Анастасија Илиеска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Oct 2023 13:56:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анастасија Илиеска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илиеска: Уште на почетокот со измените во Законот за јавни набавки, се гледаше дека владата тоа го прави за себе, за полесно да им оди делењето на тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ushte-na-pochetokot-so-izmenite-vo-zakonot-za-javni-nabavki-se-gledashe-deka-vladata-toa-go-pravi-za-sebe-za-polesno-da-im-odi-deleneto-na-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ushte-na-pochetokot-so-izmenite-vo-zakonot-za-javni-nabavki-se-gledashe-deka-vladata-toa-go-pravi-za-sebe-za-polesno-da-im-odi-deleneto-na-tenderi/#respond Sun, 08 Oct 2023 13:56:46 +0000 https://kurir.mk/?p=886569

На денешната дебата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ организирана во Струга од ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ свое обраќање имаше и членот на Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ на Анастасија Илиеска која се осврна на последиците од криминалот и корупцијата врз економијата на државата. Илиевска во овој контекст истакна дека првата работа која ја направи владата на СДСМ и ДУИ веднаш по формирањето беше промената на Законот за јавни набавки со што се креираа можности за злоупотреба. „Ова не е од вчера. Ова не е од пред две години. Ова се случува во последните скоро цели 7 години. Прва работа која што СДСМ и ДУИ како влада ја направија беше промена на Законот за јавни набавки. Релаксирањето на Законот за јавни набавки само ја релаксира процедурата на незаконско однесување и избор на веќе однапред предвиден добитник кој што треба да го добие тој тендер“ потенцираше Илиеска. Таа исто така додаде дека институциите чија задача е да се справуваат со криминалот и корупцијата не реагираат дури кога имаат и готови информации или извештаи од други институции кои укажуваат на злоупотреби. „Она кое што Државниот за ревизија го предочува во своите извештаи за работењето на некоја институција е она кое што треба Јавното обвинителство да го има во предвид. Забелешките од Државниот завод за ревизија можат да бидат како лесни забелешки, како препораки, но и сериозни забелешки по кои што надлежните институции дополнително, како Јавното обвинителство, треба да постапат. Од одредени извештаи кои што претходно државниот завод за ревизија ги предочило, ние не гледаме конкретни постапки коишто се спроведени од Јавното обвинителство. Постојат документи кои што оставаат траг дека одредени институции не постапувале онака како што одредени други институции кои што спаѓаат во контролниот механизам на системот во државата им препорачал и им нашол некоја забелешка“, нагласи Илиеска. Зборувајќи за сивата економија таа истакна дека истата е резултат на нефункционирањето на одредени институции и дека колку се дозволува функционирање на истата во стопанството, толку се зголемува дупката во буџетот. „Сивата економија која што е стимулирана од нефункционирањето на одредени институции во Македонија, според релевантни институции надвор од рамките на Македонија е некаде од 32-33 проценти. Доколку ова го претвориме во пари ќе дојде некаде од 250 до 400 милиони евра и тоа е еднакво со дефицитот на буџетот. Дефицитот од буџетот е она кое што сивата економија го прави и доколку дозволите сивата економија да функционира во стопанството, вие ја правите дупката во буџетот сѐ поголема и поголема. И тука е прашањето колку ние можеме да го оптовариме стопанството кое што плаќа и пријавува даноци на сметка на она кое што воопшто не е регулирано и она кое што воопшто како цел систем на сива економија го подгризува општеството“, заклучи Илиеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ushte-na-pochetokot-so-izmenite-vo-zakonot-za-javni-nabavki-se-gledashe-deka-vladata-toa-go-pravi-za-sebe-za-polesno-da-im-odi-deleneto-na-tenderi/feed/ 0
ЛОГИКА НА НЕЛОГИЧНОСТИТЕ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/logika-na-nelogichnostite/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/logika-na-nelogichnostite/#respond Thu, 05 Oct 2023 09:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=885481

