андреа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 May 2022 19:47:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png андреа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МРТ ПО СКАНДАЛОТ СО НАЈОСТРА КАЗНА ЗА НАШАТА ПРЕТСТАВНИЧКА – ја разгледуваат можноста Андреа да не пее на Евровизија! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mrt-po-skandalot-so-najostra-kazna-za-nashata-pretstavnichka-ja-razgleduvaat-moznosta-andrea-da-ne-pee-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mrt-po-skandalot-so-najostra-kazna-za-nashata-pretstavnichka-ja-razgleduvaat-moznosta-andrea-da-ne-pee-na-evrovizija/#respond Sun, 08 May 2022 19:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=673714

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме. Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон. МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ. Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/mrt-po-skandalot-so-najostra-kazna-za-nashata-pretstavnichka-ja-razgleduvaat-moznosta-andrea-da-ne-pee-na-evrovizija/feed/ 0
ВО ЦРНО ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ – македонската претставничка ја имаше првата проба на Евровизија, еве како звучи Андреа (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vo-crno-od-glava-do-peti-makedonskata-pretstavnichka-ja-imashe-prvata-proba-na-evrovizija-eve-kako-zvuchi-andrea-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vo-crno-od-glava-do-peti-makedonskata-pretstavnichka-ja-imashe-prvata-proba-na-evrovizija-eve-kako-zvuchi-andrea-video/#respond Tue, 03 May 2022 13:12:05 +0000 https://kurir.mk/?p=671164

Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до петици во црно. LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“. Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва. Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне. Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vo-crno-od-glava-do-peti-makedonskata-pretstavnichka-ja-imashe-prvata-proba-na-evrovizija-eve-kako-zvuchi-andrea-video/feed/ 0
„АНДРЕА“ ПРИСТИГНA И ВО СКОПЈЕ: Пороен дожд и силен ветер во повеќе делови од земјата (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andrea-pristigna-i-vo-skopje-poroen-dozd-i-silen-veter-vo-povekje-delovi-od-zemjata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andrea-pristigna-i-vo-skopje-poroen-dozd-i-silen-veter-vo-povekje-delovi-od-zemjata-foto/#respond Tue, 14 May 2019 16:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=197890

На повеќе места во земјава времето е нестабилно со пороен дожд и грмежи,во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Нестабилност со појава на пороен дожд и засилен ветер има и во Скопје. И утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има и повремени врнежи од дожд, особено попладне, кога на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 12, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температура од 10 до 20 степени. Во четврток и петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и значително потопло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/andrea-pristigna-i-vo-skopje-poroen-dozd-i-silen-veter-vo-povekje-delovi-od-zemjata-foto/feed/ 0
ДОАЃА НЕВРЕМЕТО „АНДРЕА“: Кризниот штаб активен на терен пред најавеното невреме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-nevremeto-andrea-krizniot-shtab-aktiven-na-teren-pred-najavenoto-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-nevremeto-andrea-krizniot-shtab-aktiven-na-teren-pred-najavenoto-nevreme/#respond Mon, 13 May 2019 10:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=197283

Согласно со насоките на кризниот штаб, кој вчера заседаваше, а по најавите за невремето „Андреа“, и поделените обврски меѓу јавните претпријатија, екипите на „Водовод и канализација“ излегоа на терен и спроведоа вонредна акција за чистење на сливниците од коловозите и критичните точки низ градот, а екипите на ЈП „Улици и патишта” машински ги чистеа главните одводни канали во Скопје. Каналите се чистат за да се обезбеди непречен проток на водата од евентуалните обилни врнежи на дожд. Според најавите, бурата „Андреа“ што се очекува во наредните денови да го зафати регионот може да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 литри на квадратен метар. Од УХМР информираат дека до петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, наместа со обилни врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло. На состанокот во Град Скопје, со кој што вчера претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“ беа координирани активностите и се поделија обврските меѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и преостанатите општини и државни институции. Кризниот штаб на Град Скопје апелира да се исклучат пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и во близина на одводните канали. Дополнително, им посочува на граѓаните во случај на електрични празнења да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doagja-nevremeto-andrea-krizniot-shtab-aktiven-na-teren-pred-najavenoto-nevreme/feed/ 0
Андреа со години чекала да забремени, па добила близнаци: Штом го видела лицето на синот знаела дека нешто не е во ред (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/andrea-so-godini-chekala-da-zabremeni-pa-dobila-bliznaci-shtom-go-videla-liceto-na-sinot-znaela-deka-neshto-ne-e-vo-red-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/andrea-so-godini-chekala-da-zabremeni-pa-dobila-bliznaci-shtom-go-videla-liceto-na-sinot-znaela-deka-neshto-ne-e-vo-red-video/#respond Mon, 08 Oct 2018 17:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=112448

Кога слушнав дека носам близнаци целата бев надвор од себе од среќа. Девојчето е родено без никакви проблеми, а потоа го видов момчето и знаев дека нешто не е во ред вели Андреа. 8 годишниот Габриел Стринта Елијас од Бразил боледува од генетско пореметување Тричерс Колинсов синдром, поради што ткивото и коските на лицето неправилно му се развиваат. До денес поминал 21 операција, а првата ја имал после само неколку недели од раѓањето. Габриел има сестра близначка, Марина, која не боледува од овој синдром, а има и помал брат, 5 годишниот Емануел. Габриел поради својата болест има проблеми со дишењето, јадењето, слушањето и говорот. -Се бори од моментот кога се роди, а победува само поради поради својата сјајна личност, вели мајката на Габриел, 35 годишната Андреа. Толку долго чекавме, со години. Одев на вештачко оплодување после години неуспешни обиди за бременост, а кога дознавме дека чекаме близнаци бевме надвор од себе од среќа. А потоа се родиле и видела дека Габриел е поразличен. Марина после три недели е пуштена од болница, а Габриел останал затоа што не можела да го дои. -Од болница излезе дури после седум месеци, вели Андреа, додавајќи дека Габриел не дозволува болеста да го спречи во било што. -Тој плива, вози велосипед, трча, тренира кунг-фу, учи англиски јазик и не гледа разлика меѓу себе и останатите деца. Секако, има мали провокации и грди зборови на негова сметка, но тој тоа го игнорира, вели Анфреа. Габриел инаку и позирал за календар каде секој месец е посветен на одредено дете борец, а тоа за него е сосем заслужено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/andrea-so-godini-chekala-da-zabremeni-pa-dobila-bliznaci-shtom-go-videla-liceto-na-sinot-znaela-deka-neshto-ne-e-vo-red-video/feed/ 0