Анджеј Дуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Jul 2023 19:07:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анджеј Дуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дуда: Русија е најголемата закана за НАТО сојузниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-rusija-e-najgolemata-zakana-za-nato-sojuznitsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-rusija-e-najgolemata-zakana-za-nato-sojuznitsite/#respond Wed, 12 Jul 2023 19:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=856018

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека Русија стана најголема закана за земјите од НАТО, пренесоа полските медиуми. Дуда попладнево по Самитот на НАТО во Вилнус рече дека Русија многу години ја нарекувале „партнер на НАТО“. -Имаше сојузници кои категорично се изјаснија за вклучување на името на Русија како партнер на НАТО во документите на Алијансата, тврди тој. Но, како што додаде, сега се менува односот на Алијансата кон Русија, која води агресивна војна во Украина. -Русија престанува да биде партнер на НАТО... Денес Русија е агресорот... и најголемата закана за земјите од НАТО, заклучи шефот на полската држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-rusija-e-najgolemata-zakana-za-nato-sojuznitsite/feed/ 0
Дуда: Префрлањето на „Вагнеровците“ во Белорусија е лош знак за Полска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-prefrlaneto-na-vagnerovtsite-vo-belorusija-e-losh-znak-za-polska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-prefrlaneto-na-vagnerovtsite-vo-belorusija-e-losh-znak-za-polska/#respond Tue, 27 Jun 2023 17:11:26 +0000 https://kurir.mk/?p=850215

Префрлањето на членовите на групата „Вагнер“ од Русија во Белорусија е негативен знак за Полска, изјави денеска полскиот претседател, Анджеј Дуда, непосредно пред да замине на средбата со другите лидери на НАТО во Холандија. -Гледаме што се случува, префрлањето на руските сили, односно групата „Вагнер“ во Белорусија. И нивниот шеф оди таму, и сето тоа се многу негативни сигнали за нас. Ќе разговараме за нив со нашите сојузници, рече Дуда. По договорот постигнат доцна во саботата со кој заврши бунтот, на борците на „Вагнер“ им беше дозволено да изберат меѓу три опции: да се приклучат кон редовните руски вооружени сили, да се преселат со нивниот лидер Евгениј Пригожин во Белорусија или едноставно да се вратат кај своите семејства. Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потврди дека Пригожин допатува во Белорусија и додаде дека неговиот министер за одбрана Виктор Хренин го информирал дека не би имал ништо против единица, како „Вагнер“, да дејствува во рамките на белоруската армија. Претседателот му наложи на Хренин за оваа солуција да разговара со Пригожин. Лукашенко додаде дека неговата земја сака да учи од военото искуство на руската платеничка група „Вагнер“. -Доколку нивните команданти дојдат и ни помогнат... да ни кажат што е важно во моментот... тоа е непроценливо. Тоа е она што треба да го земеме од „Вагнер“, рече Лукашенко. Белорусија не гради никакви кампови за руската платеничка група „Вагнер“, но ќе ги изгради доколку тие посакаат да ги стават некаде, пренесе денеска државна агенција БЕЛТА, цитирајќи го претседателот Лукашенко. -Им понудивме една од напуштените воени бази. Имаме ограда, имаме сè, само поставете ги шаторите, рече Лукашенко. БЕЛТА ја објави и неговата изјава дека не планира да отвори центри за регрутирање на „Вагнеровци“ во Белорусија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-prefrlaneto-na-vagnerovtsite-vo-belorusija-e-losh-znak-za-polska/feed/ 0
Дуда во Тирана: Полска го подржува членството на Албанија во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/duda-vo-tirana-polska-go-podrzhuva-chlenstvoto-na-albanija-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/duda-vo-tirana-polska-go-podrzhuva-chlenstvoto-na-albanija-vo-eu/#respond Thu, 11 May 2023 16:46:23 +0000 https://kurir.mk/?p=833167