Нелогично е со одлука на Влада да се замрзнуваат цени на прехранбени производи, а при тоа во ист ден со закон да се зголемува данок на додадена вредност исто на прехранбени производи. Нелогично е да зборуваш за даночна реформа, а притоа да укинеш само даночни ослободувања. Нелогично е да се укине ослободување од данок на добивка за донации во спорт, а притоа да не се донесе нов предлог за поддршка во спортот. Нелогично е на 30 Декември да се најави нов данок кој би оданочувал приходи остварени во веќе измината година. Нелогично е да се воведе данок и за истиот по неполна година да се одложи примената, за по неколку години да се укине целосно таа даночна стратегија. Нелогично е да се зголеми акциза на горива, а за време на енегетска и економска криза да не се намали истата. Нелогично е вештачки да се зголеми минимална плата за приватните компании, а истата државните институции да ја зголемат после 2 месеци. Нелогично е вештачки да се зголеми минимална плата, а останатите плати да се усогласуваат со минималната после две години при стапка на инфлација од 19%. Нелогично е учениците да немаат учебници две години, поточно тоа е надвор од разум. Нелогично е да нема основен лек за болни луѓе кои молат за живот,тоа е повеќе од сурово. Нелогично е постоечки систем да не се користи и притоа да не е заменет со друг систем и да дозволите влијание на човечки фактор при издавање на онколошка терапија. Нелогично е да сте рекордер по злоупотреба на средства од Европски фондови и при тоа да очекувате дека некој ќе ве прими во Европска унија. Нелогично е да се постави директор на психијатриска болница кој по професија е архитект. Нелогично е да се доделува тендер на фирма која е основана после денот на објавувањето на тендерот. Нелогично е да нема изводи,сведителства за учениците... Нелогично е во 21 век работната седмица од 40 часа да ја зголемите на 60 часа работно време. Нелогично е договор за изградба на автопат да се менува со анекс за износ и времетраење и пак истите да се пробијат, а од автопат има само табла. Нелогично е при стапка на инфлација од 14%, платата на функционерите да се зголеми за 78%, а на пензионерите само 5.3%. Нелогично е за време на прогласена енергетска криза да се превзема скапа елекртична енергија од европската мрежа на износ од 25 милиони евра и при тоа управниот одбор на МЕПСО да отпише долг од 15 милиони евра на 4 фирми. Нелогично е да постои објект за безбедно чување на податоци, а Фондот за здравство да не функционира ради изгубени податоци. Погоренаведеното е она кое што за некоја минута го напишав. Низата е предолга и слободно дополнете ја. ... На крајот секој на сопствен начин го наоѓа одговорот на прашањето: КОЈА Е ЛОГИКАТА НА НЕЛОГИЧНОСТИВЕ? Логиката доаѓа од индиферентноста кон државата и народот. Логиката е од немањето на чувство за припадност и одговорност на се што е државно. Логиката на нелогичностиве произлегува од вашето дејствување државните ресурси да ги пренасочите во ваша корист и сопственост. Логично е дека од негрижата за состојбата во која се наоѓа народот, животот им го направивте преживување. Логично е дека ни еден крик не ве допира штом не се грижите за лицата со здравствени проблеми. Логично е дека како изминува времето, се повеќе наликувате како гладни ѕверови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/logika-na-nelogichnostite/feed/ 0
Илиеска: Европа отвора 18 истраги за злоупотреби на европски фондови во Македонија во периодот од 2017 до 2022 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-evropa-otvora-18-istragi-za-zloupotrebi-na-evropski-fondovi-vo-makedonija-vo-periodot-od-2017-do-2022/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-evropa-otvora-18-istragi-za-zloupotrebi-na-evropski-fondovi-vo-makedonija-vo-periodot-od-2017-do-2022/#respond Tue, 25 Jul 2023 18:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=859991

Од 36 истраги на ОЛАФ за злоупотреба на ЕУ фондови дадени на земјите од Западен Балкан дури 18 се однесуваат на фондовите дадени на Македонија, посочува Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ. „Истрагите се однесуваат за период од 2017-2022 година и дадени се препораки земјата корисничка да ги врати злоупотребените средства. За евидентираните злоупотреби на соодветните власти во земјата,предметите се предаваат за да се отворат истраги за криминал“ - истакна таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-evropa-otvora-18-istragi-za-zloupotrebi-na-evropski-fondovi-vo-makedonija-vo-periodot-od-2017-do-2022/feed/ 0
