Анџела Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 21:17:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анџела Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Агелер: Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на закон и без мешање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-sudiite-vo-koj-bilo-sud-i-vo-koja-bilo-zemja-mora-da-nosat-odluki-vrz-osnova-na-zakon-i-bez-meshane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-sudiite-vo-koj-bilo-sud-i-vo-koja-bilo-zemja-mora-da-nosat-odluki-vrz-osnova-na-zakon-i-bez-meshane/#respond Mon, 30 Oct 2023 21:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=894656

Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја. Надворешното влијание ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции и функционери. Правдата мора да биде транспарентна - граѓаните на оваа земја не заслужуваат ништо помалку, се вели во пишаниот одговор од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, по барање од Сител телевизија во врска со информации објавени пред два дена дека „амбасадорката Агелер била во посета на Врховниот суд по барање на судии кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам“. - Ми беше задоволство да се сретнам со главниот судија на Врховниот суд и со другите судии и да ги слушнам нивните забелешки и грижи. Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање, е ставот на амбасадорката Агелер. Како што е објавено на фејсбук страницата на Амбасадата на САД во Скопје, амбасадороката Агелер се сретнала со судијката на Врховниот суд, Беса Адеми, за да разговараат за важноста на независноста и транспарентноста на судството. - Таа, исто така, имаше можност да се сретне со судиите на Врховниот суд и да го повтори нашиот заеднички интерес за зајакнување на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Соединетите Држави секогаш ќе бидат тука да го поддржат владеењето на правото и да работат заедно за да се постигне просперитетна и безбедна Северна Македонија, објавено е на ФБ на Амбасадата на САД во Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-sudiite-vo-koj-bilo-sud-i-vo-koja-bilo-zemja-mora-da-nosat-odluki-vrz-osnova-na-zakon-i-bez-meshane/feed/ 0
Граѓаните треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува, вели Агелер за законот за амнестија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-treba-da-razberat-shto-se-sluchuva-i-zoshto-toa-se-sluchuva-veli-ageler-za-zakonot-za-amnestija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-treba-da-razberat-shto-se-sluchuva-i-zoshto-toa-se-sluchuva-veli-ageler-za-zakonot-za-amnestija/#respond Wed, 04 Oct 2023 10:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=885044

Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални. Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење. -Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат, рече Агелер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/graganite-treba-da-razberat-shto-se-sluchuva-i-zoshto-toa-se-sluchuva-veli-ageler-za-zakonot-za-amnestija/feed/ 0
Спасовски на крводарителската акција во Амбасадата на САД во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-na-krvodaritelskata-aktsija-vo-ambasadata-na-sad-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-na-krvodaritelskata-aktsija-vo-ambasadata-na-sad-vo-skopje/#respond Wed, 13 Sep 2023 10:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=877637

Спасовски информира дека крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. На покана на амбасадорката на САД, Анџела Агелер, со задоволство учествував во крводарителската акција во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, по повод одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од ужасните терористички напади на 11 септември, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил. Спасовски информира дека крводарителската акција е во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија. - Дарувај крв – спаси живот!, објави Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-na-krvodaritelskata-aktsija-vo-ambasadata-na-sad-vo-skopje/feed/ 0
И во амбасадата на САД се разгледуваат измените на Кривичниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vo-ambasadata-na-sad-se-razgleduvaat-izmenite-na-krivichniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vo-ambasadata-na-sad-se-razgleduvaat-izmenite-na-krivichniot-zakonik/#respond Wed, 13 Sep 2023 09:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=877609

