Андреј Маслинко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Jul 2023 16:07:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Андреј Маслинко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маслинко: Секој меч во Талин за нас ќе биде атак на победа https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-sekoj-mech-vo-talin-za-nas-ke-bide-atak-na-pobeda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-sekoj-mech-vo-talin-za-nas-ke-bide-atak-na-pobeda/#respond Thu, 27 Jul 2023 16:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=860847

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко е повторно дел од тимот, а играчот кој треба да одговори на позициите во рекетот смета дека мечевите кои следуваат во Талин се шанса ние да покажеме што можеме во моментов. „Подготовките само што започнаа. Се подготвуваме, макар што сеуште не сме комплетни, односно, допрва треба да се комплетираме. И искрено се надевам дека ќе имаме доволно време до пријателските натпревари да се подготвиме, и да дадеме некој свој максимум“– вели Маслинко. Дали оние две проверки против Полска, на „неутрален терен“ во Белград, ќе бидат доволни за да бидеме максимално подготвени за она што нè чека во Талин? „Краток е периодот на подготовки. И нема доволно време за натпревари. Од таа гледна точка, натпреварите се добредојдени. Ако има уште некој меч, тоа би било голем плус. Меѓутоа, тоа е што е, мораме да се подготвиме најдобро што можеме“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-sekoj-mech-vo-talin-za-nas-ke-bide-atak-na-pobeda/feed/ 0
Андреј Маслинко ново засилување за Гостивар https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/andrej-maslinko-novo-zasiluvanje-za-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/andrej-maslinko-novo-zasiluvanje-za-gostivar/#respond Tue, 09 Aug 2022 07:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=715885

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и официјално е нов играч на Гостивар, потврди суперлигашот. Маслинко во Гостивар доаѓа од редовите на актуелниот освојувач на Купот, ТФТ и се очекува да биде еден од носителите на играта во новата сезона на гостиварци. Маслинко (208 сантиметри, 25 години) минатата сезона имаше просек од 7,6 поени и 4,7 скокови по натпревар. Управата на Гостивар е доста активна на трансфер пазарот и ги ангажира Максим Митевски и Грузиецот Гиорги Корсантиа, а ги продолжи договорите со Лефкоски, Ренато и Роберт Димитиевски како и со Ефремовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/andrej-maslinko-novo-zasiluvanje-za-gostivar/feed/ 0
Маслинко: Мора да одиме на победа, тоа е најважно https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-mora-da-odime-na-pobeda-toa-e-najvazno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-mora-da-odime-na-pobeda-toa-e-najvazno/#respond Wed, 23 Feb 2022 20:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=635614

Само неколку дена по освојувањето на кошаркарскиот Куп со ТФТ Скопје, Андреј Маслинко ќе настапи и за репрезентацијата на Македонија. „Мора да одиме на победа, тоа е најважно. Ќе дадеме сè од себе да поминеме понатаму. Ростерот е таков каков што е, мора да се игра со тие кои сме тука. Не сакам да зборувам пред време. Грузијците со сигурност нема да се предадат, и тие ќе играат за триумф како нас. Победи би ни значеле, во Украина ја испуштивме откако долго водевме и навистина ни се потребни позитивни резултати“, изјави Маслинко. Првата пресметка меѓу Грузија и Македонија ќе се одигра в четврток од 16:00 часот во Тбилиси, а веќе в недела е закажан возвратниот дуел во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-mora-da-odime-na-pobeda-toa-e-najvazno/feed/ 0
Маслинко останува во МЗТ, се потпишаа договори со Бакоч и Радуловиќ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-ostanuva-vo-mzt-se-potpishaa-dogovori-so-bakoch-i-radulovikj/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-ostanuva-vo-mzt-se-potpishaa-dogovori-so-bakoch-i-radulovikj/#respond Mon, 29 Jun 2020 09:40:55 +0000 https://kurir.mk/?p=364884

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и следната сезона ќе го носи дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако го продолжи на уште една година договорот со клубот од „Јане Сандански“. За 23-годишниот крилен центар ова ќе биде четврта сезона во Аеродром, каде што првпат дојде во август 2017 година. Маслинко беше дел од тимот што стана шампион во 2019 година, како и што дојде до пехарот во Купот на Македонија една година претходно. Од денес и официјално нов член на МЗТ Скопје Аеродром е 24-годишниот Филип Бакоч кој потпиша едногодишен договор со „сино-белите“. Засилување има и за стручниот штаб на МЗТ каде се приклучува досегашниот тренер на Вардар, Дарко Радуловиќ, кој во иднина ќе ја има функцијата помошник на првиот стратег  Ѓорѓи Кочов. Претходно, договорот со МЗТ Скопје го обновија капитенот Дамјан Стојановски и тренерот Кочов, а под обврска од минатата сезона се и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-ostanuva-vo-mzt-se-potpishaa-dogovori-so-bakoch-i-radulovikj/feed/ 0
Маслинко и Соколов и во следната сезона во МЗТ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-i-sokolov-i-vo-slednata-sezona-vo-mzt/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-i-sokolov-i-vo-slednata-sezona-vo-mzt/#respond Tue, 26 Jun 2018 14:37:45 +0000 https://kurir.mk/?p=69985

Македонските репрезентативци Андреј Маслинко и Дарко Соколов и следната сезона ќе настапуваат за МЗТ Скопје Аеродром. Од клубот соопштија дека ја искористиле клаузулата од договорот за да го задржат Маслинко и за следната сезона, во која се очекуваат тој да прикаже уште подобри партии и да се етаблира во еден од носителите на играта на МЗТ. Маслинко минатата сезона настапи на 22 средби во домашното првенство со просек од седум поени и 4,9 скока додека во АБА-лигата одигра 14 натпревари. Соколов уште при доаѓањето во клубот од Аеродром во декември минатата година, потпиша договор на една ипол години поради што неговото останување во дресот на „металците“ воопшто и не беше ставено под знак прашалник. Тој во неодамна завршеното првенство на Македонија имаше просек од 7,5 поени и 2,3 скока на 25 натпревари за МЗТ, а во АБА лигата настапи на седум средби со просечна реализација од 6,1 поен и 2,3 асистенции. Од МЗТ информираат дека во тек се преговори со Дамјан Стојановски и со Марко Симоновски, а претходно во клубот се врати Љубомир Младеновски по една година помината во Словенија. Воедно „металците“ потврдија дека е постигнат договорот со актуелниот тренер Ѓорѓи Кочов, кој ќе го води тимот во следните две сезони. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/maslinko-i-sokolov-i-vo-slednata-sezona-vo-mzt/feed/ 0