ана митреска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 08:18:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ана митреска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitreska-na-sostanokot-na-bis-soodvetna-monetarna-i-fiskalna-kombinatsija-na-tsijie-kako-poddrshka-na-protsesot-na-stabilizirane-na-rastot-na-tsenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitreska-na-sostanokot-na-bis-soodvetna-monetarna-i-fiskalna-kombinatsija-na-tsijie-kako-poddrshka-na-protsesot-na-stabilizirane-na-rastot-na-tsenite/#respond Fri, 19 May 2023 08:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=836207

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. Според последните оцени, се очекува дека фискалната консолидација во регионот ќе биде заснована на намалување на расходите, со што ќе се придонесе за подобрување на фискалниот профил и натамошно намалување на притисоците врз цените. Во тековните услови, соодветната монетарна и фискална координација е исклучително важна, како поддршка на вкупната стабилност на економиите. Во глобални рамки, монетарната и фискалната комбинација засега се оценува како соодветна, имајќи предвид дека во 2022 година во 72% од земјите и двете политики се затегнуваат, што е соодветна поставеност при присуство на инфлациски притисоци и ризици. „Во текот на пандемијата, буџетските дефицити и јавниот долг значително се зголемија, заради преземените мерки за поддршка на економската активност и заштита на ранливите групи. Оттогаш наваму, видливо е нивно намалување, но и понатаму се над претпандемичните нивоа“, нагласи Митреска. Во вакви услови, како што истакна, неопходна е посветеност на фокусирана и кредибилна консолидација, а со тоа намалување на нивоата на долгот и градење на фискалниот простор. Ова е особено важно во контекстот на позатегнати финансиски услови и надолни ризици за економскиот раст, за што е потребна претпазлива фискална политика којашто ќе го намали притисокот врз потребите за финансирање во земјите од овој регион и ќе го олесни нивниот пристап до меѓународните пазари. На состанокот за монетарна политика на БИС за Централна и Источна Европа учествуваа претставници на централните банки од поширокиот регион, како и претставници од Банката за меѓународни порамнувања и Европската централна банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitreska-na-sostanokot-na-bis-soodvetna-monetarna-i-fiskalna-kombinatsija-na-tsijie-kako-poddrshka-na-protsesot-na-stabilizirane-na-rastot-na-tsenite/feed/ 0
Вицегувернерката Митреска: Нема одржлив и инклузивен економски раст без родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitseguvernerkata-mitreska-nema-odrzhliv-i-inkluziven-ekonomski-rast-bez-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitseguvernerkata-mitreska-nema-odrzhliv-i-inkluziven-ekonomski-rast-bez-rodova-ednakvost/#respond Tue, 02 May 2023 08:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=829613

„Не може да се зборува за одржлив и инклузивен раст без родова еднаквост. Концептот на еднакви можности и еднакви шанси е единствениот начин да се искористи целосниот економски потенцијал на една земја. Сепак, само половината од женското работоспособно население во светот се активни, за разлика од машкото население каде што активноста е околу 75%. Нееднаквоста се огледа и преку пристапот до финансиите, кредитирањето и сопствеништвото на фирми од страна на жените. Постојат повеќе иницијативи, вклучително и од страна на Народната банка, за промена на овие состојби во интерес и на родовата еднаквост и за развој на економиите“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за ТВ-магазинот „Приказна“. Светскиот економски форум изготвува посебен глобален индекс на родова еднаквост, а последните резултати покажуваат дека само 68% од родовиот јаз се затворени и дека со ова темпо на промени, ќе ни требаат уште 136 години за целосно затворање на јазот. Податоците за  нашата земја се малку подобри, 75% од јазот е затворен, но очигледна е потребата за подобрување, имајќи предвид дека од 156 земји во светот, ние сме на 73. место. Од друга страна, индексот за економското учество и за економските можности е многу послаб и покажува дека само 58% од јазот во светот се затворени. Со други зборови, финансиската слобода за жените е многу помала, поради слабото учество во вкупната работна сила, помалото учество на високи и раководни позиции и во приватниот и во јавниот сектор, јазот во платите и слично. „Во овој контекст, за одржлив раст е потребен и инклузивен финансиски систем, којшто обезбедува финансиски услуги за што поголем број индивидуи, вклучително и за жените“. Податоците на Светската банка покажуваат дека кај нас 80% од жените имаат сметка, наспроти 90% кај мажите. Во Европа не постои разлика помеѓу машката и женската популација во овој дел. Нешто помали се разликите во однос на користењето кредити и во однос на штедењето. Жените може да се споредуваат со мажите дури и во делот на дигиталната финансиска писменост и однесување. Иако родовиот јаз во делот на финансиската писменост и финансиската вклученост не е толку голем, сепак постои простор за подобрување“, вели Митреска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitseguvernerkata-mitreska-nema-odrzhliv-i-inkluziven-ekonomski-rast-bez-rodova-ednakvost/feed/ 0
Вицегувернерката Митреска: Идните чекори на монетарната политика условени од инфлацијата и состојбите на девизниот пазар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitseguvernerkata-mitreska-idnite-chekori-na-monetarnata-politika-usloveni-od-inflatsijata-i-sostojbite-na-devizniot-pazar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitseguvernerkata-mitreska-idnite-chekori-na-monetarnata-politika-usloveni-od-inflatsijata-i-sostojbite-na-devizniot-pazar/#respond Sun, 19 Mar 2023 08:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=813658

