анализи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Nov 2018 14:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анализи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се штеди на анализи, Македонија не знае колку пациенти се отпорни на антибиотици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-shtedi-na-analizi-makedonija-ne-znae-kolku-pacienti-se-otporni-na-antibiotici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-shtedi-na-analizi-makedonija-ne-znae-kolku-pacienti-se-otporni-na-antibiotici/#respond Mon, 19 Nov 2018 14:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=129617

Македонското здравство годишно регистрира околу 200-300 соеви бактерии отпорни на антибиотици, но оваа бројка не е официјална. Нема статистика, ниту може точно да се каже кај колку пациенти антибиотиците не делувале поради резистентност, зашто се штеди на проби и материјали, рече денеска универзитетскиот професор Никола Пановски. Според Фондот за здравство, три до четири проценти од населението во Македонија користи антибиотици кој ден. Притоа, половината купуваат на своја рака, без рецепт, а преку аптеките потрошени 1,8 милиони рецепти за антибиотици. – Можеме да кажеме колку бактерии сме изолирале. Таа бројка е неколку стотици, значи дека се работи за стотици луѓе, но тоа се само оние пациенти кај кои е земен примерок. Кај нас доста се штеди во земање примероци така што има сигурно уште илјадници кои или оздравеле или на здравјето им се искомплицирало без да имаме доказ дека бактеријата била резистентна. Тоа што го изолираме како сигурно патогени бактерии, е меѓу 200 и 300 соеви годишно во крвта на човекот при септични состојби, објасни Пановски, пред настанот по повод Светската недела за рационална употреба на антибиотици. Во ЕУ, дополни, се изолираат околу 300.000 резистентни соеви, а 33.000 луѓе умираат поради неможност да се излечат од инфекција со отпорни бактерии што е нешто повеќе од оние што умираат во сообраќајни незгоди. И во Македонија има такви случаи, а бројката, посочи професорот, е два до три пати поголема од онаа на починати во сообраќајки. – Ова не значи дека во ЕУ има повеќе инфекции, туку дека поголем број од инфекциите се откриваат. Кај нас се штеди и затоа овој број што го кажувам е сигурно мал број од вистинскиот, потенцира Пановски, одговорајќи на новинарски прашања. Професорот објасни дека Македонија спаѓа во регион во кој потрошувачката на антибиотици во последните 30 години била висока. Особено пред 20 – 30 години се кое влегување во амбуланта значело добивање антибиотик, и за најобична настинка. – Воопшто, овој југоисточен регион е статистички со многу резистентни бактерии и многу потешко инфекциите тука се лечат, отколку во западноевропските и скандинавските земји каде антибиотиците биле почитувани и рационално давани, само кога биле потребни, подвлече Пановски. Фоднот за здравство годишно одвојува околу 4,9 милиони евра за антибиотици. – Преку аптеките се потрошени 1,8 милиони рецепти за антибиотици. Ова покажува дека имаме солидна бројка на трошење антибиотици, односно дека ја достигнуваме бројката од 20 дневни дефинирани дози потрошени на товар на Фондот. Ако во овие рамки ги вклучиме и комерцијално потрошените лекови, потрошените лекови во болниците и лековите искористени во ветерината, можеме да кажеме дека во Македонија се користи навистина голем број антибиотици. Тоа не е само здравствен ризик, туку претставува и финансиски товар, рече Кристина Христова од Фондот. Според неа, нема податоци за тоа колку од населението зема антибиотици на своја рака, но претпоставката е дека барем 50 отсто од купените антибитоици отпаѓаат на комерцијалната потрошувачка, на приватно купување од страна на граѓаните во аптеките. – Тоа е знак дека и покрај сите заложби на регулаторните тела, Министерството и Агенцијата за лекови, има голем простор за подобрување во овој дел, пред се во делот на свесноста на пациентите. Сепак, треба да се забележи и дека е значително подобрена ситуацијата во аптеките зашто многу често се бараат рецепти, додаде Христова. Како што изјави националниот координатор за антимикробна резистенција Голубинка Бошевска, Македонија води евиденција и ја следи состојбата со отпорноста на антибиотици преку т.н Цезар систем воведен во 2013 година. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-shtedi-na-analizi-makedonija-ne-znae-kolku-pacienti-se-otporni-na-antibiotici/feed/ 0
Пристигнаа првите резултати од анализите, познато дали Дарко Лазиќ возел пијан https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pristignaa-prvite-rezultati-od-analizite-poznato-dali-darko-lazikj-vozel-pijan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pristignaa-prvite-rezultati-od-analizite-poznato-dali-darko-lazikj-vozel-pijan/#respond Wed, 24 Oct 2018 10:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=118813

