Андрија Мандиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 20:16:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Андрија Мандиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Подгорица протести по изборот на Мандиќ за претседател на Собранието на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-protesti-po-izborot-na-mandik-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-protesti-po-izborot-na-mandik-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-tsrna-gora/#respond Mon, 30 Oct 2023 20:16:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894643

Протест против изборот на лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ за претседател на Собранието се одржува вечерва во Подгорица. Граѓаните на протестите биле поканети од организацијата на Форумот на слободни граѓани „Луча“ и опозициските партии. Според Предраг Вушуровиќ од „Луча“, Андрија Мандиќ е „недостоен“ да ја извршува функцијата прв човек на Собранието и рече дека со него на сцена се Јелена Марковиќ од Либералната партија, Никола Зиројевиќ од Социјалдемократите и Оскар Хутер од Демократската партија. Јелена Марковиќ рече дека не се исполнети условите за одржување на пописот и затоа „граѓаните имаат право да ја бранат државата со сите демократски средства“, вклучително и бојкот. Дел од учесниците запалиле транспарент со ликовите на Андрија Мандиќ и српскиот адвокат од Црна Гора, Саво Фатиќ, кој во 1918 година ја извршуваше функцијата претседател на црногорското собрание. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-podgoritsa-protesti-po-izborot-na-mandik-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-tsrna-gora/feed/ 0
Пратениците ќе гласаат за именување на Мандиќ за претседател на црногорскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenitsite-ke-glasaat-za-imenuvane-na-mandik-za-pretsedatel-na-tsrnogorskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenitsite-ke-glasaat-za-imenuvane-na-mandik-za-pretsedatel-na-tsrnogorskiot-parlament/#respond Mon, 30 Oct 2023 07:41:33 +0000 https://kurir.mk/?p=894332

Пратениците во црногорскиот Парламент денеска ќе гласаат за Андрија Мандиќ да биде претседател на законодавниот дом. Тој е еден од лидерите на коалицијата За иднината на Црна Гора, која ја сочинуваат поранешните членови на Демократскиот фронт (ДФ). Потоа се очекува веднаш да биде избрана нова влада. Мандиќ е еден од лидерите на поранешниот Демократски фронт, кој се залагаше за повлекување на признавањето на независноста на Косово, за укинување на санкциите против Русија и се противеше на членството на Црна Гора во НАТО. Тој е близок со српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој се гони за обид за тероризам на денот на парламентарните избори во 2016 година. Поранешните членови на Демократскиот фронт (ДФ) ќе бидат дел од новата црногорска влада на Милојко Спајиќ и покрај противењето на САД и Европска Унија. Демократската партија на социјалистите (ДПС) на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ посочи дека изборот на Мандиќ ќе значи дека Црна Гора станува „земја во сферата на влијание на политиката на Кремљ и Белград“. Според црногорскиот Устав, претседателот на Парламентот е член и на Советот за одбрана и безбедност, орган кој е одговорен за прашања од безбедноста и командува со Армијата. Столбот на владата ќе биде Движењето Европа сега, а во него ќе бидат вклучени и Демократска Црна Гора на Алексе Бечиќ, Социјалистичката народна партија (СНП) на Владимир Јоковиќ и две коалиции на албанското малцинство, Албанскиот форум и Албанската алијанса. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pratenitsite-ke-glasaat-za-imenuvane-na-mandik-za-pretsedatel-na-tsrnogorskiot-parlament/feed/ 0
Ѓукановиќ: ТВ дуелот со Мандиќ ќе им помогне на граѓаните да го изберат патот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-tv-duelot-so-mandik-ke-im-pomogne-na-graganite-da-go-izberat-patot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-tv-duelot-so-mandik-ke-im-pomogne-na-graganite-da-go-izberat-patot/#respond Tue, 14 Mar 2023 07:01:13 +0000 https://kurir.mk/?p=811635

Претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ синоќа соопшти дека прифатил ТВ дуел со кандидатот на Демократскиот фронт (ДФ) Андрија Мандиќ, бидејќи тоа е можност да и „помогне“ на црногорската јавност со поголема сигурност да го избере својот пат и поглед кон иднината. Претседателските избори во Црна Гора ќе се одржат на 19 март, а Ѓукановиќ и Мандиќ се двајца од седумте кандидати и единствените кои директно ќе се соочат еден со друг. Интервјуата на сите кандидати ги организира јавниот сервис РТ Црна Гора, а првото беше организирано во четвртокот, на 9 март. Телевизискиот дуел е договорен и ќе се емитува в четврток на 16 март, истовремено на две телевизии, Прва ТВ и Телевизија Е, а ќе ја водат двајца новинари. Предизборните анкети покажуваат дека Црна Гора нема да добие претседател на 19 март, туку дека тоа ќе се случи во вториот круг на 2 април. Анкетите му даваат значајна предност на Ѓукановиќ во првиот круг во однос на другите кандидати, но недоволна за победа. Покрај Ѓукановиќ, кандидати за вториот круг се Мандиќ и лидерите на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ и лидерот на демократите Алекса Бечиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gukanovik-tv-duelot-so-mandik-ke-im-pomogne-na-graganite-da-go-izberat-patot/feed/ 0
Андрија Мандиќ кандидат за претседател на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrija-mandik-kandidat-za-pretsedatel-na-tsrna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrija-mandik-kandidat-za-pretsedatel-na-tsrna-gora/#respond Tue, 07 Feb 2023 18:32:20 +0000 https://kurir.mk/?p=797461

Црногорската Државна изборна комисија (ДИК) денеска ја потврди претседателската кандидатура на претседателот на Новата српска демократија (НСД), Андрија Мандиќ, откако со проверката беше утврдено дека има доволно важечки потписи за неговата кандидатура да биде валидна. -За никој да не сфати погрешно, административното барање за некомплетноста на одредени потписи беше сосема поинаку од барањето за двојно државјанство. Не сакам да се мисли дека некој од ДИК нема доверба во одредени кандидати и дека нема еднаков пристап кон сите, изјави членот на ДИК Милисав Ќориќ, пренесува РТЦГ. ДИК на седницата во петокот не ја потврди кандидатурата на Мандиќ поради некомплетна документација, па беше побарано кандидатурата на Мандиќ да биде вратена на ревизија. Републичката изборна комисија на Србија (РИК) вчера испратила допис до ДИК, во кој се наведува дека ќе ги проверува наводите за државјанството на Мандиќ, како и на најавениот кандидат Милојко Спајиќ. РТЦГ потсетува дека во петокот ДИК се обрати до Републичката изборна комисија во Србија со барање да им даде информации дали Андрија Мандиќ (ДФ) и претседателскиот кандидат Милојко Спајиќ (Европа Сад) имаат право да гласаат и да престојуваат во Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/andrija-mandik-kandidat-za-pretsedatel-na-tsrna-gora/feed/ 0