Аналена Баербок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 15:29:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Аналена Баербок – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германската канцеларка: ЕУ размислува за нови санкции кон Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-kancelarka-eu-razmisluva-za-novi-sankcii-kon-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-kancelarka-eu-razmisluva-za-novi-sankcii-kon-iran/#respond Mon, 31 Oct 2022 15:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=753356

Европската унија разгледува нови санкции против Иран поради потиснување на протестното движење во земјата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. – Ме потресе тоа што загинаа луѓе кои мирно демонстрираа во Иран. Го осудуваме непропорционалното насилство на безбедносните сили и го поддржуваме населението, напиша Шолц на Твитер, додавајќи дека ЕУ размислува за дополнителни санкции против Иран. Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера изјави дека се разгледува можноста Иранската револуционерна гарда да се прогласи за терористичка организација. – Како што јасно кажав минатата недела, ќе воведеме нов пакет санкции, а исто така размислуваме како да ја прогласиме Револуционерната за терористичка организација, изјави таа за германската телевизија АРД. На 17 октомври, ЕУ усвои санкции против Полицијата за морал и 11 ирански службеници вклучени во репресијата на демонстрациите. САД ја ставија иранската Револуционерна гарда на „црната листа на терористи“. Протестите во Иран почнаа на 16 септември, денот кога Махса Амини (22) почина во болница, каде што беше донесена во критична состојба откако беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“, односно непочитување на строгиот кодекс на облекување на Иран за жените. Според групата Активисти за човекови права во Иран, во протестите се убиени најмалку 270 луѓе, а 14.000 се уапсени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskata-kancelarka-eu-razmisluva-za-novi-sankcii-kon-iran/feed/ 0
Баербок: ЕУ треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-eu-treba-da-gi-chuva-svoite-vrednosti-i-na-nadvoreshnite-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-eu-treba-da-gi-chuva-svoite-vrednosti-i-na-nadvoreshnite-granici/#respond Thu, 28 Jul 2022 18:10:47 +0000 https://kurir.mk/?p=711526

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок по денешната посета на бегалски камп во Грција изјави дека Европската унија треба да ги чува своите вредности и на надворешните граници. Таа рече дека земјите од ЕУ треба да направат повеќе за да ги заштитат оние што бараат засолниште од војна и страдање. – Нашите европски вредности важат и на надворешната граница на Европа. Ако не ги одбраниме таму, тие ќе исчезнат, изјави Баербок во интервју за атинскиот весник „Та неа“. Германската министерка утре треба да се сретне со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и со министерот за надворешни работи Никос Дендиас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-eu-treba-da-gi-chuva-svoite-vrednosti-i-na-nadvoreshnite-granici/feed/ 0
Баербок не е за враќање на задолжителниот воен рок во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-ne-e-za-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-ne-e-za-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-germanija/#respond Sat, 23 Jul 2022 13:48:21 +0000 https://kurir.mk/?p=709312

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок ја отфрла можноста за повторно воведување на задолжителниот воен рок во земјата, и покрај фактот што војната во Украина, како најсериозен конфликт во Европа во последните 70 години, трае веќе пет месеци. Баербок смета дека воената служба нема смисла во безбедносните прашања, „особено не кога сме во ситуација кога одреден број луѓе – помлади, но и постари – велат: сакаме да се пријавиме“. Првата германска дипломатка истакна дека во моментов нема доволно програми за обука и средства за сите оние кои сакаат да можат да служат во германските вооружени сили, пренесе ДПА. Баербок овие коментари ги искажа во Минхен, на крајот од „ турнејата на слушање“, во која таа се обврза да ги слушне германските граѓани за безбедносните прашања што ги засегаат. Турнејата се совпаѓа со подготовката на првата сеопфатна стратегија за национална безбедност која за германската Влада ја изработува Министерството за надворешни работи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-ne-e-za-vrakjanje-na-zadolzitelniot-voen-rok-vo-germanija/feed/ 0
Баербок: Западот мора да обезбеди долгорочна поддршка на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-zapadot-mora-da-obezbedi-dolgorochna-poddrshka-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-zapadot-mora-da-obezbedi-dolgorochna-poddrshka-na-ukraina/#respond Wed, 01 Jun 2022 15:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=685089

