Андреа Крисанти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Feb 2021 13:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Андреа Крисанти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Виролог открива колку долго по заразување со коронавирус имате имунитет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virolog-otkriva-kolku-dolgo-po-zarazuvanje-so-koronavirus-imate-imunitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virolog-otkriva-kolku-dolgo-po-zarazuvanje-so-koronavirus-imate-imunitet/#respond Fri, 12 Feb 2021 13:21:25 +0000 https://kurir.mk/?p=467848

Уште не знаеме колку трае имунитетот по вакцинирањето против Ковид-19, но сигурно знаеме дека оние кои биле заразени се заштитени, имуни меѓу девет и 10 месеци, изјави познатиот италијански виролог Андреа Крисанти. Според него, оваа информација е добиена во истражувањето спроведено меѓу жителите на општината во регионот Венето, каде што на 21 март минатата година беше идентификуван првиот случај на инфекција со Ковид-19 во Италија. Професорот Крисанти вели дека откриле дека луѓето кои се заразиле во првиот бран на пандемијата, а потоа стапиле во контакт со заразени лица кои се разболеле во вториот бран, не само што не се заразиле, туку било откриено дека имаат развиено уште повеќе антитела. -Имунитетот на оние кои се заразиле со инфекцијата трае најмалку девет месеци, а многу веројатно и подолго, истакна Крисанти. Професорот Андреа Крисанти стана познат по својата анти-ковид стратегија, која беше применета во Венето. Тој предложи, и така беше направено, да се изврши масовно тестирање на популацијата и да не се чека да се појават првите симптоми на заразата. Благодарение на ова, како што пренесуваат италијанските медиуми, Венето имаше релативно мал број заразени и починати во првиот бран на пандемијата во споредба со другите региони во Италија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/virolog-otkriva-kolku-dolgo-po-zarazuvanje-so-koronavirus-imate-imunitet/feed/ 0