Ана Петровска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Oct 2021 17:55:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ана Петровска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демант на Ана Петровска: Секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-ana-petrovska-sekoj-gragjanin-treba-da-glasa-slobodno-i-po-sopstveno-ubeduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-ana-petrovska-sekoj-gragjanin-treba-da-glasa-slobodno-i-po-sopstveno-ubeduvanje/#respond Tue, 26 Oct 2021 17:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=586009

Ана Петровска која што беше независен кандидат за градоначалник на Скопје на овие локални избори, испрати демант по повод веста објавена во нашиот портал под наслов „Не гласајте за Шилегов“ кој во продолжение ви го претставуваме интегрално:
„Одредени интернет портали објавија текстови со наслов “Ана Петровска: Не гласајте за Шилегов", што е неточно пренесување на изјавата од моето гостување на ТВ24. Како и претходно, јас се оградив од мое поврзување со некоја од големите партии и истакнав дека не поддржувам ниту еден кандидат, односно приоритет е застапување на зелените вредности во Советот на Градот Скопје. Секој граѓанин треба да гласа слободно и по сопствено убедување. Бараме порталите што ја објавија дезинформацијата да го објават овој став.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-ana-petrovska-sekoj-gragjanin-treba-da-glasa-slobodno-i-po-sopstveno-ubeduvanje/feed/ 0
Петровска: Не знам врз основа на што нашите гласови по дифолт ги поврзуваат со Шилегов, веднаш демантиравме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-ne-znam-vrz-osnova-na-shto-nashite-glasovi-po-difolt-gi-povrzuvaat-so-shilegov-vednash-demantiravme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-ne-znam-vrz-osnova-na-shto-nashite-glasovi-po-difolt-gi-povrzuvaat-so-shilegov-vednash-demantiravme/#respond Tue, 26 Oct 2021 09:44:36 +0000 https://kurir.mk/?p=585600

Независниот кандидат за градоначалник на градот Скопје, Ана Петровска во своето гостување на телевизија 24 изјави дека не треба да се гласа за кандидатот од редовите на СДСМ Петре Шилегов. На новинарското прашање зошто нивните гласачи по автоматизам ги ставаат кај кандидатот Шилегов вели дека нив ги интересираат само зелените вредности и приоритети. -Немаме никаков повик кон граѓаните, ова здружение ќе остане самостојно и не треба да се поврзува со големите партии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-ne-znam-vrz-osnova-na-shto-nashite-glasovi-po-difolt-gi-povrzuvaat-so-shilegov-vednash-demantiravme/feed/ 0
Ана Петровска кандидат на Заев за Скопје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-petrovska-kandidatot-na-zaev-za-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-petrovska-kandidatot-na-zaev-za-skopje/#respond Tue, 17 Aug 2021 13:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=551686

Ана Петровска е партнер на Шилегов на локалните избори за да ги прибере незадоволните гласови од неговата работа Ана Петровска поранешната прва инспекторка за животна средина беше разрешена на таа функција поради наводен конфликт со нејзината матична партија денес доби смисла таквиот потег, односно најави наводно независна кандидатура за да биде партнер во изборите на Шилегов. Ана Петровска е блиска до нејзиниот екс сопартиец Мирсолав Богдановски од ДОМ кој даде неодамна оставка од пратеник во Собранието за да се вдоми во кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Меѓудругото по разрешувањето на функцијата прв инспектор за животна средина доби понуда Петровска од Заев да биде советник за животна средина во Владата. Се наметнува прашањето дали денес доби улога да биде прокси, спотер кандидат на Заев за локалните избори?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ana-petrovska-kandidatot-na-zaev-za-skopje/feed/ 0
Петровска: Инспекторите се на терен, ова ќе биде жешка недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-inspektorite-se-na-teren-ova-kje-bide-zeshka-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-inspektorite-se-na-teren-ova-kje-bide-zeshka-nedela/#respond Tue, 18 May 2021 19:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=512084

