анб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 15:32:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анб – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Влада: Законите за следење на комуникациите и за АНБ да преминат во надлежност на Министерството за правда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-zakonite-za-sledene-na-komunikatsiite-i-za-anb-da-preminat-vo-nadlezhnost-na-ministerstvoto-za-pravda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-zakonite-za-sledene-na-komunikatsiite-i-za-anb-da-preminat-vo-nadlezhnost-na-ministerstvoto-za-pravda/#respond Tue, 02 May 2023 15:32:15 +0000 https://kurir.mk/?p=829799

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ja разгледа и ја усвои Информацијата во врска со потребата - Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност, од надлежност на Министерството за внатрешни работи да преминат во надлежност на Министерството за правда.   Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, констатирано е дека Министерството за правда е ресорно министерство за Законот за следење на комуникациите и Законот за Агенција за национална безбедност и носител на активностите при нивно евентуално изменување, односно донесување нови.   -Во образложението на Министерството за внатрешни работи е наведено дека Законот за следење на комуникациите, беше донесен во април 2018 година, како резултат на спроведени суштински реформи на безбедносно-разузнавачките служби, а со цел имплементација на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (препораките на Прибе), се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlada-zakonite-za-sledene-na-komunikatsiite-i-za-anb-da-preminat-vo-nadlezhnost-na-ministerstvoto-za-pravda/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски именува за директор на АНБ човек со “чаршав-список“ од скандали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kovachevski-imenuva-za-direktor-na-anb-chovek-so-charshav-spisok-od-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kovachevski-imenuva-za-direktor-na-anb-chovek-so-charshav-spisok-od-skandali/#respond Thu, 22 Dec 2022 07:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=778924

Лицемерието на СДС и Ковачевски се виде на дело со поставувањето на Зарко Милошевски за директор на АНБ. Декларативно говорат за прозападни и квалитетни кадри, а за директор поставија човек кој лично го издал документот со кој му се овозможи државјанство на прорускиот политичар Онишченко, лице од црната листа на САД. Но ова не е се. Зарко Милошевски е лик со голем број петна и црни дамки во неговата кариера, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Милошевски бил помошник директор во АНБ во времето кога 215 криминалци, мафијаши, убијци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Исто така бил началник на единицата за екстремизам во УБК во 2015 година и од таа позиција бил одговорен за проценките пред почетокот на полициската акција во Диво Насеље. Според безбедносни експерти токму лошата проценка била причината за жртвите во редовите на безбедносните сили. Дополнително, тој бил началник во УБК во периодот и на прислушкувањето и на настаните од 27 април и затоа треба му се испита вмешаноста и одговорноста за настаните. Очигледно за Ковачевски и Зечевиќ ваквиот “чаршав список“ од скандали за Зарко не се проблем. Ковачевски веројатно бил притиснат од Зечевиќ да го именува пуленот во АНБ, но тоа не го амнестира, туку напротив Ковачевски на себе ја презема целата одговорност за оваа катастрофална кадровска одлука, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kovachevski-imenuva-za-direktor-na-anb-chovek-so-charshav-spisok-od-skandali/feed/ 0
Ковачевски: За директор на АНБ е избран професионалец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-direktor-na-anb-e-izbran-profesionalec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-direktor-na-anb-e-izbran-profesionalec/#respond Wed, 21 Dec 2022 14:11:59 +0000 https://kurir.mk/?p=778654