Пејачот Дарко Лазиќ кој вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа, според првичните резултати од анализата на крвта возел под дејство на алкохол и имал 1,39 промили алкохол во крвта. Со анализа на крвта која му е земена непосредно по сообраќајната несреќа утврдено е дека Дарко имал 1,39 промили алкохол, а втората анализа направена еден час подоцна покажала дека има 1,30 промили алкохол во крвта. Дарко освен во алкохолизирана состојба возел без возачка дозвола која му е одземена во 2013 година и без сигурносен појас. Иако состојбата му е стабилизирана, тој е се уште со тешки повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pristignaa-prvite-rezultati-od-analizite-poznato-dali-darko-lazikj-vozel-pijan/feed/ 0
Николов: Стотици илјади пациенти може да добијат неточни анализи поради транспортирањето на крвта во други градови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-stotici-iljadi-pacienti-moze-da-dobijat-netochni-analizi-poradi-transportiranjeto-na-krvta-vo-drugi-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-stotici-iljadi-pacienti-moze-da-dobijat-netochni-analizi-poradi-transportiranjeto-na-krvta-vo-drugi-gradovi/#respond Tue, 12 Jun 2018 10:04:07 +0000 https://kurir.mk/?p=64895

Во гостувањето на емисијата “Блиц“ членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов зборуваше за големиот тендер кој планира да го спроведе Министерството за здравство.

Според него станува збор за една процедура во која ќе бидат набавени одреден вид на апарати кои што ќе бидат исклучително во 8 центри во државата и на тој начин се најавува заштеда. Тој притоа се прашува дали покрај таа најавена заштеда во пари се јавува и некаква заштеда по здравјето на пациентите.

-Чудното е тоа што Прилеп како град со 110 илјади жители ќе треба да испраќа крв на секојдневна база во Битола. Велес ќе испраќа исто така во Битола. Во Источна Македонија предвидени се лаборатории во Штип, Струмица и Куманово. Тука се поставува прашањето како и кој може тоа да го спроведе и се поставува прашањето дали анализите кои ќе се добијат ќе бидат веродојстојни и на лекарите ќе им се даде точна дијагноза на пациентите. Ова ќе ги натера поголем број на пациентите да отидат во приватните лаборатории каде ќе добијат побрза и поточна дијагноза, рече Николов.

Според него за да може да се конкурира на тендерот не се бара да се покаже да се има некакво искуство со таа работа или пак да покаже со какви возила располага и дали се располага со средства за да може крвта да се обработува.

- Ова по мене е навистина скандалозна постапка и се највува штедење кое ќе падне на грбот на граѓаните. Овој тендер е неделив и практично сите ставки се заедно. Оној што конкурира , конкурира за се она што се бара и на тој  начин се намалува конкуренцијата и евентувално да добиеме светски бренд со кој би се пријавил и најверојатно идејата да довие некоја локална или бизнис групација која е блиска до власта вели Николов.

 Николов рече дека во оваа набавка одговорност од страна на министерството за здравство нема да има и дека целиот товар ќе падне на директорите на здравствените институции.

-Уште една небулоза која може да се види од документацијата е дека нон сенс е да министерството да ја врши набавката на апаратите а одговорноста да ја сносат директорите на здравствените институции. Ќе бидеме сведоци на еден бран на оставки. Несогласување на директорите и мислам дека сега е времето дојдено министерстовто за здравство да се откаже од оваа процедура. Никој нема да има бенефит од оваа постапка. Со ова не се прави инвестиција во здравствените установи, рече Николов.

Од целата оваа работа според Николов се доаѓа во состојба апаратите и ова што ќе до добијат институциите ќе биде на штета на здравствените корисници. Постарите апарати што ги поседуваат здравствените институции, Николов вели дека ќе бидат бескорисни и дека здравствените институции ќе бидат приморани да ги фрлат. Тој исто така потенцираше дека ова претставува најголема јавна набавка од 35 милиони евра и како споредба го даде примерот на претходната влада која била критикувана дека распишала тендер од 7 милиони евра. Тој е убеден дека ова претставува еден од најголемите скандали.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-stotici-iljadi-pacienti-moze-da-dobijat-netochni-analizi-poradi-transportiranjeto-na-krvta-vo-drugi-gradovi/feed/ 0