Илиеска: Најавените реформи за даночната политики на власта се шокантни и неиздржливи ниту за граѓаните, ниту за компаниите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-najavenite-reformi-za-danochnata-politiki-na-vlasta-se-shokantni-i-neizdrzhlivi-nitu-za-graganite-nitu-za-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-najavenite-reformi-za-danochnata-politiki-na-vlasta-se-shokantni-i-neizdrzhlivi-nitu-za-graganite-nitu-za-kompaniite/#respond Sun, 16 Jul 2023 11:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=857138

Анастасија Илиеска на денешната трибина насловена „Погрешните економски политики-предизвик за преживување на стопанството и граѓаните зборуваше за најавените реформи за даночна политика и потенцираше дека ова кое што го спрема Владата е шокантно и незидржливо. -Даночните политики во сферата на компаниите и даночните политики во сферата на оданочувањето на граѓаните и она кое граѓаните како крајни корисници во секојдневното живеење купуваат производи, користат услуги, она кое што им се спрема е шокантно и веќе неиздржливо. Со самото нивно доаѓа на власт, СДС и ДУИ и нивната програма, тие од нивната програма поточно за спроведување на правичен даночен систем ништо не видовме веќе 7 години, рече таа. Илиеска во текот на своето обраќање потсети дека власта на СДС го укина рамниот данок, а го воведе прогресивниот данок кој за неполна година се стави во мирување и потоа се укина. - Цело време имавме најавување на одредени реформи, потоа укинување на одредени реформи дури и на непомината цела календарска година. За да ги видите вие ефектите дали се позитивни, негативни или треба да донесете некои промени реално треба да помине една календарска година се со цел да можат да се видат реалните показатели. Знаеме за укинување на рамниот данок, поточно ставање во мирување и донесување на прогресивен даночен систем министрите како Тевдовски, советникот Бранимир Јовановиќ кој многу често гледаме како сега носи многу мудри анализи и констатации, дека кога си на позиција одговорноста е многу голема, кога си во министертво како службеник одговорноста е многу голема, голема за спроведување на одредени реформи кои што вие сте ги најавиле и сте ја добиле поддршката од граѓаните. Знаеме дека спроведувањето на прогресивното оданочување дека на неполна година истиот се стави во мирување, се до минатат година во декемврти месец истиот да се укине, кажа таа. Илиеска во врска со даноците потенцираше дека сега на сила е данокот кој ВМРО-ДПМНЕ го донесе затоа што се покажа како многу успешен. -На сила е сега данокот кој што ВМРО-ДПМНЕ го донесе и се покажа како многу успешен. Зошто успешен? Заради тоа што таа даночна стапка е ниска, а во економијата знаеме кога даночните стапки се ниски, тогаш граѓаните доброволно и неоптоворено ги плаќаат, ги сервисираат даноците и на тој начин собирањето на даноци е полесно, поупешно и поефикасно. Доколку вие донесете политика на воведување на зголемување на даноци, тогаш секој еден интенцијата и мислата ќе му биде како да ги избегне тие даноци, а не како да ги плаќа тие даноци, вели таа. Илиеска понатаму се осврна на данокот на додадена вредност за храната каде укажа дека со тој данок ќе има поскапување на прехрамбените производи. -Јас би се фокусирала и на најавените даночни стапки од данокот на додадена вредност на храната, она кое секој еден граѓанин е опфатен со тие даночни стапки. Тука многу гласно сакам да зборувам поради тоа што граѓаните немаат комора која што ќе ги претставува и постојано ќе зборува за тоа. Ако стопанствениците и компаниите имаат глас кој го кажуваат стопанските комори јас денеска ги потенцирала и алармирала на она кое што треба сите да не снајде со донесувањето на законот со дебата од 3 дена поради тоа шпто го донесоа со европско знаменце. Ако минатата година во ноември и декември за оданочување на луксузни производи, сега немаме оданочување на луксузни производи туку оданочување на сите производи кои служат за прехрана со исклучок на основните прозиводи. Таа листа на прехрамбени прозиводи кои што од 5% сега ќе се оданочуваат со 10% може да биде многу голема и може да опфаќа прозводи кои ние секојдневно во нашата исхрана ги користиме. Тоа значи дека после овие 3 дена дебати