Премиерот Димитар Ковачевски денеска повтори дека за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АБН) е избран професионалец, кој од 1997 година работи и напредува во службата, а посетувал и бројни обуки, доминантно во САД и во Канада. Во однос на тврдењата на опозицијата дека новиот директор на АБН, Зарко Милошевски бил вмешан во случаите Онишченко, Диво насиље и 27 Април, Ковачевски изјави дека тоа треба да се провери во службите кои се занимаваат со истраги, а тие не се дел од Владата. – Во однос на наводите кои ги дава опозицијата, тоа може да се провери, меѓутоа врз основа на соодветни институции. Сметам дека опозицијата при назначување на секој функционер има напади. Јас барем знам за се што мене ме напаѓаа, дури и мртви роднини ми споменуваа, така што одговорот на тоа прашање најсоодветно ќе можат да ви го дадат соодветните служби кои се занимаваат со истраги, а тоа се служби кои не се дел од Владата, рече Ковачевски. Во врска со Оперативниот тим за хибридни закани, Ковачевски информираше дека ќе биде составен од најдобрите експерти, доминантно од ИТ технологиите и Ви-Пи-Ен мрежите, преку кои се спроведува целиот процес на хибридни напади, од сите надлежни институции, а со него ќе раководи Бирото за јавна безбедност. Ќе им помагаат и други експерти по потреба, а кои не можат да бидат членови на Оперативниот тим. Оперативниот тим, како што рече, ќе биде во координација со нашите стратешки партери САД, НАТО и земјите членки на Алијансата. Ќе излезат со краткорочен план и треба да дадат одговори и решенија до нивото на тоа што може да се направи бидејќи дојавите доаѓаат преку Ви-Пи-Ен сервери од странство. Тој тим ќе треба да направи дијагностика на системите во делот на кибер безбедноста и хибридните закани, што ќе биде основа за унапредување на системите во државата во овој домен, информираше премиерот Ковачевски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-direktor-na-anb-e-izbran-profesionalec/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Кадарот на Ковачевски и Зечевиќ за директор на АНБ бил дел од началниците на УБК во време на прислушувањето во 2015-та https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kadarot-na-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-bil-del-od-nachalnicite-na-ubk-vo-vreme-na-prislushuvanjeto-vo-2015-ta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kadarot-na-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-bil-del-od-nachalnicite-na-ubk-vo-vreme-na-prislushuvanjeto-vo-2015-ta/#respond Tue, 20 Dec 2022 07:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=777944

Скандалот со изборот на нов директор на АНБ добива нови и нови димензии. Кадарот на Зечевиќ и Ковачевски, новиот директор Зарко Милошевски бил дел од тимот началници на УБК во 2015. Со тоа логично се поставува прашањето дали Милошевски бил дел од скандалот со нелегалното прислушкување во 2015 година? Прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Овој сомнеж се надоврзува на низата други дамки во кариерата на Милошевски. Прво излезе на виделина дека новиот директор на АНБ Зарко Милошевски е потписникот на документот со кој му се овозможило државјанство на Онишченко, лицето од американската црна листа. Со ова всушност испаѓа дека кадарот на Ковачевски и Зечевиќ и најодговорен за меѓународниот срам кој ја задеси Македонија. Дополнително, Милошевски бил Помошник директор во АНБ и кога 215 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Трето, пуленот на Ковачевски и Зечевиќ, во 2015 година во текот на акцијата на македонската полиција во Диво Насеље бил началник на единицата за екстремизам и истиот дал непрецизни проценки за групата со која се судрија безбедносните сили. Ковачевски и Зечевиќ нека не се кријат и нека излезат во јавноста да одговорат за ова. Тие го именуваа и сега тие се одговорни да кажат како може еден човек со толкав багаж зад себе да биде прв човек на АНБ, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Посебно Ковачевски треба да знае дека свесно или не на крајот целата одговорност за партизирањето и криминализирањето на институциите ја зема врз себе и за сето тоа ќе одговара, додаваат од таму.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kadarot-na-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-bil-del-od-nachalnicite-na-ubk-vo-vreme-na-prislushuvanjeto-vo-2015-ta/feed/ 0
Ковачки: Ковачевски и Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски со чиј потпис Онишченко доби македонско државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Sat, 17 Dec 2022 11:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=776971

