички прогон. Конкретни тврдења или дури и докази за делото за кое се товарат притворените, не постојат досега. Петнаесет униформирани мажи пристигнаа на 28 ноември во 06:00 часот и го зедоа Игор со нив пред нашиот најстар син – рече Дурловски, која пееше во Штутгарт во операта “Ариоданте”, а на почетокот на 2018 година ќе може да се види како Кралица на ноќта на Семперопер Дрезден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-durlovski-progovori-za-pritvorot-na-igor-15-uniformirani-mazi-go-zedoa-igor-so-niv-pred-nashiot-najstar-sin/feed/ 0