Андерс Беринг Брејвик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Feb 2022 17:00:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Андерс Беринг Брејвик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Брејвик останува во затвор, одбиено неговото барање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brejvik-ostanuva-vo-zatvor-odbieno-negovoto-baranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brejvik-ostanuva-vo-zatvor-odbieno-negovoto-baranje/#respond Tue, 01 Feb 2022 17:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=625547

Норвешкиот суд денеска го отфрли барањето за условно ослободување на масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик и нареди тој да остане во затвор. Брејвик, антимуслимански неонацист, уби 77 луѓе во јули 2011 година во најголемото злосторство во Норвешка. Тој уби осум лица во автомобил-бомба пред зградата на норвешката влада во Осло, а потоа уште 69, главно тинејџери, во младинскиот летен камп на Лабуристичката партија на островот Утоја. – Ризикот од насилство е реален, значаен и еднаков на оној кога беше изречена првата пресуда против Бејвик, се наведува во образложението на советот на окружниот суд во Телемарк, пренесува Ројтерс. Брејвик (42) отслужува максимална затворска казна од 21 година, која во Норвешка може да биде продолжена на неодредено време доколку осуденото лице се смета за континуирана закана за општеството. Во исто време, Брејвик имал правна основа да бара условно ослободување по отслужувањето на првите 10 години од казната, а потоа има право да поднесе барање за ослободување една година по секое одбивање. По апсењето Брејвик изјави дека не се смета себеси за виновен, бидејќи се борел за праведната цел да ја брани европската цивилизација. Според него, тој не ги мразел странците колку што „предавниците“ меѓу своите сонародници, а како мета го избрал кампот во Утоја затоа што служел како „жариште од кое се шират штетните идеи за мултикултурализам и социјализам“, објави Би-Би-Си. порано. Атентаторот изјавил дека сонувал да изврши терористички напад по примерот на Ал Каеда и да ја фати и обезглави пред камерите тогашната премиерка на Норвешка Харлем Брунтланд, откако ја принудил да клекне и да моли за милост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brejvik-ostanuva-vo-zatvor-odbieno-negovoto-baranje/feed/ 0
Норвешка: 10 години од нападот на десничарскиот екстремист Брејвик https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-10-godini-od-napadot-na-desnicharskiot-ekstremist-brejvik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-10-godini-od-napadot-na-desnicharskiot-ekstremist-brejvik/#respond Thu, 22 Jul 2021 11:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=540314

Во Норвешка денеска се одбележува 10-годишнината од крвавите настани во кои десничарскиот екстремист, Андерс Беринг Брејвик, уби 77 лица, во најтешкото насилство во оваа нордиска земја од Втората светска војна. На 22 јули 2011 година, Брејвик прво активираше бомба пред кабинетот на премиерот во Осло, при што загинаа осум лица, по што се упати кон островот Утоја, каде уби уште 69 лица собрани во камп на млади лабуристи. Во Осло се одржа комеморација пред кабинетот на поранешниот премиер, што денеска е празен поради спорот околу тоа како да се обнови, а на која присуствуваа премиерот Ерна Солберг, преживеани и семејствата на жртвите, како и политички лидери и норвешкиот престолонаследник Хакон и неговата сопруга Метте-Марит. Надвор од обезбеденото подрачје минувачите застануваа, а некои и се прегрнаа кога се читаа имињата на жртвите. -Боли кога ќе помислиме на тој мрачен ден во јули пред десет години. Денеска жалиме заедно. Денеска се сеќаваме дека 77 лица никогаш не се вратија дома. Теророт од тој ден беше напад врз нашата демократија, рече Солберг. Андерс Беринг Брејвик (42) доби 21 година затвор и таа казна може да се продолжи до доживотен рок, ако тој се смета за опасен за општеството. Преживеаните денеска се загрижени затоа што тој стана инспирација за белите сумпремацисти ширум светот. Преживеаните, од кои многумина во тоа време беа тинејџери, се решени да стават крај на крајната десничарска идеологија што го активираше нападот и еднаш засекогаш да се одречат од расизмот и омразата во општеството. Точно напладне камбаните на црквите низ целата земја удираа пет минути. Комеморацијата ќе има и на островот Утоја, а настаните ќе завршат со вечерна церемонија на која ќе зборува кралот Харалд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshka-10-godini-od-napadot-na-desnicharskiot-ekstremist-brejvik/feed/ 0
Норвешкиот екстремист Брејвик бара предвремено ослободување од затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkiot-ekstremist-brejvik-bara-predvremeno-osloboduvanje-od-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkiot-ekstremist-brejvik-bara-predvremeno-osloboduvanje-od-zatvor/#respond Wed, 16 Sep 2020 15:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=404175

Андерс Беринг Брејвик, норвешкиот десничарски екстремист кој е во затвор поради напади со бомби и пукање во кои беа убиени 77 лица во 2011 година, бара предвремено ослободување од затвор, изјави денеска неговиот адвокат. Во август 2012 година, Брејвик беше осуден на 21 година затвор за нападите во Осло и во младинскиот камп на Лабуристичката партија во близина на главниот град. Адвокатот Ојстејн Шторвик рече дека поднел барање за условна слобода во име на неговиот клиент. Брејвик има законско право на судска ревизија на неговото барање за предвремено ослободување откако ќе отслужи 10 години затвор, минимум кој е наведен во казната, рече неговиот адвокат. Брејвик, -кој го смени своето име во Фјотолф Хансен, исто така планира уште една тужба против норвешката Влада, жалејќи се дека затворските услови биле во спротивност со неговите човекови права, рече Шторвик. Брејвик претходно неуспешно тужеше поради истите причини. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkiot-ekstremist-brejvik-bara-predvremeno-osloboduvanje-od-zatvor/feed/ 0