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски, човекот со чиј потпис Онишченко добива македонско државјанство, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Како што истакна документот кој е објавен на социјалните мрежи покажува дека Зарко Милошевски го дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки. -На овој документ Милошевски е потпишан како овластено лице кое одобрило Известување до Секторот за управно надзорни работи, дека не постојат пречки од безбедносен карактер за Онишченко да добие државјанство. Зарко Милошевски е клучна алка за Онишченко да добие државјанство. Ова одобрение е издадено на 03.03.2022 година, во време кога премиер е Ковачевски. Овој предмет чекал повеќе од 9 месеци на одобрување во време кога премиер е Заев, а се решава само за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски. Кој е интересот на Ковачевски за давање на државјанство на Онишченко, и дали Зарко Милошевски е поставен за директор на АНБ како награда или за да молчи за одредени процеси? Треба ли Зарко Милошевски да молчи зошто му е дадено државјанство на Онишченко и да ги прикрива своите шефови Ковачевски и Зечевиќ или треба да биде главен актер при давање на нови државјанства на сомнителни ликови од Далечниот Исток? Зарко Милошевски е дел од луѓето на Зечевиќ. Но, дали истиот е и дел од планот на Артан Груби и Миле Зечевиќ за давање на 20-тина македонски државјанства на лица од Сингапур, Хонг Конг, Тајван и други држави од Далечниот Исток преку Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово?, прашува Ковачки. Посочува дека според планот на Зечевиќ и Артан Груби, во Македонија постои можност државата да додели државјанство на странски лица поради постоење на посебен економски интерес од истите во вид на инвестиција вредна над 400.000 евра. Врз основа на вакви инвестиции Милошевски треба да потпише над 20-тина државјанства на луѓето од Далечниот Исток, а правен застапник на истите да биде адвокатската канцеларија на Миле Зечевиќ. -Практично државјанствата на луѓето од Далечниот Исток ќе бидат исплатени. Тука се поставува прашањето дали во форма на адвокатски услуги ќе се плаќа провизијата за услугите пружени од АНБ и дали низ вака разработена шема треба да се одглават и над 3000 барања за македонско државјанство кои стојат во фиока, а за кои алармираат структурите на ДУИ? Па од тука јасно е зошто за Зарко Милошевски постои консензус меѓу СДС и ДУИ. Наместо безбедносните служби да бидат во функција на безбедноста на државата, СДС и ДУИ ги упропастија и истите ги користат за свое лично богатење, нагласи Ковачки.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Димовски и Зечевиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zarko-miloshevski-ne-e-nov-lik-vo-anb-tuku-prodolzena-raka-na-eks-direktor-dimovski-i-zechevikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zarko-miloshevski-ne-e-nov-lik-vo-anb-tuku-prodolzena-raka-na-eks-direktor-dimovski-i-zechevikj/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=775827

Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Виктор Димовски и Миле Зечевиќ. Милошевски како помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко, и е исто толку виновен како Димовски и другите лица вмешани во овој скандал, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека Милошевски може да се "пофали" и со давање на македонски патни исправи на 200 криминалци од регионот и светот. -Наместо, Милошевски да биде разрешен од позицијата помошник директор, Ковачевски го унапредува со назначување на прв човек на АНБ. Ковачевски уште еднаш покажува дека единствен интерес на власта е политизација и партизацијата на институциите и исполнувања на барањата на клановите на СДС кој се бореа за оваа директорска позиција.Да беше Македонија правна држава, до сега Димовски наместо за амбасадор во Франција, а Милошевски за директор на АНБ, ќе одговараа кривично за бројните пропусти со делење на македонските пасоши на нарко босови и давање државјанство на лица на црната листа на САД, се наведува во партиското соопштение. Според ВМРО-ДПМНЕ, власта во континуитет го уништува безбедносниот систем во државата. Велат, 7 години СДС раководи со МВР и безбедносниот систем, 7 години Македонија има безбедносни пропусти и нарушување на безбедноста. -Безбедносната состојба со СДС на власт е се полоша.Ова мора да заврши, децидни се од ВМРО-ДПМНЕ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zarko-miloshevski-ne-e-nov-lik-vo-anb-tuku-prodolzena-raka-na-eks-direktor-dimovski-i-zechevikj/feed/ 0
Закажано продолжение на сослушувањето на Димовски пред матичната собраниска комисија за случајот Онишченко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/#respond Thu, 15 Dec 2022 06:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=775751