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е во официјална посета на Албанија, изјави дека неговата земја силно го поддржува членството на Тирана во Европската унија. Toј нагласи дека членството на Албанија во ЕУ ќе биде еден од приоритетите на Полска кога ќе го преземе претседавањето со ЕУ во првата половина на 2025 година. - Со поддршка од Полска, се надевам дека Албанија наскоро ќе биде членка на ЕУ и ќе бидеме заедно во ова големо семејство. Ја објавив и нашата, полска, поддршка за напорите на Албанија за членство во ЕУ. Му кажав на претседателот дека на 1 мај имавме прес-конференција со премиерот на која јасно го нагласивме пристапот на полското претседавање во рамките на ЕУ во првата половина на 2025 година, јасно кажавме кои се приоритетите, меѓу кои и зајакнувањето на врската меѓу САД и Европа, втор приоритет ќе биде членството во ЕУ на Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Албанија, која е на врвот по исполнување на критериумите, изјави Дуда. Додаде дека е поддржувач на отворени врати во ЕУ и оти „многу добро ја разбира пожртвуваноста на Албанија и на албанското општество за спроведување на сите потребни реформи“. -Многу е јасно дека овие реформи се спроведуваат, не се сомневам дека Албанија ќе биде дел од ЕУ што е можно поскоро. Тоа е во наш интерес, тоа е во интерес на ЕУ. Го уверив претседателот дека го поддржуваме ова членство, посочи тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Бајрам Бегај. Претседателот Бегај изрази благодарност за поддршката што Полска и ја дава на Албанија на патот кон евроинтеграциите. Бегај ја споменал и солидарноста на Полска со Албанците во времето кога земјата беше погодена од земјотресот на 26 ноември 2019 година. Се задржал и на соработката меѓу двете земји во различни области, како туризмот, образованието и науката. -Чест ми е што денес сум домаќин на мојот пријател Анджеј Дуда заедно со неговата сопруга. Посветивме внимание на соработката во рамките на евроинтеграциите на Албанија, каде изразив благодарност за поддршката што Полска ја дава. Понатаму изразив уверување дека следниот самит на Берлинскиот процес, кој ќе се одржи наесен во Тирана, ќе ја има целосната поддршка од Полска, рече тој. Ова е прва официјална посета на полски претседател на Албанија по 20 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/duda-vo-tirana-polska-go-podrzhuva-chlenstvoto-na-albanija-vo-eu/feed/ 0
Дуда: Украина мора да добие авиони кои можат да се справуваат со руските https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-ukraina-mora-da-dobie-avioni-koi-mozhat-da-se-spravuvaat-so-ruskite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-ukraina-mora-da-dobie-avioni-koi-mozhat-da-se-spravuvaat-so-ruskite/#respond Thu, 06 Apr 2023 09:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=820962

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска истакна дека Украина мора да добие авиони кои ќе можат да се справат со руските воени воздухопловни сили и дека неговата земја е подготвена, покрај 14-те авиони МИГ 29 од советско производство што веќе ги издвои, постепено да ги испраќа и своите преостанати МИГ авиони кога ќе почнат да пристигнуваат, нарачани во Јужна Кореја и САД. „Украина мора да има воздухопловство што ќе може да војува со руското воено воздухопловство, што ќе може да му се спротивстави. Се додека можеме да го постигнеме ова со авионите МИГ 29, тоа е добро затоа што украинските пилоти знаат како да ги управуваат. Но, и ние имаме недостиг од авиони МИГ 29, ни останаа само оние што ги користиме за патролирање во НАТО“, изјави Дуда во интервју за Полското радио. Тој рече дека неговата земја нема да испрати авиони МИГ 29 во Украина, кои, како што призна, а предупредија и украинските власти, се застарени според стандардите на НАТО, се додека полското воено воздухопловство не добие 48 авиони ФА 50 од Јужна Кореја. Во однос на американските авиони Ф-16, Дуда рече дека Украина не може да смета на нивна испорака од Полска, бидејќи, како што истакна, имаат малку од нив, потребно е да се обучат украинските пилоти за што треба многу време, а исто така потребно е и одобрение од САД. „На самитот на НАТО во Вилнус во јуни ќе се обидеме да ги убедиме сојузниците дека не смее да се прекине помошта, за да не се појави негативен ефект што може да се нарече воен замор - доста е од оваа војна, да престанеме да помагаме, можеби војната ќе заврши. Ако престанеме да помагаме, таа војна ќе заврши со победа на Русија, а светот не смее да го дозволи тоа“, изјави Дуда. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-ukraina-mora-da-dobie-avioni-koi-mozhat-da-se-spravuvaat-so-ruskite/feed/ 0
Полска ќе и испорача на Украина 14 борбени авиони МиГ-29 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-i-isporacha-na-ukraina-14-borbeni-avioni-mig-29/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-i-isporacha-na-ukraina-14-borbeni-avioni-mig-29/#respond Wed, 05 Apr 2023 13:38:36 +0000 https://kurir.mk/?p=820595

Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека неговата земја ќе и испрати 14 борбени авиони МиГ-29 на Украина. Украина ги доби четирите наведени авиони и очекуваше испорака на уште четири, а сега Дуда потврди дека планира да испорача дополнителни шест авиони. Институтот за проучување на војната (ISW) претходно напиша дека украинските воздухопловни сили веќе управуваат со овие борбени авиони, што значи дека ќе можат да ги користат и во операции за противнапад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polska-ke-i-isporacha-na-ukraina-14-borbeni-avioni-mig-29/feed/ 0
Дуда ги повика европските лидери да и помогнат на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-gi-povika-evropskite-lideri-da-i-pomognat-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-gi-povika-evropskite-lideri-da-i-pomognat-na-ukraina/#respond Tue, 21 Feb 2023 18:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=803307

Полскиот претседател Анджеј Дуда пред обраќањето на американскиот претседател Џозеф Бајден во Варшава, рече дека слободниот свет нема да се согласи со плановите на Русија да стане империја и да ги поробува народите и ги повика европските лидери да и помогнат на Украина и да и испратат оружје. „Претседателот Џозеф Бајден во Киев покажа дека слободниот свет не се плаши од ништо. Тоа е голем сигнал, сите сме заедно со Украина цело време, од самиот почеток. Сите мислевме дека Украина ќе падне за 72 часа. Благодарение на херојството на украинските војници, не падна до денес“, рече Дуда во говорот од градината на Кралскиот замок. Полскиот претседател предупреди дека светот гледа вести и запалени градови, слуша страшни вести за рускиот терор. „Русија повторно сака да стане империја, сака да ги поробува луѓето. Слободниот свет не се согласува со тоа“, рече Дуда и апелираше до сите европски лидери да и помогнат на Украина и да и испратат оружје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-gi-povika-evropskite-lideri-da-i-pomognat-na-ukraina/feed/ 0
Дуда: Посетата на Бајден на Полска е важен знак за посветеност на безбедноста во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-posetata-na-bajden-na-polska-e-vazhen-znak-za-posvetenost-na-bezbednosta-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-posetata-na-bajden-na-polska-e-vazhen-znak-za-posvetenost-na-bezbednosta-vo-evropa/#respond Tue, 21 Feb 2023 15:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=803268

Посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден на Полска е важен знак на посветеноста за зачувување на безбедноста во Европа, изјави денеска полскиот претседател Анджеј Дуда. - Вашата посета е важен знак за безбедноста, сигнал за одговорноста на САД за безбедноста на светот и Европа. Америка може да го зачува светскиот поредок, рече Дуда за време на состанокот со Бајден во Варшава. Бајден денеска ја започна дводневната посета на Полска, а вчера беше во ненајавена посета на Украина во пресрет на годишнината од почетокот на рускиот напад врз земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-posetata-na-bajden-na-polska-e-vazhen-znak-za-posvetenost-na-bezbednosta-vo-evropa/feed/ 0
Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, Дуда со Орден „8 Септември“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-varshava-odlikuvan-so-orden-na-beliot-orel-duda-so-orden-8-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-varshava-odlikuvan-so-orden-na-beliot-orel-duda-so-orden-8-septemvri/#respond Mon, 24 Oct 2022 11:16:16 +0000 https://kurir.mk/?p=749842