„Добар сигнал е што растот на инфлацијата забавува. Во февруари годишното зголемување на цените е за околу три процентни поени помало од најсилниот раст што беше измерен во октомври и ова темпо на прилагодување е слично на еврозоната. Динамиката со која се движи инфлацијата е слична и со очекуваната во последниот циклус проекции на Народната банка, согласно кои таа е проектирана на 8-9% на годишна основа. Сценариото за овие проекции се заснова на претпоставките за понатамошно намалување на светските цени на енергентите и храната, постепено стабилизирање на очекувањата за инфлацијата, коешто веќе и се случува, а затегнувањето на финансиските услови исто така треба да делува на оној дел на индексот на цените коишто е чуствителен на промените на побарувачката. Доколку нема некои непредвидени шокови во следниот период треба да видиме стабилизирање на инфлацијата“, вели во интервју за „Блумберг Адриа“, вицегувернерката, Ана Митреска. Вицегувернерката Митреска се осврна и на монетарната политика која ја водат двете глобално значајни централни банки - Федералните резерви на САД и Европската централна банка. ЕЦБ минатата недела, согласно најавите, ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,5 процентни поени, додека ФЕД неодамна стави акцент на веројатната потреба од порестриктивна монетарна политика, поради позатегнатите услови на труд и се уште недоволното успорување на инфлацијата. Во однос на идната патека, таа посочи дека дека ќе зависи од најновите оценки за економските и финансиските услови во овие економии. Дали и колку последните случувања на надворешните финансиски пазари ќе имаат одраз на очекувањата за економските показатели, а со тоа и на монетарната поставеност на овие две централни банки, останува да се види во следниот период. „Потезите и промените во монетарната политика на Народната банка ќе зависат од инфлацијата, меѓутоа и од девизниот пазар, со оглед на тоа што функционираме во услови на режим на фиксен девизен курс, којшто е номинално сидро и основа на целокупната стабилност на нашата економија. И на двата фронта гледаме одредено стабилизирање, меѓутоа ризици се уште постојат. Се разбира дека и однесувањето на Европската централна банка ќе има одредено влијание врз нашата каматна политика. Потребно е сите нови расположиви информации и оцени за домашната економија и надворешното окружување да се систематизираат и тие ќе претставуваат основа за следните чекори во монетарната политика“, вели вицегувернерката Митреска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitseguvernerkata-mitreska-idnite-chekori-na-monetarnata-politika-usloveni-od-inflatsijata-i-sostojbite-na-devizniot-pazar/feed/ 0
Вицегувернерката Митреска на „Ерсте инвеститорскиот појадок“: Централната банка со соодветен одговор во услови на продолжена криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-na-erste-investitorskiot-pojadok-centralnata-banka-so-soodveten-odgovor-vo-uslovi-na-prodolzena-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-na-erste-investitorskiot-pojadok-centralnata-banka-so-soodveten-odgovor-vo-uslovi-na-prodolzena-kriza/#respond Thu, 20 Oct 2022 08:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=748166

“Насоката во која ќе се движат монетарните политики на централните банки во претстојниот период е јасна. Но треба да се има предвид и дека динамиката на затегнувањето на основната камата зависи од спецификата на самата економија. Пред централните банки се поставуваат предизвици да дејствуваат во насока на справување со инфлацијата и закотвување на инфлациските очекувања, додека истовремено треба да внимаваат и на ограничување на негативните ефекти врз економијата и врз финансиската стабилност. Во време на висока неизвесност, шокови предизвикани од понудата и загрижувачки економски изгледи, се претпочита постепен пристап и носење на одлуки, засновани на податоци“. Ова го посочи во своето обраќање вицегувернерката Ана Митреска, на овогодинешниот „Ерсте инвеститорски појадок“ на банкарите и инвеститорите.