Државниот инспекторат за животна средина е на терен и многу брзо ќе излезе со информации во врска со наводниот увоз и користењето токсични масла. Како што рече вечерва директорката на Инспекторатот, Ана Петровска, ова ќе биде жешка недела. -Од вчера сме многу мобилни и ќе го направиме се она што е во рамки на нашите надлежности. Јас дури добивам и повици од градоначалниците каде постои сомнеж дека вакво гориво се горело и дека се уште се гори. Ние сме на терен и ќе има постапување. Во координација сме со сите засегнати страни. Би требало многу брзо да излеземе со информација за граѓаните дали има такво гориво и дали воопшто се согорува. Многу сме вознемирени од можноста да се согорувало или уште да се согорува вакво опасно масло. Сме на терен и многу брзо ќе имаме резултати, истакна Петровска во вечерашното гостување на „Топ тема“ и додаде дека законската регулатива треба да се унапреди зашто има недоследност. Според неа, од 22 октомври, откога стапила на функцијата директор на Инспекторатот, досега нема добиено барање за постапување, а надлежноста за испитување на квалитетот на горивото е на Царината и на Пазарната инспекција. Петровска потенцира дека проблем настанува кога наместо гориво, под тарифен број на мазут се увезува нешто друго. Тука голема улога може да одиграат акредитираните лаборатории. -Откако сум на функцијата, не сме имале никакви индикации дека треба да проверуваме гориво, а по закони и не сме за тоа овластени. Ако е тарифниот број гориво, тогаш сме во рацете на Пазарниот инсекторат кој треба, по случаен избор и спрема проценка на ризик, да рече „оваа цистерна ќе ја носам на анализа“ во ОКТА или Макпетрол, зависно која акредитирана лабораторија соработува со нив. Ако тоа не е гориво, туку е некаков отпад, а тоа не е декларирано на тарифниот број – тука настанува проблемот и тука би можеле ние да постапуваме зашто станува збор потенцијално за прекршување на Базелската конвенција. Во ваков случај треба да се вклучат и Интерпол, Европол и многу други инстанци. Но, за тоа да се случи треба да имаме информација од Пазарниот инспекторат, а досега немаме такво нешто добиено, објасни Петровска. Во однос на ФЕНИ, чии емисии Инспекторатот ги следи, Петровска рече дека со дозволите кои се пропишани се гледаат граничните вредности на одредени параметри кои со мазутот и со соодветни филтри може да се постигнат. -Но, прашање се други параметри кои би требало да се следат за да може да се „фати“ дали е мазут или не. Во овој момент, со дозволите, мерење на вакви параметри не е пропишано, децидна е Петровска. Контролите покажале дека ФЕНИ која има А интегрирана еколошка дозвола, горивото го чува како што треба, прописно. -Експертизата за еколошки криминал е многу скапа и кај нас се уште не е достапна, подвлече директорката. За случајот со Пејпер мил, според Петровска, ќе се чека изградбата на пречистетлната станица за што идната недела во земјава ќе дојдат претставници од турска компанија. -Отпадните води изгледаат многу грдо, но тоа се хартиени влакна, нема хемикалија. Може да има проблеми со живиот свет и јас би била најсреќна да можам да го забранам рестартирањето на фабриката до воспоставување пречистителна станица. Но, ова во моментов е нужно решение. Оризовите полиња не се под закана, целулоза има во отпадните води, рече директорката. На прашање за дивоградбите, таа одговори дека не сме подготвени да ја практикуваме правната држава. -Легализацијата на дивоградбите не укажува дека сме подготвени да ја практикуваме правната држава зашто ги ставаме во неправедна положба оние што градат со дозвола визави оние кои градат без дозвола, особено кога дивото градење се одразува на животната средина, нагласи директорката на Државниот инспекторат за животна средина. Според неа, во националните паркови се прави зонирање, точно се дефинира каде може да има некаква инфраструктура. -Не смее сите дивоградби да се легализираат. Очекувам дека во Министерството за животна средина сериозно ќе си ја сфатат задачата и ќе бидат бариерата за легализација на дивите објекти, порача Петровска и најави дека ќе се мониторира Лешница за спроведување на мерките на заштита. Став на Петровска е дека Законот за урбано зеленило може да помогне во однос на проблемот со загадувањето. -Можеби сега треба да се идентификуваат подрачјата со загаден воздух и таму да има повеќе урбано зеленило, нагласи директорката, додавајќи дека сепак, оној што го диктира урбаниот развој на градот – приватниот капитал, сака да искористи што повеќе од парцелите и тоа не е ништо ново.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrovska-inspektorite-se-na-teren-ova-kje-bide-zeshka-nedela/feed/ 0