анастасија илиевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Mar 2023 12:54:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анастасија илиевска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илиеска до Битиќи: Таканаречените економски реформи ви се задоцнети, тоа требаше да го направите многу поодамна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-do-bitiki-takanarechenite-ekonomski-reformi-vi-se-zadotsneti-toa-trebashe-da-go-napravite-mnogu-poodamna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-do-bitiki-takanarechenite-ekonomski-reformi-vi-se-zadotsneti-toa-trebashe-da-go-napravite-mnogu-poodamna/#respond Sat, 11 Mar 2023 12:54:20 +0000 https://kurir.mk/?p=810771

Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во стадион на Канал 77 зборуваше за политиките на власта предводена од СДС и ДУИ и потенцираше дека владата мора да има политики зад кои што ќе стои и ќе воведува реформи кои што ќе се спроведуваат. Имено таа укажа дека за вакви политики е доцна зошто оваа влада е веќе на власт 6 години и такви политики требало да ги спроведе уште од поодамна. -Ретерирањето, неизвесноста и неконзистентноста на политиките создава кај компаниите, во стопанствениот сектор, но и кај граѓаните една неизвесност, една несигурност и граѓаните не се чувствуваат комотно во опкружувањето и е една од сериозните причини за кои што луѓето на добри работни позиции планираат и секојдневно ни се иселуваат. Мора да имате политики зад кои што ќе стоите и ќе воведувате реформи кои што ќе се спроведуваат, но не сега 6-та година од владеење, туку тоа требаше да се направи многу одамна. Сега имаме уште една година за да видиме она кое што не се сработило во минатите 5 години, ќе се успее да се сработи последната година, рече таа. Илиевска во текот на своето гостување се насочи и кон иселувањето на граѓаните од државата и потенцираше дека главна причина поради која граѓаните си заминуваат од државата е можноста односно неможноста за работа и атмосферата во државата. -Нашата цел сметам дека првенствено треба да биде насочено кон задржување на нашето работно способно население кое секој ден буквално не се одлива, туку бега од Република Македонија. Јас доаѓам од Прилеп и секој ден се соочувам со овие приказни, во помалите места тоа се чувствува многу повеќе отколку во главниот град, но можноста за работа и атмосферата во државата е она која буквално ги брка нашите граѓани од Република Македонија, додаде Илиевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-do-bitiki-takanarechenite-ekonomski-reformi-vi-se-zadotsneti-toa-trebashe-da-go-napravite-mnogu-poodamna/feed/ 0
Илиеска: Владата не делуваше навремено во кризата, туку со задоцнување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vladata-ne-deluvashe-navremeno-vo-krizata-tuku-so-zadocnuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vladata-ne-deluvashe-navremeno-vo-krizata-tuku-so-zadocnuvanje/#respond Sun, 08 May 2022 11:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=673581

На денешната трибина насловена „Наместо ЕУ влада, влада на должничко ропство - Потребни се политики кои ќе донесат промени и иднина“ која се одржа во просториите на централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Анастасија Илиевска во своето обраќање истакна дека влегуваме од криза во криза и лично не верува дека повеќе ќе следат добри времиња. Таа ист така рече дека во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, во првите години се занимавале само со едно прашање како да воопшто немало министерство за финансии или други министерства за секое секторски да си делува и да ги решава проблемите. - Она кое е донесено сега како сет-мерки, 23, за надминување на кризата со која се соочуваат стопанствениците и компаниите, гледаме дека сите очекуваат во криза сега и веднаш да се делува, а од овие 23 мерки може да забележиме само три или четири мерки кои се однесуваат на делување сега и веднаш на поддршка на граѓаните, а една од нив 1000 денари на пензионерите, на лицата кои користат социјална помош 1000 денари и тоа три месеци. Тие веќе ја добиваат втората поддршка а поддршката ќе трае уште еден месец. Сите тие сет мерки кои што се конкретни и директни се само за шест месеци и нема ниту една до крајот на годинава, а таму најголемиот број на мерки се на среднорочен и на долгорочен план. Една од мерките е да се подобри регулативата за искористување на фотоволтаици на електрична енергија од природни извори. Она кое сакаме да го потенцираме е во време на криза ни требаат конкретни и јасни стратегии кои реално ќе му помогнат на стопанството и реално ќе бидат во онолкав износ колку што се кажува, а не онолку колку што тие сами меѓу себе можеле да си распределат. Дел од овие 23 мерки се и препораки, како на пример граѓаните да ја користат електричната енергија домаќински итн, што е далеку од нешто што конкретно ќе му помогне на стопанството. – кажа Илиевска. Илиевска додаде и дека може да се видат и ефектите од помпезно најавуваниот проект минимална плата и субвенционирањето од страна на владата. Рече дека првично станувало збор за 70.000 лица по проценка на владата кои земале минимална плата и дека тука најпрво има нерамноправност во приватен и во јавен сектор. - Кога во приватниот сектор каде што е целата целата тежина на собирање на даноци му наметнувате од први да ја зголемат минималната плата, тука има 3000 денари трошок на стопанственикот за лице а вие го субвенционирате само 1200 денари. Од 70.000 лица ги издвојуваме оние кои што се вработени во јавен сектор заради тоа што ниту едно лице во јавен сектор нема земено зголемена минимална плата од 18.000 денари, значи тежината е во приватниот сектор. Тие 70.000 лица не се само 70.000, нивните очекувања се скоро 10%, значи кое е тоа зголемување на минимална плата ако 70.000 лица планирале реализацијата е 10% на субвенционирање заради тоа што и таму имаше такви услови кои што имаше ограничувања. Ако претходно некое лице било поддржано од друга мерка од страна на владата, да биде исклучено од минималната плата, рече Илиевска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-vladata-ne-deluvashe-navremeno-vo-krizata-tuku-so-zadocnuvanje/feed/ 0
Илиеска: Неопходна е вистинска помош од државата за бизнисите и за граѓаните, власта предложи несоодветни, комплицирани и стари мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-neophodna-e-vistinska-pomosh-od-drzavata-za-biznisite-i-za-gragjanite-vlasta-predlozi-nesoodvetni-komplicirani-i-stari-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-neophodna-e-vistinska-pomosh-od-drzavata-za-biznisite-i-za-gragjanite-vlasta-predlozi-nesoodvetni-komplicirani-i-stari-merki/#respond Thu, 10 Mar 2022 11:36:48 +0000 https://kurir.mk/?p=644730