Митреска истакна дека централните банки се справуваат со специфични околности. Ценовните притисоци доаѓаат доминантно од страната на понудата, додека ризиците за економско закрепнување се сериозни. Сепак, инфлацијата трае подолго време и има се поширок опфат, што ги поттикна речиси сите централни банки да започнат со затегнување на монетарната политика.

Зборувајќи за нашата економија, Митреска посочи дека нестабилното опкружување и енергетската криза создадоа притисоци и врз инфлацијата но и на девизниот пазар. Во такви околности, од крајот на 2021 година, Народната банка почна со нормализирање на монетарната политика преку повлекување ликвидноста со девизни интервенции. Од април, нашата централна банка започна и со постепено зголемување на основната камата. Преку нагорни корекции во неколку наврати, основната камата е покачена кумулативно за 2,25 процентни поени. Затегнувањето на основната камата беше дополнето и со мерки за промени во системот на задолжителна резерва, во насока на поттикнување на денаризацијата, како и инвестиции во обновливи извори на енергија.

Во однос на финансиската стабилност, таа посочи дека истата е зачувана, и покрај неизвесноста која ја донесе кризата и ризиците  за прелевање на проблемите од реалниот во финансискиот сектор. Банкарскиот сектор е стабилен, нефункционалните кредити се на ниско ниво и опаѓаат. Солвентноста, која е главен показател за способноста на банките да абсорбират шокови, останува и понатаму висока. Стрес-тестовите за 2022 и 2023 година ја потврдуваат севкупната отпорност на банкарскиот систем на макроекономски шокови. Сепак, потребна е претпазливост и будно следење на состојбите, велат од НБРМ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-na-erste-investitorskiot-pojadok-centralnata-banka-so-soodveten-odgovor-vo-uslovi-na-prodolzena-kriza/feed/ 0
Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-se-ochekuva-stabiliziranje-na-globalnite-ceni-na-hranata-i-energentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-se-ochekuva-stabiliziranje-na-globalnite-ceni-na-hranata-i-energentite/#respond Thu, 19 May 2022 08:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=678782

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински брифинг“. Вицегувернерката, сепак, истакнува дека по глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергентите и на храната, односно на увезената инфлација, а најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу 3% следната година. Во однос на покачувањето на проекцијата за стапката на инфлација за годинава во априлските проекции на Народната банка, вицегувернерката истакна дека ова е глобален тренд, како и дека истите заеднички фактори влијаат врз циклусот на инфлација кај сите земји. „Речиси и нема земја во којашто нема раст на инфлацијата. Десет проценти во просек е инфлацијата во регионот за март, околу 11% во април, а има земји коишто се значително над просекот. Има заеднички фактори коишто влијаат врз циклусот на инфлацијата во сите земји во светот, особено во Европа. Минатата година тоа беа ефектите од пандемијата, забавените синџири на снабдување, растот на трошоците за транспорт, нарушените синџири, поточно несовпаѓањето на понудата и побарувачката. На ова се надоврза растот на цените на енергентите, особено на струјата, кон крајот на минатата година, како резултат на агендата за зелена транзиција, а потоа овие проблеми се продлабочија уште повеќе со руско-украинскиот конфликт, што неминовно доведе до подигнување нa ценовното ниво кај сите овие производи. Ова се глобални заеднички фактори, коишто влијаат врз инфлацијата“, вели вицегувернерката Митреска. Вицегувернерката истакнува дека ако се анализира нашата просечна инфлација во април од 8,4%, половината е резултат на растот на цените на храната. „Домашните цени на храната се врзани во голема мера со увозните цени и директно преку готовите производи, но и преку растот на цените на трошоците за суровини, енергенти. Домашните производни цени на храната, исто така, растат под влијание на глобалните фактори, растот на цените на суровините и на енергентите. Дваесетина проценти од растот се должи на енергентите и таму речиси во целост имаме увезена компонента. Базичната инфлација исто така забрза, меѓутоа ако ја погледнете нејзината структура, голем дел од тоа забрзување е резултат на увезени притисоци. Растат цените на суровините, растат цените на храната, на енергентите и се пренесуваат врз останатите цени. Општо земено, најголемиот дел од ова што се случува со инфлацијата кај нас се увезени движења. Ние во централната банка се разбира не ги темелиме овие заклучоци само врз следење на движењата. Има навистина ригорозна аналитика, којашто ги потврдува овие фактори и извори на раст на инфлацијата, констатирајќи дека притисокот од домашната побарувачка засега е мал“, посочи вицегувернерката Митреска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-se-ochekuva-stabiliziranje-na-globalnite-ceni-na-hranata-i-energentite/feed/ 0
Митреска: Денарот е стабилен, девизните резерви се високи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitreska-denarot-e-stabilen-deviznite-rezervi-se-visoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitreska-denarot-e-stabilen-deviznite-rezervi-se-visoki/#respond Tue, 01 Mar 2022 10:35:18 +0000 https://kurir.mk/?p=638571

