Андрес Мануел Лопез Обрадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 06:18:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Андрес Мануел Лопез Обрадор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обрадор: Десет илјади мигранти дневно се упатуваат кон САД поради нивните санкции кон Куба и Венецуела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrador-deset-iljadi-migranti-dnevno-se-upatuvaat-kon-sad-poradi-nivnite-sanktsii-kon-kuba-i-venetsuela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrador-deset-iljadi-migranti-dnevno-se-upatuvaat-kon-sad-poradi-nivnite-sanktsii-kon-kuba-i-venetsuela/#respond Tue, 03 Oct 2023 06:18:15 +0000 https://kurir.mk/?p=884440

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор синоќа процени дека околу десет илјади мигранти дневно брзаат кон јужна американска граница поради економските санкции наметнати од САД на земји како Куба и Венецуела. Лопез Обрадор рече дека бројот на мигранти кои стигнале до границата на Мексико со САД делумно се должи на фактот што само минатата недела околу шест илјади мигранти дневно преминувале во неговата земја од Гватемала. Според него, многу од овие мигранти патуваат низ Централна Америка преку преминот Дариен меѓу Панама и Колумбија, кој е покриен со џунгла и полн со опасност. САД ги санкционираа Куба и Венецуела поради, како што велат, нивното потиснување на демократијата. Обрадор посочи дека санкциите се должат на идеолошки разлики, а не на недостаток на почитување на човековите права и рече дека „санкциите и блокадите се неодржливи“. Тој вчера ја критикуваше и американската помош за Украина и порача дека САД треба да потрошат дел од парите испратени во Украина за економски развој во Латинска Америка. Тој ги повика САД „да ги отстранат блокадите и да престанат да ги малтретираат независните и слободни земји“. Според него, треба да има „интегриран план за соработка за Венецуелците, Кубанците, Никарагванците и Еквадорците, Гватемалците и Хондуранците да не бидат принудени да емигрираат“. Во последниве недели, има зголемување на бројот на мигранти од Венецуела кои се движат низ Мексико во обид да стигнат до границата со САД. Мексико ја осуди руската инвазија на Украина, но усвои политика на неутралност и одби да учествува во санкциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obrador-deset-iljadi-migranti-dnevno-se-upatuvaat-kon-sad-poradi-nivnite-sanktsii-kon-kuba-i-venetsuela/feed/ 0
Претседателот на Мексико накусо изгуби свест поради Ковид https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-nakuso-izgubi-svest-poradi-kovid/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-nakuso-izgubi-svest-poradi-kovid/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:08:52 +0000 https://kurir.mk/?p=828211

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, во државата Јукатан, „накратко изгубил свест поради ненадеен пад на крвниот притисок“ припишувајќи го тоа на Ковид-19. Во видео порака објавена од Кабинетот на претседателот, Обрадор даде изјави за неговата здравствена состојба. Тој рече дека за време на состанокот со воени претставници во градот Мерида, државата Јукатан, „накратко се онесвестил затоа што крвниот притисок ненадејно му паднал“ поради Ковид-19. Обрадор рече дека со хеликоптер на брза помош бил пренесен во главниот град Мексико Сити. Тој истакна дека вообичаено има проблеми со срцето, но овојпат влошувањето на неговото здравје „не било предизвикано од срцето“. Лекувањето ќе продолжи во домашни услови, а министерот за внатрешни работи Адан Аугусто Лопез Хернандез ќе одржува дневни прес-конференции додека Обрадор не закрепне. Обрадор (69), кој двапати беше заразен со Ковид-19 од 2021 година, доживеал срцев удар во 2013 година, а во 2022 година беше подложен на срцева катетеризација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-nakuso-izgubi-svest-poradi-kovid/feed/ 0
Претседателот на Мексико ја повтори понудата да му даде азил на Педро Кастиљо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-ja-povtori-ponudata-da-mu-dade-azil-na-pedro-kastiljo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-ja-povtori-ponudata-da-mu-dade-azil-na-pedro-kastiljo/#respond Mon, 19 Dec 2022 18:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=777788