Македонската економија секојдневно се соочува со проблеми предизвикани од големото зголемување на цените на горивата, на електричната енергија, што влијае на прехранбените продукти и се што ги зголемува трошоците на животот на граѓаните, што пак ја зголемува сиромаштијата. Неопходна е вистинска помош од државата за бизнисите и за граѓаните, истакна Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ. -Македонија е во постојана енергетска криза подолг период, за што веќе со месеци владата воведе и кризна состојба. Руската инвазија врз Украина само дополнително иницира нов бран на ценовни шокови. Цените на примарните производи, храната, енергенсите и металите дополнително секојдневно растат. Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, не дадоа доволно ефект кај стопанството и кај граѓаните во ваква ситуација, и затоа што не нудат целосен одговор на состојбата. Тоа можеше да се види вчера, кога само по осум часа од објавување на мерките, бензините енормно поскапеа, и тоа второ драстично поскапување за два дена!, вели Илиеска и додава: „Со Предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, за што ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог уште пред две недели, е едноставен и конкретен. Со него цената на бензинот би се намалила за цели 13 денари, а на дизелот за девет денари. Наместо тоа, Владата даде комплицирана мерка, а резултатот го видовме веднаш потоа, огромен скок на цените на горивата. Покрај ова, голем дел од мерките беа промовирани како нови, а истите претходно се дел од предлог закони кои се наоѓаат во собраниска процедура или веќе се донесени и се на сила. Во ситуација кога стапката на инфлација во Македонија во февруари на годишно ниво достигна околу 8%, годинава во однос на февруари лани трошоците за живот се повисоки за 7,6 проценти, а цените на мало се повисоки за 8,6 проценти, се соочуваме со несигурност, неизвесност и страв од продлабочување на кризата. Владата требаше да ги предвиди светските енергетски текови и да ја обезбеди државата навремено со енергенси и да ги оспособи македонските капацитети и државните резерви. На граѓаните веќе одамна им е преку глава од празната реторика и лажната загриженост изразена преку префрлање на одговорност. На граѓаните им е потребна конкретна поддршка и вистински решенија кои ќе го подобрат стандардот и квалитетот на животот сега и веднаш“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-neophodna-e-vistinska-pomosh-od-drzavata-za-biznisite-i-za-gragjanite-vlasta-predlozi-nesoodvetni-komplicirani-i-stari-merki/feed/ 0
Илиевска: Еколошката такса ќе го осиромаши народот уште повеќе, сивата економија нема да ги почувствува даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievska-ekoloshkata-taksa-kje-go-osiromashi-narodot-ushte-povekje-sivata-ekonomija-nema-da-gi-pochuvstvuva-danocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievska-ekoloshkata-taksa-kje-go-osiromashi-narodot-ushte-povekje-sivata-ekonomija-nema-da-gi-pochuvstvuva-danocite/#respond Tue, 29 Jun 2021 18:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=529554

