Андреј Костовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 11:37:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Андреј Костовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анџело, Клементина и Андреј бараат повторно судење и помали казни за убиството на Денис Тот, на потег е Апелација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andhelo-klementina-i-andrej-baraat-povtorno-sudene-i-pomali-kazni-za-ubistvoto-na-denis-tot-na-poteg-e-apelatsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andhelo-klementina-i-andrej-baraat-povtorno-sudene-i-pomali-kazni-za-ubistvoto-na-denis-tot-na-poteg-e-apelatsija/#respond Mon, 15 May 2023 11:37:38 +0000 https://kurir.mk/?p=834337

Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски, неправосилно осудени за убиството на Денис Тот, бараат одново да им се суди, а пресудата да биде укината. Тие пред Апелација ги кажаа своите аргументи поради кои сметаат дека не го сториле делото убиство, но и поради кои сметаат дека казните им се високи. Посочуваат дека Обвинителството греши, а тоа го објаснуваа со тезата дека Тот не може да биде убиен со неколку удари оти имал добра кондиција и на натпревари го удирале и по десетина пати. „Очекуваме дека жалбите ќе ни бидат уважени, очекуваме дека првостепената пресуда ќе биде укината и дека ќе одиме на повторно судење. Сите бранители жалбата ја побиваме по четирите основи. Сметаме дека има суштествена повреда на постапката, дека не е целосно утврдена фактичката состојба, дека е повреден Кривичниот законик, дека е превисока казната“, рече адвокатот Бојан Василевски, бранител на Клементина, по јавната седница. На јавната седница се повтори одбраната што обвинетите ја дадоа и пред Кривичниот суд. Посочија дека Тот бил пијан. Адвокатот Иле Танев рече дека првостепениот суд селективно ги ценел и доказите. „Судот имаше селективен пристап и ги ценеше доказите што одат само на товар на Анџело Ѓеоргиевски, но и доказите што одат на товар на обвинетите“, посочи адвокатот Танев, бранител на Анџело Ѓорѓиевски. Еленко Миланов, бранител на Андреј Костовски, посочи дека најголем проблем е правната квалификација. „Сметам дека во конкретниот случај е спорна правната квалификација за сите обвинети, дека може да станува збор за убиство. Во однос на мојот клиент, единственото дејство е во пределот на десната страна на градниот кош – каде што нема модринка, нема знаци на повреда, а тоа е единственото дејство што го врзува како соизвршител во кривично дело убиство. Таа правна квалификација не може да биде“, рече Еленко Миланов. Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска добија по 18, а Андреј Костовски 16 години затвор за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Сите тројца се во притвор поради опасност од бегство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andhelo-klementina-i-andrej-baraat-povtorno-sudene-i-pomali-kazni-za-ubistvoto-na-denis-tot-na-poteg-e-apelatsija/feed/ 0
Мајката на Андреј со лелек и неверување ја слушна пресудата, а тој ѝ се обрати со овие зборови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-andrej-so-lelek-i-neveruvanje-ja-slushna-presudata-a-toj-se-obrati-so-ovie-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-andrej-so-lelek-i-neveruvanje-ja-slushna-presudata-a-toj-se-obrati-so-ovie-zborovi/#respond Wed, 30 Nov 2022 16:42:12 +0000 https://kurir.mk/?p=768994

Мајката на осудениот Андреј Костовски со лелек ја коментира високата затворска казна на својот син. Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинетиот, која со лелек и неверување ја слушна 16-годишната казна за својот син за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок. По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка си: „Пред Господ сум чист, не сум убил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е поради јавност, знаеме под какви околности. Не секирај се, мама, сè е во ред“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/majkata-na-andrej-so-lelek-i-neveruvanje-ja-slushna-presudata-a-toj-se-obrati-so-ovie-zborovi/feed/ 0
Пресудата за убиството на Тот ќе биде обжалена, одбраната тврди дека казната е превисока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-ubistvoto-na-tot-kje-bide-obzalena-odbranata-tvrdi-deka-kaznata-e-previsoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-ubistvoto-na-tot-kje-bide-obzalena-odbranata-tvrdi-deka-kaznata-e-previsoka/#respond Wed, 30 Nov 2022 12:09:02 +0000 https://kurir.mk/?p=768837

Одбраната на обвинетите за убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот најави жалба за пресудата со која на обвинетите Анџело Ѓорѓиевски и Клементина Левковска во Основниот кривичен суд Скопје денеска им беше изречена казна затвор од по 18 години, додека, на обвинетиот Андреј Костовски 16 години за сторено кривично дело „убиство“. Адвокатот Еленко Миланов, бранител на обвинетиот Костовски рече дека ќе ја обжалат пресудата по однос на основата и висината. Бранителот на обвинетата Левковска, адвокатот Емил Гугутчевски рече дека определената казна е превисока. -Пресудата ќе биде обжалена во секој случај. Превисока е определената казна. Сметаме дека спрема нашата обвинета Клементина во никој случај не постои ова кривично дело убиство. Да, има преземено определени дејствија, удар. Меѓутоа, од нејзиниот удар нема настанато смрт во никој случај, рече тој. Иле Танев, адвокат и бранител на обвинетиот Ѓорѓиевски, исто така, смета дека казната е превисока. -Уште сега најавуваме жалба. Мислам дека пресудата е драконска, казната превисока. Мислам дека една трагедија не се решава со друга трагедија. Ова за нас претставува голема неправда, но, не можам да ви кажам на околности на кои ќе поднесеме жалба затоа што треба да ја добиеме во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација, како што најавивме уште од почетокот, рече тој. Според него, не постои ни најмал сомнеж дека постои умисла кај обвинетите. Обвинителката Тања Трајчевска, застапник на обвинението, рече дека ќе се воздржат од коментари до добивање на пресудата во писмена форма. -Денеска ја слушнавме пресудата, сè додека не добиеме писмена форма на пресудата, ќе се воздржиме од коментари во однос на истата. Казната е во рамки на законски предвидената казна, така што, тоа е одлука на судот. Фактите правилно се оценети, рече таа. Судечкиот совет на чело со судијката Елена Илиевска Јосифовиќ до правосилноста на пресудата ја продолжи мерката притвор на обвинетите. Во овој процес, Основното јавно обвинителство – Скопје ги гони обвинетите за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Во текот на доказната постапка, обвинетите, најпрво, изјавија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителството потоа изведе докази кои се однесуваа на обвинителниот акт. Се изведоа материјални докази помеѓу кои беа и видео-снимката од конкретниот настан, сведоштва на очевидци на настанот како и вешти лица од областа на судската медицина и психијатријата. Одбраната во текот на доказната постапка, преку изведените докази и изјави за медиуми, алудираше на преквалификација на делото, бидејќи, според нив, во кривичното дело „убиство“ за кое се обвинети обвинетите, недостасува умислата. Тие, исто така, испрашуваа очевидци на настанот, како и вешти лица од областа на психијатријата и психологијата, а на нивен предлог сведочеа и лекарите кои го лекувале оштетениот Денис Тот по приемот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. По завршувањето на доказната постапка, обвинителката Тања Трајчевска побара осудителна, додека, одбраната и обвинетите, ослободителна пресуда.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/presudata-za-ubistvoto-na-tot-kje-bide-obzalena-odbranata-tvrdi-deka-kaznata-e-previsoka/feed/ 0