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска ја повтори својата понуда да му даде азил на соборениот перуански претседател Педро Кастиљо и неговото семејство. Лопез Обрадор истакна дека обработката на барањата за азил е во тек и дека вратата е отворена за претседателот на Перу и неговото семејство. Мексиканскиот претседател претходно изјави дека го смета Кастиљо, кој беше соборен од функцијата и уапсен по обидот незаконски да го распушти Конгресот, за вистински претседател на Перу. Перуанската претседателка Дина Болуарте, поранешна потпретседателка која положи заклетва по соборувањето на Кастиљо, вчера изјави дека министерот за надворешни работи на Перу и кажал дека барањето за азил за семејството на Кастиљо е одобрено. Минатата недела Болуарте до Конгресот испрати барање за уставна реформа, врз основа на која ќе се одржат предвремени избори до декември 2023 година, но пратениците ја отфрлија. Претседателката го повика Конгресот да ја преиспита таа одлука. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-ja-povtori-ponudata-da-mu-dade-azil-na-pedro-kastiljo/feed/ 0
Претседателот на Мексико во писмо до Бајден нуди азил за Асанж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-vo-pismo-do-bajden-nudi-azil-za-asanz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-vo-pismo-do-bajden-nudi-azil-za-asanz/#respond Tue, 19 Jul 2022 06:00:17 +0000 https://kurir.mk/?p=707199

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор во писмо до американскиот колега, Џо Бајден, повторно понуди азил за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. – Му оставив писмо на претседателот за Асанж, каде објаснив дека тој не направил никакво сериозно злосторство, оти не предизвикал ничија смрт, не загрозил никакви човекови права, ја користел својата слобода и дека неговото апсење би значело трајна повреда на слободата на изразување, појасни Лопез Обрадор на прес-конференција. Велика Британија во јуни одобри екстрадација на Асанж во САД, за да може да се соочи со кривичните обвиненија во врска со тоа што Викиликс објави доверливи американски воени записи и дипломатски депеши. Претходно годинава Лопез Обрадор изјави дека му понудил азил на Асанж во писмо испратено до поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Минатиот месец, претседателот на Мексико го нарече Асанж „најдобар новинар во нашето време“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-vo-pismo-do-bajden-nudi-azil-za-asanz/feed/ 0
Претседателот на Мексико нема да учествува на Самитот на американските држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-nema-da-uchestvuva-na-samitot-na-amerikanskite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-nema-da-uchestvuva-na-samitot-na-amerikanskite-drzavi/#respond Mon, 06 Jun 2022 18:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=687445

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека нема да учествува на самитот на Американски држави, што почнува денеска во Лос Анџелес, бидејќи САД не поканија некои земји, алудирајќи на Куба, Венецуела и Никарагва. – Не одам на Самитот затоа што не се поканети сите американски земји. Верувам во неопходноста од промена на политиката што се наметнува со векови, а тоа е исклучување, истакна Обрадор, еден од главните американски партнери во регионот. Обрадор неодамна изјави дека нема да оди на самитот доколку САД не ги поканат Куба, Венецуела и Никарагва, како што претходно предложи администрацијата на претседателот Џо Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-nema-da-uchestvuva-na-samitot-na-amerikanskite-drzavi/feed/ 0
Претседателот на Мексико чека правна потврда за да му честита на Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-cheka-pravna-potvrda-za-da-mu-chestita-na-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-cheka-pravna-potvrda-za-da-mu-chestita-na-bajden/#respond Sun, 08 Nov 2020 09:12:08 +0000 https://kurir.mk/?p=426402

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека нема да му честита на победникот на претседателските избори на САД додека резултатот не биде правно потврден. Тој истакна оти тоа е „политички разумна“ одлука, додавајќи оти е во добри односи и со Доналд Трамп и со Џо Бајден. Мексикански претставници тврдат дека Обрадор се обидува да ги избегне тензиите со Трамп, чиј мандат истекува на 20 јануари, поради зачувување на мирот и добрососедските односи. За време на мандатот на Трамп, Обрадор ја прифати неговата миграциска политика, а Вашингтон воглавно избегнуваше да ја критикува економската политика на Мексико. Претседателот Трамп со почитување се однесуваше кон нас. И ние сме благодарни што не се мешаше, истакна Обрадор. Мексико е најголем трговски партнер на САД и билатералните односи со северниот сосед се многу важни за земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-meksiko-cheka-pravna-potvrda-za-da-mu-chestita-na-bajden/feed/ 0