На денешната трибина на тема економија организирана од ВМРО-ДПМНЕ се обрати м-р Анастасија Илиевска која што даде свој осврт во однос на економијата во Република Македонија, како и за плановите за подобрување на економската состојба во државата. Илиевска потенцираше дека кризниот данок, односно еколошката такса ќе влијае врз буџетот, како и врз граѓаните. При здравствена пандемија која што сама по себе го срозува економскиот столб, не се потребни никакви нови даноци, поради тоа што економијата не може да се стабилизира на таков начин, поради осиромашувањето на народот. Таа додаде дека вo овој случај, ваквите даноци се апсолутно непотребни и ваквите даноци единствено удираат по џебот на граѓаните, а на никаков начин не придонесува за надополнување на економската дупка. -Граѓаните на Република Македонија се во главно дисциплинирани плаќачи на даноците во Република Македонија, но со овој вид на данок ќе бидат опфатени само оние граѓани кои и онака низ годината ги подмируваат своите даноци и долгови кон државата, а нема да биде опфатена онаа категорија на граѓани кои ја движат сивата економија, а немаат никакви трошоци, истакна Илиевска. Во ниту една земја економијата не се издига со зголемување на даноците кои што ќе ги плаќаат граѓаните, туку со мерки и долгорочни планови кои што ќе гарантираат ревитализација на приватниот сектор. Илиевска додаде дека граѓаните се уште се опоравуваат од пандемијата која што ја зафати државата, а некои се уште се без работни места, поради огромниот број на отпуштени работници поради немањето работа изминатата година. -Наместо Владата да се фокусира на изнаоѓање решение во однос на овие луѓе кои се најпогодени, таа измислува нова еколошка такса, која што условно кажано ќе ги дотепа луѓето и ќе им оневозможи издигање од пепелта во која се наоѓаат, заврши Илиевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievska-ekoloshkata-taksa-kje-go-osiromashi-narodot-ushte-povekje-sivata-ekonomija-nema-da-gi-pochuvstvuva-danocite/feed/ 0
Илиевска: За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievska-za-samo-tri-meseci-vladata-go-zgolemila-javniot-dolg-za-edna-milijarda-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievska-za-samo-tri-meseci-vladata-go-zgolemila-javniot-dolg-za-edna-milijarda-evra/#respond Mon, 03 Aug 2020 11:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=385480

За само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра. Јавниот долг кој на крајот од првиот квартал оваа година изнесуваше 5,5 милијарди евра, за само три месеци се зголеми на 6,5 милијарди евра. Тоа значи дека секое просечно семејство е задолжено за НОВИ 2.000 евра јавен долг и тоа само за последниве ТРИ МЕСЕЦИ, изјави на денешната прес-конференција Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ. Ова е рекорден раст на јавен долг во Македонија за едно тримесечие, речиси 9 процентни поени. Со ова галопирачко темпо на задолжување веќе достигнавме 59,5% од БДП, но согласно Мастришките критериуми за влез во една земја во Европската монетарна унија, дозволуваат јавен долг од 60%.Со ова темпо на задолжување Македонија набрзо ќе го пробие овој критериум. И покрај огромниот пораст на јавниот долг од една милијарда евра, проекциите се дека македонската економија годинава може да ја заврши со пад на бруто домашниот производ приближно на 10%, со што логично се отвора прашањето за која намена беа искористени овие пари? Овие показатели се резултат на исклучително лошата економска политика на владата, задоцнетите и популистички мерки кои суштински не го помогнаа стопанството.Во цела криза и немаштија дополнително се наметнуваат огромни давачки, како што е поскапувањето на струјата за цели 7,5%. Очигледно е дека Македонија тоне. Пред избори се вршеше класичен поткуп на граѓаните со ваучери, а после избори го товарат секое семејство со поскапи сметки за струја за 200 евра на годишно ниво, 2.000 евра нов долг за три месеци, повисоки трошоци за живот и уништен стандард. Денес повеќе од било кога, потребна ни е стабилна и издржлива стратегија за надминување на кризата во економијата, која што секој ден е се поголема и посериозна. Денес повеќе од било кога потребни ни се ефикасни мерки кои директно ќе му помогнат на стопанството да ја одржи ликвидноста и да ги задржи работните места. Денес повеќе од било кога потребни се сериозни чекори за подобар стандард и помош на граѓаните, а не мерки за преживување. Потребни се правилни, навремени и суштински чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, бидејќи досегашните популистички и маркетниг мерки резултираат со тонење на економијата врз грбот на граѓаните, за што сведок се и податоците. Потребни се цврсти и стабилни чекори за поддршка на стопанството и граѓаните, зашто само така државата и економијата ќе може да излезат од овој ќорсокак и да се придвижат напред. Потребна е итна стратегија за обнова на државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilievska-za-samo-tri-meseci-vladata-go-zgolemila-javniot-dolg-za-edna-milijarda-evra/feed/ 0