Анатолиј Тимошчук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Mar 2022 08:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анатолиј Тимошчук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Украинската фудбалска легенда Анатолиј Тимошчук е руски шпион и таен агент на ФСБ?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/#respond Fri, 11 Mar 2022 08:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=645313

Легендарниот украински репрезентативец и долгогодишен капитен Анатолиј Тимошчук (42) стана непожелна личност во својата земја, после руската инвазија врз Украина. Играчот со најмногу настапи во дресот на Украина (144) важи за предавник бидејќи не сакал да го напушти тимот на Зенит каде работи како тренер, а сите негови рекорди и значајни остварувања се бришат, како да не постои. Од Украина денеска пристигна навистина шокантна вест, а новинарот Костјантин Андријук открива дека Тимошчук всушност е руски таен агент. Како доказ ги објавил фотографиите кои ги добил пред неколку години за време на истрага. Сепак, тој не сакаше да ги објави без вистински докази, а војната очигледно го разоткри познатиот фудбалер. Тимошчук се заколна на верност на Русија и потпиша изјава во која се вели: -Јас, Анатолиј Тимошчук, се колнам на верност на Русија и се колнам дека ќе ги почитувам Уставот и законите. Се колнам на верност на ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на моите претпоставени и дека ќе чувам државни и службени тајни. Подготвен сум да го дадам животот за Русија, е наводната заклетва дадена од поранешниот фудбалер на Баерн. Претходно, Фудбалската федерација на Украина на својата официјална веб-страница објави дека ќе го санкционира Тимошчук за „соработка со окупаторите“. Освен што федерацијата нема да признае никаков настап или трофеј, му ја одзеде и тренерската лиценца. Официјално, Тимошчук до денес беше фудбалер со најмногу настапи за украинската репрезентација. Многу Украинци остро го критикуваа дека останал во Русија. Нему му се јавил неговиот поранешен соиграч Евгениј Левченко, кој му рекол: „Тимо, зошто го направи тоа? Ти си од Украина. Како можеш да молчиш и да продолжиш да работиш таму? Игравме заедно за ист тим, го носевме тој дрес со гордост, пееше химна, славевме и тагувавме. Како ќе живееш со тоа?“ На овие критики набрзо им се придружи и најдобриот украински фудбалер на денешницата, играчот на Атланта, Руслан Малиновски: „Не знам што се случи со Тимошчук, треба да го прашате. Тешко е да се коментира, но чудно е. Мислам дека не е правилно Тој повеќе не е 100 проценти и никогаш нема да биде легенда на украинскиот фудбал. Неговите достигнувања сега се заборавени“. На серијата вакви и слични јавни настапи се приклучи и претседателот на украинскиот прволигаш Рух, Григориј Козловски, кој за Тимошчук рече: „Како што рече Шевченко, пријателската гнида е полоша од ушите на непријателот. Тој е украинска гнида. Се вели дека со такви гниди не ви се потребни непријатели“. Своето мислење за Тимошчук го сподели и Олександр Алиев, кој го нарече поранешниот украински фудбалски херој „предавник“ кому „јазикот му бил заглавен во задникот“. „Ти си наш украински патриот. Или црташе знамиња на образите само за да се покажеш? му порача поранешниот соиграч.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-ukrainskata-fudbalska-legenda-anatolij-timoshchuk-e-ruski-shpion-i-taen-agent-na-fsb/feed/ 0