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок во обраќањето пред Парламентот изјави дека Западот мора да обезбеди долгорочна поддршка на Украина. Таа истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ја сменил стратегијата по неуспехот брзо да ја окупира Украина. – Тој сега смета дека ќе биде поиздржлив од нас, кои ја поддржуваме Украина, наведе Баербок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-zapadot-mora-da-obezbedi-dolgorochna-poddrshka-na-ukraina/feed/ 0
Баербок: Ситуацијата во Молдавија е екстремно критична https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-situacijata-vo-moldavija-e-ekstremno-kritichna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-situacijata-vo-moldavija-e-ekstremno-kritichna/#respond Wed, 27 Apr 2022 14:29:33 +0000 https://kurir.mk/?p=668746

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок денеска пред Парламентот изјави дека ситуацијата во Молдавија е „екстремно критична“ и оти се уште не е познато кој стои зад неодамнешните напади во молдавскиот проруски регион Трансинистрија. Во меѓувреме, украинската заменик министерка за надворешни работи Емине Џапарова денеска изјави дека Русија ќе ја искористи ситуацијата во Трансинстрија, одметнатиот проруски регион за да изврши нови напади врз Украина, па дури и врз Молдавија. Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија „сака да избегне сценарио во кое Москва мора да интервенира“, што звучи многу слично на она што Русија го тврдеше пред инвазијата врз Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-situacijata-vo-moldavija-e-ekstremno-kritichna/feed/ 0
Баербок: Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-povekje-protivvozdushni-raketi-strela-se-na-pat-kon-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-povekje-protivvozdushni-raketi-strela-se-na-pat-kon-ukraina/#respond Wed, 23 Mar 2022 15:50:45 +0000 https://kurir.mk/?p=652133

Повеќе противвоздушни ракети „Стрела“ се на пат кон Украина од Германија, изјави во средата во Берлин германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок.
„Понатамошни испораки на Стрела се на пат“, изјави таа пред германските законодавци. Украина досега доби 500 противвоздушни ракети „Стрела“ од Германија, од вкупно очекуваните 2.700. Берлин сега е еден од најголемите снабдувачи на Киев со оружје, изјави Баербок. „Тоа не е нешто што не прави горди, но тоа е нешто што мораме да го направиме да и помогнеме на Украина“. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baerbok-povekje-protivvozdushni-raketi-strela-se-na-pat-kon-ukraina/feed/ 0
Аналена Баербок избор на Зелените за кандидатка за нов германски канцелар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analena-baerbok-izbor-na-zelenite-za-kandidatka-za-nov-germanski-kancelar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analena-baerbok-izbor-na-zelenite-za-kandidatka-za-nov-germanski-kancelar/#respond Mon, 19 Apr 2021 10:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=499233

Германската партија на Зелените денеска ја номинираше Аналена Баербок, една од ко-претседателите на партијата, за нивна кандидатка за канцелар на изборите во септември, јави ДПА. Партијата има зголемена популарност во анкетите во последните неколку години и за првпат ќе именува свој кандидат за канцелар, бидејќи Ангела Меркел се повлекува од функцијата по повеќе од 15 години владеење. Со околу 20 проценти рејтинг меѓу гласачите пред изборите во септември, Зелените очекуваат да освојат неколку десетици места во германскиот Бундестаг, како втора по големина сила во земјата. Тоа оваа партија не само што ја прави силен играч и сигурен учесник во идната владина коалиција, туку, исто така, би можеле да биде во позиција да и се додели и канцеларската функција во коалиција во која нема да биде вклучен десноцентристичкиот блок на ЦДУ-ЦСУ на Меркел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/analena-baerbok-izbor-na-zelenite-za-kandidatka-za-nov-germanski-kancelar/feed/ 0