Ана Јовковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Apr 2022 06:08:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ана Јовковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книгата „Емотивен талог“ на Ана Јовковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-emotiven-talog-na-ana-jovkovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-emotiven-talog-na-ana-jovkovska/#respond Thu, 28 Apr 2022 06:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=668932

„Емотивен талог“ е насловот на новата книга на новинарката и авторка Ана Јовковска која ќе биде промовирана вечер во клуб ресторанот во Младинскиот културен центар (МКЦ). Книгата е во издание на „Три“, а според авторот на поговорот Гоце Смилевски, таа произлегува од себезапрашаноста пред предизвиците на современото живеење и откривањето на сопствените стратегии за борба против сѐ што нѐ одвојува од нашата суштина. Ова дело, како што посочува, е повик и поттик да се впуштиме во авантура на себеиспитување и себенадградување преку аналитички поглед во сопствениот емотивен талог. -Извонредно слоевита и напишана со огромна вештина, книгата „Емотивен талог“ има силна интроспективна визура. Интелектуалната љубопитност на Ана Јовковска е безгранична и повикува на креативен и продуктивен дијалог со читателите. Ракописот е густ како талог од кафе, натопен во разигран јазик на метафори, симболи и асоцијации, а сепак е едноставен, непретенциозен и лесно читлив, смета писателот Владимир Мартиновски. Ана Јовковска е научна истражувачка, магистерка по културолошки студии, дипломирана новинарка, колумнистка, ТВ-уредничка, специјалист за односи со јавност и тренер по комуникациски вештини. -По четирите објавени книжевни дела, сега ни се претставува со едно поинакво четиво, збирка од раскази, колумни и есеи именувани како „Емотивен талог“. Илустрирајќи ги своите лични доживувања, интимни искуства и длабоко почувствувани ситуации, таа ги преиспитува релациите на себството и Другиот, слободата и љубовта, диктатот на технологијата, моралот и ропството, социо-емоционалниот развој на децата, консумеризмот наспроти (не)грижата за природата… но среде сето тоа, Јовковска гласно го поставува прашањето за среќата, соопшти издавачката куќа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-knigata-emotiven-talog-na-ana-jovkovska/feed/ 0
Промоција на книга за деца „До небото и назад“ од Ана Јовковска и Иванка НиБа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-za-deca-do-neboto-i-nazad-od-ana-jovkovska-i-ivanka-niba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-za-deca-do-neboto-i-nazad-od-ana-jovkovska-i-ivanka-niba/#respond Sun, 12 Sep 2021 06:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=562539

„До небото и назад“ е името на новата книга за деца која ќе внесе свежина во детската литература и илустрација, чија промоција е закажана за денеска на платото пред МКЦ во Скопје. Станува збор за книга која е дел од едицијата сликовници за деца „Светулка“, а автори се Ана Јовковска и илустраторката Иванка НиБа. Книгата има 11 изданија. Составена е од 15 приказни од кои 11 се веќе издадени, приказните се поучни и едукативни. „До небото и назад“ е емотивната приказна за пријателство меѓу детето Алекс и кучето Бони. Во суштина приказна за добрината, љубовта и емпатијата. Главниот херој, петгодишниот Алекс, не се идентификува со Супермен или Спајдермен, но силно верува дека подобар свет е можен. Ова дете нѐ учи како да го чуваме срцето чисто, да не се плашиме да покажеме кога сме тажни и ранливи и да се избориме за тоа што го сакаме за да бидеме среќни – до небото и назад! Целта на приказната е да им покаже на децата е дека љубовта ја прати широк спектар на емоции од кои не треба да се плашат. Затоа, треба да им дозволиме простор да бидат и тажни, да не ги инхибираат своите емоции, да не се плашат да покажат и да побараат помош кога се ранливи, оти така го јакнат психолошкиот имунитет. Илустрираната книга за деца е повеќеслојна. Покрај главните пораки за љубовта, пријателството и среќата, низ авторската и визуелна нарација се протнуваат и суптилни пораки за загадениот сив град, грижата за природата, односот кон храната, осаменоста, психолошкото насилство… Сликовницата ќе биде на продажба и на Саемот на книгата (8-14 септември) на штандот на Готен и студио Батев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-kniga-za-deca-do-neboto-i-nazad-od-ana-jovkovska-i-ivanka-niba/feed/ 0