со носењето на овие закони ние сите во продавниците кога купуваме прехрамбени производи, дел ќе бидат со зголемена даночна стапка од 10%. Тоа значи со повисоките производи дека ние ја придвижуваме и ја храниме инфлаторната спирала, а знаеме дека во регионот ние имавме највисока стапка на инфлација, рече Илиеска. На крај Илиеска запраша: -Кога некоја влада е на власт тие треба да имаат програма и идеја. Која е идејата за зголемување на цените на храната? Не можам да го најдам одговорот, поради тоа што се удира буквално по секој еден граѓанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-najavenite-reformi-za-danochnata-politiki-na-vlasta-se-shokantni-i-neizdrzhlivi-nitu-za-graganite-nitu-za-kompaniite/feed/ 0
Илиеска: Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ne-se-za-falene-povisokite-brojki-na-neto-i-bruto-platite-koga-vrednosta-na-platata-e-pomala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ne-se-za-falene-povisokite-brojki-na-neto-i-bruto-platite-koga-vrednosta-na-platata-e-pomala/#respond Tue, 20 Jun 2023 17:01:51 +0000 https://kurir.mk/?p=847915

Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска преку статус на Фејсбук пишува дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала. -Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала. Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ. Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР). Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот Јануари-Април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%. НО, Индексот на РЕАЛНАТА плата за периодот Јануари-Април 2023 во споредба со Јануари-Април 2022 година е 98,3%. Препорака: Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци,тогаш прашајте ги граѓаните. Еднаш слушнете го народот што кажува, стои во нејзиниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ne-se-za-falene-povisokite-brojki-na-neto-i-bruto-platite-koga-vrednosta-na-platata-e-pomala/feed/ 0
Илиеска: Оваа власт тера непредвидливи економски политики што прави несигурност и неподносливост и за граѓаните и за компаниите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ovaa-vlast-tera-nepredvidlivi-ekonomski-politiki-shto-pravi-nesigurnost-i-nepodnoslivost-i-za-graganite-i-za-kompaniite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ovaa-vlast-tera-nepredvidlivi-ekonomski-politiki-shto-pravi-nesigurnost-i-nepodnoslivost-i-za-graganite-i-za-kompaniite/#respond Mon, 05 Jun 2023 17:11:56 +0000 https://kurir.mk/?p=842412

Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна на тоа дека Македонија беше прва по најниски даноци и така се привлекоа многу странски инвестиции и се задржаа младите. “Така ќе биде и кога ВМРО-ДПМЕ ќе дојде повторно на власт. Ако просечната секаде беше 10 проценти во Македонија беше просечната 7,4 и тоа води кон привлекување на инвестиции, задржување на младите. Со ниски даноци се мотивираат граѓаните, компаниите и на никого не му е тешко да ги плаќа даноците. Даноците не треба да бидат терет туку поттик и мотив да се придонесе за државата“, рече Илиеска. Таа посочи дека оваа власт ги зголеми даноците, придонесите, патарините, долгот. „Зголемија се. Во државава стана неподносливо да се живее. Експерти се во ретерирање и на своите ставови за прогресивен данок бараа гласови. Но истото го укинаа за една година на власт. Нивното носење даночни политики од денес за утре, измени на сите закони за даноци носи кон неизвесност. Таа атмосфера на неизвесност ги брка граѓаните, лошо е за компаниите. Неизвесноста како политика, како функционирање од денес за утре е погубно за сите“, заклучи Илиеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-ovaa-vlast-tera-nepredvidlivi-ekonomski-politiki-shto-pravi-nesigurnost-i-nepodnoslivost-i-za-graganite-i-za-kompaniite/feed/ 0
Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ е надежта за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ знае како да се решат нивните проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vmro-dpmne-e-nadezhta-za-graganite-vmro-dpmne-znae-kako-da-se-reshat-nivnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vmro-dpmne-e-nadezhta-za-graganite-vmro-dpmne-znae-kako-da-se-reshat-nivnite-problemi/#respond Mon, 05 Jun 2023 06:31:04 +0000 https://kurir.mk/?p=842056

Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени „ставени сме некаде во фиока“ и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби како и во инфраструктурата и образованието. Нема поддршка ниту за земјоделците, ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, кажа Илиеска. На крај Илиеска порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи надежта секаде со себе и знае како треба да се решат проблемите на граѓаните. Но, пораката е јасна, надежта ВМРО-ДПМНЕ ја носи секаде со себе. Надежта за подобро утре, затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да ги реализира и решава проблемите. Проблеми секогаш ќе има, но во 21 век луѓето треба да престанат да се занимаваат со основните потреби. Народот ги изгуби осовните работи за квалитетен живот. ВМРО-ДПМНЕ надежта ќе ја донесе, порача Илиеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vmro-dpmne-e-nadezhta-za-graganite-vmro-dpmne-znae-kako-da-se-reshat-nivnite-problemi/feed/ 0
НИКАКВИ МОЖНОСТИ не создадоа и НИКАКВА НАДЕЖ не оставија https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nikakvi-mozhnosti-ne-sozdadoa-i-nikakva-nadezh-ne-ostavija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nikakvi-mozhnosti-ne-sozdadoa-i-nikakva-nadezh-ne-ostavija/#respond Mon, 01 May 2023 11:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=829404

Додека ЕУ ги поедноставува условите за престој и работа во нејзините земји за граѓаните од трети земји, Владава во континуитет ги поедноставува условите за егзодус од земјава. Предлогот на Европската комисија до Европскиот парламент е олеснување на дозволите за работа и престој за индивидуални и долгорочни дозволи,но и сезонски работници,за што се предложени две директиви. Директивата за единствена дозвола се однесува за лица со легален престој и работа во земјите на ЕУ и истата ќе се издава за период кој е зависен од времетраењето на договорот за работа. Директивата за долгорочна дозвола ќе им овозможи на државјаните од трети земји да поднесат барање до националниот орган, да живеат и работат на територијата подолг период (постојан престој) после три години живот во земјата, кој период до сега беше после пет години. Дополнително олеснување ќе биде тоа што со оваа дозвола државјаните на трети земји ќе можат да се преселуваат во други земји членки на Европската унија, во случај кога причината е работа или студирање, без дополнителни барања. Доколку старателот има дозвола, децата последователно ќе имаат право на долгорочна дозвола. Лицата со овој вид на дозволи, при случај да отсуствуваат од територијата на ЕУ за период  до 24 последователни месеци, нема да  го изгубат својот статус. До крајот на оваа календарска година,се очекува да се заврши донесувањето на регулативата во ЕУ. Интенцијата на земјите западно од Балканот е привлекување и интеграција на балканците како работна сила, поради високиот степен на образование, лесно прилагодливите карактерни особини и културата на живеење. Следниов период Германија планира да вработи околу 50.000 работници од Балканот,а ист број работници го очекува и Англија. Според статистичките податоци на  Евростат последниве 10 години бројот на македонски државјани кои добиле дозволи за работа во земјите од Европска Унија е зголемен за повеќе од 10 пати.Ако во 2013 година 1.283 државјани на Македонија добиле дозвола за работа во земјите на Европска Унија,во 2019 година се издадени 11.427 дозволи за престој врз основа на вработување. Во ситуација кога во Европската Унија, Европската комисија доставува предлог директиви до Европскиот парламент за еднократен и долготраен престој и дозволи за работа во земјите на ЕУ за државјани на трети земји,што прави Владата во насока на подобрување на условите за живот,со цел иселувањето да се намали? Што направија во годиниве наназад за подобар и поквалитетен живот,какви можности создадоа и каква надеж, дека се движиме кон подобро. НИКАКВИ МОЖНОСТИ не создадоа  и НИКАКВА НАДЕЖ не оставија Фокусирани беа на потпишување договори ,подарување пенкала и гајбички со домати, секоја нова календарска година ветуваа и најавуваа очекуван економски бум. Од сите тие најави само очекувањето ни остана,а секоја година доживувавме корупциски и инфлациски БУМ. Да се завртиме зад нас годиниве може да споредиме и да се запрашаме: Имаме ли подобро и поквалитетно образование? Имаме  ли подобро и поквалитетно здравство? Имаме подобра патна инфраструктура ? Имаме поквалитетно и побогато земјоделие? Имаме ли поквалитетни културни настани и поактивени спортски? Имаме ли подобар и повисок стандард? Трагично е што на секое прашање одговорот е НЕ. Квалитетот на живот е на најниско ниво,имаме најмал раст на БДП во споредба со земјите во опкружувањето,со највисока инфлација во регионот,највисока корупција,што е тоа со што владата го спречува егзодусот? Наспроти тоа потребата од работна сила во земјава Владата ја проценува околу 10.000 работници годинава.