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Варшава, во рамки на неговата официјална посета на Република Полска, беше одликуван со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, како симбол на блиските дипломатски и политички релации меѓу двете држави и претседатели и потврда на македонско-полското пријателство и партнерство. Со Орден „8 Септември“ претседателот Пендаровски, соопштија од неговиот кабинет, го одликуваше претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда за исклучителен придонес во негувањето и во развивањето на дипломатските односи меѓу Република Полска и Република Северна Македонија, за неговото посветено застапување и зајакнување на стратешките цели на Северна Македонија, со цел зачленување во Европската Унија и во НАТО, како и за продлабочувањето на пријателските релации и стратешки соработки помеѓу двете земји на социо-културен план, што придонесува за демократските процеси на нашата земја. Шефот на државата Пендаровски престојува во дводневна официјална посета на Република Полска. Со државни и воени почести, изутрината во Варшава, беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што се одржа тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на македонската и полската делегација. Попладне, како што е најавено, Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на средба со претставници на полските комори и бизниси и македонски претставници од бизнис секторот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-vo-varshava-odlikuvan-so-orden-na-beliot-orel-duda-so-orden-8-septemvri/feed/ 0
Пендаровски – Дуда: Нашите европски интеграции се една од клучните точки на дискусија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-duda-nashite-evropski-integracii-se-edna-od-kluchnite-tochki-na-diskusija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-duda-nashite-evropski-integracii-se-edna-od-kluchnite-tochki-na-diskusija/#respond Mon, 24 Oct 2022 10:15:16 +0000 https://kurir.mk/?p=749807

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Варшава со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, со што започна неговата дводневна официјална посета на Република Полска. Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателот Дуда, на која беа потврдени искрените пријателски односи и плодниот политички дијалог меѓу двете држави. Теми на средбата беа македонските европски интеграции, партнерството во НАТО, војната во Украина и последиците од неа, како и глобалната економска и енергетска криза. Во рамки на официјалната посета е предвидено претседателот Дуда да го одликува претседателот Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот Дуда со Орден „8 Септември“. Претседателот Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда попладне ќе присуствува и ќе се обрати на средба со претставници на полските комори и бизниси и македонски претставници од бизнис секторот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-duda-nashite-evropski-integracii-se-edna-od-kluchnite-tochki-na-diskusija/feed/ 0
Дуда: Можната употреба на нуклеарно оружје е очајнички и луд потег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-moznata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-e-ochajnichki-i-lud-poteg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-moznata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-e-ochajnichki-i-lud-poteg/#respond Fri, 23 Sep 2022 09:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=736524

Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за полската државна телевизија ТВП изјави дека никој во ОН „не бледнее од страв“ поради заканите кои доаѓаат од Русија, вклучително и за нуклеарно оружје. – Рускиот лидер на некој начин направи грешка кога сугерираше нуклеарна закана бидејќи реакцијата е спротивна. Земјите кои беа внимателни во проценките за Русија сега се во недоумица поради тоа што Путин се движи кон такви сугестии, рече полскиот претседател. Дуда потсети дека Русија не е единствената нуклеарна сила и оти такво оружје имаат и САД. – Ако САД ја сфатат сериозно оваа закана, тоа е закана и за самата Русија. Ако Русија помине преку сите табуа кон земја која не поседува нуклеарно оружје и која денес ја брани својата територија исклучиво со конвенционално оружје, ако дури и тактичко нуклеарно оружје се употреби против таа земја, Русија може да очекува одговор, изјави Дуда за полските медиуми во Њујорк, каде што учествува на Генералното собрание на ОН. Полскиот претседател можната употреба на нуклеарно оружје ја нарече очајнички и луд потег. – Доколку Путин и неговото опкружување одлучат да преземат таков очајнички, луд потег, тоа ќе биде како престанат да постојат за општествата на цивилизираниот демократски свет. Тоа не би била само опасност да им се суди за кривична одговорност и закана од долги затворски казни, туку тоа би било исклучување од цивилизираниот свет, и за нив и за Русија сè додека се тие на чело, рече Дуда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/duda-moznata-upotreba-na-nuklearno-oruzje-e-ochajnichki-i-lud-poteg/feed/ 0