андреј лепавцов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Jul 2022 06:06:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png андреј лепавцов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лепавцов: Преговарачката рамка е во целост одговорност на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovarachkata-ramka-e-vo-celost-odgovornost-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovarachkata-ramka-e-vo-celost-odgovornost-na-vladata/#respond Thu, 14 Jul 2022 06:06:01 +0000 https://kurir.mk/?p=704824

Поранешниот амбасадор на Македонија во Европската Унија, Андреј Лепавцов се огласи на социјалните мрежи во врска со францускиот предлог. Вели дека преговарачката рамка и нејзиното одобрување во целост се одговорност на Владата. -Како поранешен амбасадор на Република Македонија во ЕУ, можам да споделам дека најблиску до вистинско започнување на преговорите со ЕУ бевме во декември 2012 година. За жал, Грција и Бугарија со големи маки тоа го спречија во последен момент. Деновиве сме сведоци на наменско инволвирање на Собранието во дискусија и гласање околу преговарачката рамка. Преговарачката рамка, преговарањето со ЕУ околу нејзината содржина и нејзино одобрување е во целост одговорност на Владата, пишува Лепавцов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovarachkata-ramka-e-vo-celost-odgovornost-na-vladata/feed/ 0
Лепавцов: Преговорите со ЕУ, поради Бугарија, ќе одат по теркот тргни-застани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovorite-so-eu-poradi-bugarija-kje-odat-po-terkot-trgni-zastani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovorite-so-eu-poradi-bugarija-kje-odat-po-terkot-trgni-zastani/#respond Thu, 07 May 2020 06:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=342743

Оваа Декларација од состанокот во Загреб ја постигна целта и Хрватска поентираше со тоа што стави акцент и на проширувањето а ЕУ, а тука и патот на Македонија кон полноправна членка на ЕУ. Но, сега по оваа криза со корона вирусот Брисел се врти кон еден вид на нов Маршалов план кој го најавува како помош за Западен Балкан. Затоа сега ние треба да бараме појасна структура на грантовата и кредитна шема која треба да биде предложена, како и во однос на најавата за овој нов Маршалов план. Тука мора да се слушне гласов на Македонија, рече Андреј Лепавцов, поранешен македонски амбасадор во мисијата на ЕУ во Брисел коментирајќи го Самитот ЕУ – Западен Балкан шти се одржа во Загреб. Лепавцов за ова како и за бугарските условувања за патот на Македонија кон ЕУ говореше на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Во контекст на изјавата на Бојко Борисов по Самитот во Загреб во која тој вели дека Македонија мора да го почитува Договорот со Бугарија и дека го заболело кога има изјави во Македонија дека Бугарија била фашистичка држава, Лепавцов вели дека не треба да се стави акцент толку на изјавите, туку да се задржи вниманието на последниот документ на ЕУ во кој се додадени условувањата од Бугарија кон Македонија. -Проблемот е што Бугарија се поставува така да ние мора да прифатиме се што Бугарија бара во однос на историјата. Потоа Бугарија дава и препреки за почнување и одобрување на преговарачката рамка, а тука е имплементација на клаузулата дека не станува збор за македонски јазик, туку за официјален јазик на Република Северна Македонија. Доаѓаме и до клучниот услов да заврши работата на Мешовитата комисија која дебатира за историјата, посочи Лепавцов. Според него во однос на тоа ккао се поставува Бугарија се гледа дека ќе имаме проблеми поради големите разлики. -Во оваа фаза на Бугарија не и е во прилог да ја блокират Македонија, но процесот на преговарање ќе биде еден процес на на тргни-застани, смета Лепавцов. Точно е, посочи тој, дека ова што се случува сега многу штетно ќе влијае, но не верувам дека штетата ќе оди до таму народите да не комуницираат, да прекине трговијата. -На ова треба да се даде соодветен одговор кој треба да се постигне со консензус. На пример тоа може да биде под медијаторството на претседателот Пендаровски. Треба да се вклучат и институции кои на ова ќе дадат соодветен одговор кој ќе послужи во понатамошниот тек во дискусијата со Европската комисија за да не бидеме блокирани зошто премногу сме блокирани. Значи велам, фикуративно, ако некој ве тепа треба да вреснете или еве треба да поминете со помалку модрици, рече Лепавцов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-pregovorite-so-eu-poradi-bugarija-kje-odat-po-terkot-trgni-zastani/feed/ 0
Лепавцов: Веројатно ќе има некоја фраза за Македонија како утешителна награда што нема датум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-verojatno-kje-ima-nekoja-fraza-za-makedonija-kako-uteshitelna-nagrada-shto-nema-datum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-verojatno-kje-ima-nekoja-fraza-za-makedonija-kako-uteshitelna-nagrada-shto-nema-datum/#respond Thu, 17 Oct 2019 20:00:09 +0000 https://kurir.mk/?p=253151

Македонија е поинаков случај од Албанија, и мислам дека ќе има некоја фраза од Самитот на европските лидери во Брисел која ќе биде утешителна награда во отсуство на датум за старт на преговори, рече Андреј Лепавцов, поранешен амбасадор на Македонија во ЕУ коментирајќи ги актуелните настани и темите на бриселскиот самит. -Поинакви сме од Албанија и оттука вордингот ќе биде поинаков за нас. Веројатно ќе има фраза која ќе биде утешителна награда. Мислам дека исто така може да се очекува дека ќе има обврска за европските лидери да продолжат со притисокот врз Франција по прашањето за проширување на Европската унија, рече Лепавцов. Но, според него мора да се има во предвид и внатрешните промени во Унијата. -Новата Европска комисија ќе треба да се заземе за проширувањето на Унијата, потоа ќе треба да се види однесувањето на новиот комесар за проширување. Многу ќе биде важно како еврокомесарот, со каков жар ќе го турка проширувањето, посочи Лепавцов укажувајќи дека понатаму се ќе зависи и сите овие нешта. -Кај нас поради изостанувањето на датум за преговори со Брисел ќе се зголеми горчината ка граѓаните, рече Лепавцов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lepavcov-verojatno-kje-ima-nekoja-fraza-za-makedonija-kako-uteshitelna-nagrada-shto-nema-datum/feed/ 0