Ако минатата година се издадени 5.300 дозволи за работа за лица од странство,оваа година до сега издадени се околу 1.600 работни дозволи на странски државјани.Од идејата и најавите за увоз на работна сила од увезените работници скоро една петтина се управители.Што увезуваме??? Најголем број на лица кои добиле работна дозвола во државава се од Турција,па Косово,Србија,Албанија,24 лица од Филипини,12 индијци,10 мина Пакистанци,5 мина Непалци. Во кој правец се движи државава кога ништо не се презема за да се намали одливот на работоспособното население,а условите за работа споредено со земјите од регионот се далеку од атрактивни.Потребата од работници во градежништво и во преработувачката индустрија е најголема,каде со последниот  договор за патна инфраструктура за нивно ангажирање работното време веројатно ќе се зголеми од 40 на 60 часа.Ова е противуставно и е во спротивена насока со она што е актуелно во земјите членки на ЕУ, каде работните денови во текот на една седмица се намалуваат на 4 денови. Како ќе бидеме атрактивни за увоз на работна сила кога во регионот имаме најниска минимална плата (Црна Гора  450 Евра,БИХ минимална плата е  280 Евра,во Хрватска минималната плата изнесува 560 Евра,во Словенија 878 Евра). Но кога ќе се запрашаме дали можете да насетите дека нештата ќе се променат на подобро,мораме да се свртиме кон себе и одговорот да ни биде исклучиво: Само ние самите и никој друг нема да ни создаде подобар живот. Мораме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nikakvi-mozhnosti-ne-sozdadoa-i-nikakva-nadezh-ne-ostavija/feed/ 0
Илиеска: Имаме двоцифрена инфлација, банкнота од 500 денари има вредност како 100 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-imame-dvotsifrena-inflatsija-banknota-od-500-denari-ima-vrednost-kako-100-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-imame-dvotsifrena-inflatsija-banknota-od-500-denari-ima-vrednost-kako-100-denari/#respond Sat, 11 Mar 2023 12:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=810762

Просечната плата се зголеми, но на еден вештачки начин. А зголемувањето на вештачки начин поттикна еден степен на повисока инфлација и тоа е нотирано во Извештајот на Светска банка, вели Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ во телефонско вклучување во емисијата Стадион на Канал 77. Илиеска додаде дека Македонија се соочува со двоцифрена инфлација, укажувајќи дека власта залудно се фали со покачување на минималната плата бидејќи сите производи се со покачена цена, па така банкнотата од 500 денари сега има вредност колку банкнота од 100 денари. Овие два месеца имаме двоцифрена инфлација од 18 проценти, а платите остануваат исти. И сега ако лани сте земале 30.000 денари, оваа година земјаќи ги тие 30.000 денари вредноста му е 25.000 денари. Што значи некаде од 100 евра е помала вредноста и како што кажа и Битиќи, сите ние одиме во продавница и сите ние знаеме дека банкнотата од 500 денари има важност како банкнота од 100 денари. Секој еден производ е со повисока цена, смета таа. Илиеска истакна дека уште пред една година ВМРО-ДПМНЕ предложила замрзнување на цените на прехранбените производи, како и намалување на акцизата, укажувајќи дека тогаш тоа не било прифатено од страна ан владата на СДСМ. Замрзнувањето на цените на основните производи беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ уште минатата година кога почна војната во Украина и со прогласување на економската криза ВМРО-ДПМНЕ излезе со конкретни предлози. И еден од предлозите беше намалување на акциза поради тоа што горивото како дел од трошоците што влегуваат во крајната цена на производите буквално е имплементиран во секој еден производ. Но, не беше прифатена оваа мерка од власта, рече Илиеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-imame-dvotsifrena-inflatsija-banknota-od-500-denari-ima-vrednost-kako-100-denari/feed/ 0