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за денеска го закажа продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот дирекрот на АНБ Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Првото продолжение на седницата, кое беше затворено за јавноста, беше прекинато бидејќи имаше информации дека на јутјуб се слуша она што го зборувал Димовски. Собранискиот спикер Талат Џафери го информираше МВР и беше спроведена истрага. Денешното продолжение Пренџов го закажа откако јавноста беше информирана дека извештајот од МВР пристигнал. Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Станува збор за Зарко Милошевски кој досега бил помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. Досегашниот директор на АНБ Димовски заминува на амбасадорката позиција во Париз. Претседателот на Комисијата за надзор на безбедносните служби Пренџов, и покрај тоа, закажа продолжение на отчетот на Димовски и очекува тој да се појави во Парламентот. По првото продолжение на седницата Димовски изјави дека лоцирано е едно лице во АНБ кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Олексндр Онишченко нема безбедносен ризик,. -Останува да утврдиме дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ништо од ова не е исклучено. Сакаме, и мој прв и најголем интерес е ова да го откриеме. Ќе го откриеме, нема да застанеме, рече тогаш Димовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
АНБ и Државниот пазарен инспекторат добија нови директори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anb-i-drzavniot-pazaren-inspektorat-dobija-novi-direktori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anb-i-drzavniot-pazaren-inspektorat-dobija-novi-direktori/#respond Wed, 14 Dec 2022 19:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=775664

Владата, на денешната седница донесе и кардовски решенија. На седницата беше разрешена директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска. Владата го назначи Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат. Новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, а на позицијата в.д директор на Државниот пазарен инспекторат доаѓа од менаџерска позиција во приватниот сектор каде во своето повеќегодишно искуство остварува соработка со регионот и повеќе европски земји, обезбедувајќи нови пласмани и развој за матичната компанија. Неговата експертиза е во областа на сметководството и финансиите, со менаџерското искуство во раководење на компанија која има регионално присуство на пазарот. На денешната седница, за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, како што е веќе известено, е назначен Зарко Милошевски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anb-i-drzavniot-pazaren-inspektorat-dobija-novi-direktori/feed/ 0
Ковачки: Новиот директор на АНБ не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-noviot-direktor-na-anb-ne-e-nov-toj-e-edna-od-prichinite-zaradi-koja-onishchenko-dobiva-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-noviot-direktor-na-anb-ne-e-nov-toj-e-edna-od-prichinite-zaradi-koja-onishchenko-dobiva-drzavjanstvo/#respond Wed, 14 Dec 2022 16:26:42 +0000 https://kurir.mk/?p=775607

Продолжува партизацијата, неспособноста и аматеризмот во АНБ. Изборот на Зарко Милошевски за директор на АНБ значи дека ништо не се менува, туку како што кажува и Али Ахмети, ќе биде "како и до сега", вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. -Милошевски не е нов човек. Тој му бил помошник и е кадар на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ, а со тоа и на српската врска. Досега ја извршувал функцијата помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО во АНБ, а на таа позиција е поставен со потпис на досегашниот контроверзен директор - Виктор Димовски. Зарко Милошевски како Помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко. Тој е една од причините поради која Онишченко добива македонско државјанство, но очигледно дека тоа не значи ништо за тие што го поставиле. Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога над 200 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи. Милошевски е резултат и дел од целата неспособност на СДС во безбедносниот сектор во изминативе 7 години. Учествувал на највисоко ниво во безбедносните настани и пропусти во изминативе 7 години. Токму Виктор Димовски и Зарко Милошевски се најодговорни за негирањето на правото за пристап до класифицирани информации на лица кои се неподобни за СДС и ДУИ и во тој оддел под нивно раководство се креираат и фабрикуваат лажни вести кои се испраќаат во НАТО. Тој не е кадар кој може да донесе промени. Напротив се ќе биде "како до сега", а СДС со вакви партиски решенија продолжува да ја срами Македонија, пишува Ковачки на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-noviot-direktor-na-anb-ne-e-nov-toj-e-edna-od-prichinite-zaradi-koja-onishchenko-dobiva-drzavjanstvo/feed/ 0
Димовски станува амбасадор во Париз, Владата утре ќе именува нов директор на АНБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/#respond Tue, 13 Dec 2022 10:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=774883

Владата утре на седница ќе именува нов директор на Агецијата за национална безбедност. -Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали. Досегашниот директор на АНБ, Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-stanuva-ambasador-vo-pariz-vladata-utre-kje-imenuva-nov-direktor-na-anb/feed/ 0