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви се на исклучително солидно ниво и имаме капацитет и простор да ја одржуваме стабилноста на девизниот курс, истакна вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска. – Денарот е стабилен. Јас само би напоменала дека со оглед на режимот на девизен курс што го имаме, она што е за нас клучно е девизниот пазар и девизните резерви. Досега сите промени кај девизните резерви, во целост се конзистентни со нашите очекувања. Нивото е високо, некаде околу 3,4 милијарди евра, и да нагласам дека ова ниво е повисоко и во однос на нивото коешто го имавме на самиот почеток на пандемијата. Всушност, по сите параметри на резервите што ги следиме, тие се адекватни и се, де факто, огледало на нашиот капацитет да ја одржуваме стабилноста на курсот, рече Митреска во вчерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Таа посочи дека и Меѓународниот монетарен фонд во извештајот за нашата економија јасно и експлицитно кажува дека курсот е целосно конзистентен, не само со економските параметри, туку и со политиките што се водат и дека нема апсолутно никаква потреба од промена на нивото на курсот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mitreska-denarot-e-stabilen-deviznite-rezervi-se-visoki/feed/ 0
Митреска: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнувањето на економијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitreska-monetarnata-politika-e-eden-od-stolbovite-na-zakrepnuvanjeto-na-ekonomijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitreska-monetarnata-politika-e-eden-od-stolbovite-na-zakrepnuvanjeto-na-ekonomijata/#respond Thu, 23 Sep 2021 08:24:13 +0000 https://kurir.mk/?p=567191

Mерките и политиките спроведени од страна на Народната банка, како и централните банки воопшто, ги дадоа посакуваните резултати во ублажувањето на ефектите од корона-кризата. И покрај пандемијата, кредитната активност во земјава и натаму расте, a непречениот пристап до капитал на меѓународните пазари овозможи зајакнување на девизните резерви и финансирање на антикризните мерки, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во својата презентација на „Меѓународната економска летна школа“ – „Направи разлика: Научете како да го процените економското влијание на пандемијата од ковид-19“, организирана од Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. -Уште на самиот почеток на корона-кризата, централните банки, вклучително и Народната банка, ја олабавија монетарната политика, односно ја намалија каматната стапка и обезбедија дополнителна ликвидност за стимулирање на економската активност. Покрај вообичаените инструменти за олабавување на монетарната политика, некои од централните банки на економиите во развој спроведоа и програми за зголемување на активата од државни и корпоративни хартии од вредност, посочи вицегувернерката Митреска. Како што беше истакнато во презентацијата, спроведените политики ги дале посакуваните резултати. Пристапот до капитал за земјава и регионот е непречен, отворајќи простор за делување преку фискалната политика, додека кредитирањето во земјава и натаму расте и ја стимулира економската активност. ‒ Ефективноста на централните банки и поддршката којашто ја обезбедија беа едни од носечките столбови во економското закрепнување и ублажување на ефектите од кризата врз економијата. Ако банкарскиот сектор беше еден од главните извори од каде што потекна светската финансиска криза, сега тој е еден од главните фактори за постпандемиско закрепнување ‒ посочи вицегувернерката Митреска. Вицегувернерката истакна дека глобалната финансиска криза придонесла за преосмислување на глобалната финансиска регулаторна архитектура, со нови стандарди, алатки и практики за поголема претпазливост. Оттаму, банкарскиот сектор и во земјава и воопшто, ја дочека кризата стабилен и во добра форма, којашто дури и зајакна за време на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitreska-monetarnata-politika-e-eden-od-stolbovite-na-zakrepnuvanjeto-na-ekonomijata/feed/ 0