Илиеска: Владата со измените на законот за данок на добивка удира по малите претпријатија, го укинува ослободувањето за фирмите со промет до 3.000.000 денари, кои се најкревки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vladata-so-izmenite-na-zakonot-za-danok-na-dobivka-udira-po-malite-pretprijatija-go-ukinuva-osloboduvanjeto-za-firmite-so-promet-do-3-000-000-denari-koi-se-najkrevki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vladata-so-izmenite-na-zakonot-za-danok-na-dobivka-udira-po-malite-pretprijatija-go-ukinuva-osloboduvanjeto-za-firmite-so-promet-do-3-000-000-denari-koi-se-najkrevki/#respond Sun, 25 Dec 2022 11:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=780247

(Интегрален текст од прес конференцијата на Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ) Реформа е подобрување на некоја структура. Во случајот со таканаречената “даночна реформа“ од страна на Владата и поднесените предлог законски решенија се утврдува дека не станува збор за реформа, туку за нови даночни оптоварувања. Законските решенија ниту еден ден не беа објавени на ЕНЕР и само еден месец пред новата календарска година се поднесени во собраниска процедура. Ваквиот начин на работа на Владата во економијата создава клима на неизвесност и несигурност. Со “реформата “се укинува ослободувањето од обврската за плаќање на данокот на добивка на фирми кои што остваруваат приходи на годишно ниво до 3.000.000 денари. Доколку се усвои овој предлог закон, категоријата која беше ослободена од данок на добивка до 3.000.000 денари промет, сега ќе плаќа данок со влегување во категоријата на обврзници од 3.000.001 ден до 6.000.000 денари промет, при што како до сега ќе избираат дали ќе плаќаат данок на добивка од 10% или 1% на вкупниот приход. Во таа категорија спаѓаат микро даночни обврзници, кои што се најголем број, но истовремено се најкревки и најмали во економијата, со исклучок само на занаетчиите кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување. Во период на пост пандемиска здравствена и енергетска криза, економска криза пропратена со брзо растечка инфлација, неоправдана и неразвојна е идејата на „реформаторот“, од најкревките и најмалите да собира данок. Во првите 6 месеци од годинава затвориле околу 5.000 фирми, а само последниве два месеци Октомври и Ноември затвориле 707 фирми, што е 11% повеќе од минатата година. Во истите последни два месеци се отворени 1.000 фирми помалку во споредба со минатата година, во атмосфера на намален тренд на отворање на нови правни лица, условите кои што се создаваат со законските измени само ќе стават клуч на многу мали бизниси. Знаејќи дека малите фирми се нераскинлив дел од економијата, последиците ќе се рефлектираат и на средните и големи даночни обврзници. Во таква околина, микро даночните обрзници Владата ги поттурнува до ивица на провалијата на сива зона, која наместо да ја намалуваат, со укинувањето на ослободувањето од данок на добивка до 3.000.000 денари, ја стимулираат неформалната економија. За какво праведно оданочување станува збор, кога како последица на овој предлог закон се поттикнува сивата економија, затворање на фирми, отпуштање на вработени, зголемено иселување, нови социјални случаи. Наспроти тоа неформалната економија останува во комфор зона. На само неколку денови до новата календарска година, ниту даночните обврзници, ниту граѓаните знаат кои прехранбени производи ќе се оданочат по повластена стапка на данок на додадена вредност од 10%. Освен споменатите опашки од ајкули, месо од кит, морски производи, тартуфи јавноста сеуште не е информирана за останатите илјадници прехранбени производи ,кои со донесувањето на ова законско решение ќе ги купува по повисока цена. Владата со нетранспарентноста и непредвидливоста ја зголемува неизвесноста со која дополнително ја влошува атмосферата за време на кризни состојби и создава нови проблеми. Ефектите од законските измени нема да го дадат очекуваниот резултат, напротив ќе бидат дестимулативни за фирмите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vladata-so-izmenite-na-zakonot-za-danok-na-dobivka-udira-po-malite-pretprijatija-go-ukinuva-osloboduvanjeto-za-firmite-so-promet-do-3-000-000-denari-koi-se-najkrevki/feed/ 0