И правниот тим на Американската амбасада ги разгледува измените на кривичниот законик, рече американската абасадорка Анџела Агелер, објави Телма . Ова беше одговорот од таму на прашањето дали измените во кривичниот законик ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во Македонија. Претходно, Стејт депарментот за Гласот на Америка на македонски јазик соопшти дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Македонија. Правниот тим на американската Амбасада ги разгледува измените во Кривичниот законик, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам, но како што беше соопштено и од Стејт депарментот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, изјави денеска американската амбасадорка, Анџела Агелер одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за брзото усвојување на измените на Кривичниот законик. -На тоа прашање одговоривме во петокот, правниот тим на американската Амбасада ги разгледува, јас лично не сум ги видела, така што не можам да ги коментирам и како што кажавме во соопштението на Стејт депарметнот потребно е да се следат процедурите на правниот систем на земјава, рече амбасадорката денеска на почетокот на работата за изградба на Коридорот 8. Од прес-службата на Стејт депарментот претходно за Гласот на Америка на македонски јазик соопштија дека корупцијата има потенцијал да ги поткопа стратешките амбиции на Северна Македонија, одговарајќи на прашањето дали новите измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните за злоупотреба на функцијата и за злосторничко криминално здружување ќе ги отежнат напорите на САД да помогнат во борбата против корупцијата во државата. -Ја охрабруваме Северна Македонија да ги исполни нејзините ветувања за борба против корупцијата. Лидерите на Северна Македонија мора да покажат силни, опипливи, антикорупциски резултати преку зајакнување на институционалната независност и спречување на политичкото мешање, особено во судствотото, што е од суштинско значење за исполнување на целите за пристапување во ЕУ и градење доверба на граѓаните во владата, нагласува Стејт департментот. Собранието со европско знаменце и во забрзана постапка ги помина минатата недела измени на Кривичниот законик, кои предвидуваат пониски казни за службени лица и функционери кои ќе ја злоупотребат својата позиција, а претседателот Стево Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-vo-ambasadata-na-sad-se-razgleduvaat-izmenite-na-krivichniot-zakonik/feed/ 0
Петровска и Агелер во посета на учесници на мултилатерална обука во касарната „Илинден“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petrovska-i-ageler-vo-poseta-na-uchesnitsi-na-multilateralna-obuka-vo-kasarnata-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petrovska-i-ageler-vo-poseta-na-uchesnitsi-na-multilateralna-obuka-vo-kasarnata-ilinden/#respond Wed, 30 Aug 2023 15:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=872621

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД, Анџела Агелер во касарната „Илинден“ во Скопје ги посетија припадниците на специјалните сили на македонската Армија, Вооружените сили на САД и Армијата на Албанија, кои заеднички ги развиваат своите способности и вештини. Како што информираат од Министерството за одбрана, Петровска пред специјалците порачала дека и ова заедничко извежбување ја покажува блиската соработка помеѓу сојузниците во НАТО. - Драго ми е што сите заедно вежбате, ги подобрувате вашите способности и на овој начин ги развивате способностите со што сте секогаш подготвени да реагирате доколку е потребно. Продолжете да работите заедно, затоа што на тој начин сме многу посилни и тоа е нешто на кое ние сите се потпираме, се наведува во пишаната изјава на Петровска. Амбасадорката на САД се заблагодарила за посветеноста на сите учесници на вежбата и изјавила дека, имајќи ги предвид опасностите со кои се соочува светот, индивидуалната и колективната подготвеност е поважна од кога било порано. Таа истакнала оти е горда на заедничката соработка и се заблагодарила на домаќинот на вежбата. - Заедничката вежба се реализира во касарната „Илинден“ од страна на здружени состави од специјалните сили од Северна Македонија, САД и од Албанија, согласно претходно утврдено сценарио. Заедничкото извежбување ги зголемува оперативната способност и подготвеноста на специјалните сили. Вежбата започна на 21 август годинава, а ќе заврши на 1 септември. Со учеството и обуката на здружените формации, се постигнува напредок на одбранбените способности, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petrovska-i-ageler-vo-poseta-na-uchesnitsi-na-multilateralna-obuka-vo-kasarnata-ilinden/feed/ 0
(ВИДЕО) Амерканската амбасадорка Агелер ја започна својата изјава зборувајќи на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-amerkanskata-ambasadorka-ageler-ja-zapochna-svojata-izjava-zboruvajki-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-amerkanskata-ambasadorka-ageler-ja-zapochna-svojata-izjava-zboruvajki-na-makedonski-jazik/#respond Tue, 22 Aug 2023 11:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=869551

Aмбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела Агелер заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска остварија работна посета на Граничниот премин „Богородица”. По посетата Спасовски и Агелер дадоа изјави за медиумите, а во оваа прилика Агелер зборуваше на македонски јазик. Таа ја започна својата изјава на македонски, а потоа продолжи на англиски јазик. Агелер изрази гордост и задоволство од исклучителната соработка меѓу САД и Република Северна Македонија, за позитивните и видливи резултати од таа соработка, за што упати благодарност до министерот Спасовски. Таа потенцираше дека изминативе неколку години, од 2016 година наваму вложени се околу 4 милиони долари како поддршка на граничната безбедност, а меѓу нив е и опремата од боди камери, кои се алатка во борбата против корупцијата. Притоа, амбасадорката Агелер честитајќи му на министерот Спасовски за одличната работа на македонската полиција, потенцираше дека Амбасадата на САД е силен партнер на МВР, а соработката ќе продолжи и во иднина, бидејќи истата е критична за просперитетот на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-amerkanskata-ambasadorka-ageler-ja-zapochna-svojata-izjava-zboruvajki-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Агелер: Најважно е што ќе сработите тука, а не што вели Радев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-najvazhno-e-shto-ke-srabotite-tuka-a-ne-shto-veli-radev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-najvazhno-e-shto-ke-srabotite-tuka-a-ne-shto-veli-radev/#respond Thu, 20 Jul 2023 12:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=858494

Не сум разговарала ниту со Ескобар по неговото излагање, ниту со Радев, но не е важно да се фокусираме толку на тоа што тие го кажуваат, тука на тоа што е направено тука, бидејќи на крајот на денот, ако луѓето тука се посветени на ЕУ не е важно што велат Габриел или Радев, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Амбасадата на САД во Скопје. На прашањето на МИА да даде коментар на последната изјави на специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел Ескобар во која тој најавува ангажаман со новата бугарска Влада за да се спречат натамошни блокади на интеграцијата на земјава во ЕУ и на изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека уставните измени се само првиот чекор од низата барања кои понатаму ќе следат, Агелер истакна дека она што е важно за граѓаните и за евроинтегративниот процес е државата да се фокусира на тоа што таа треба да го стори на тој пат. – Иако многу работи се кажуваат во оваа земја, во Бугарија, во останатите земји од регионот, сепак, сите сакаат да ја видат земјава да се движи кон членство во ЕУ, рече Агелер. Таа нагласи дека Ескобар одржува интензивни контакти и зборува со сите чинители во процесот тука и оти неговата најголема надеж е дека Северна Македонија и региониот прават се што можат за да се движат кон европските и евроатлантските интеграции. Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан Габриел вчера во дебатата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД, кажа дека Вашингтон го поддржува процесот за уставни измени што треба да го овозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, а е ангажиран и со новата Влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања. – За да ги унапреди своите аспирации за ЕУ, Владата на Северна Македонија е посветена да се спроведат уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, а исто така сме ангажирани со новата влада на Бугарија за да се осигураме дека нема да поставува нови барања откако Северна Македонија ќе ги исполни своите обврски од постоечките договори, рече Ескобар. Бугарскиот претсдеател Радев, пак, вчера во коментар за предложените измените на Уставот на Северна Македонија, кажа дека тоа е првиот многу важен и задолжителен чекор, но не и последниот. – Од исклучителна важност е исполнувањето на барањата во двата потпишани протокола, кои се составен дел од преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Конечно дојде да се придвижи прашањето за гарантирање на уставната рамноправност на Бугарите во Република Северна Македонија, рече Радев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-najvazhno-e-shto-ke-srabotite-tuka-a-ne-shto-veli-radev/feed/ 0
Агелер по ставањето на Камчев на ,,црната листа”: Ние нема да апсиме, но интересно е да се видат следните чекори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-po-stavaneto-na-kamchev-na-tsrnata-lista-nie-nema-da-apsime-no-interesno-e-da-se-vidat-slednite-chekori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-po-stavaneto-na-kamchev-na-tsrnata-lista-nie-nema-da-apsime-no-interesno-e-da-se-vidat-slednite-chekori/#respond Thu, 20 Jul 2023 11:48:58 +0000 https://kurir.mk/?p=858463

За Северна Македонија да ги надмине предизвициите кои се пред неа, корупцијата не смее туку така да минува. Одговрните мора да одговараат. Ова го изјави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, на денешната прес-конференција на која зборуваше за одлуката американското Министерство за финансии – бизнисменот Јордан (Орце) Камчев да го стави на „црната листа“ на САД. Таа потенцираше дека ваквите чекори, прво за градоначалникот на Стуруга, Рамиз Мерко, а сега и за Камчев, не се лично или политички мотивирани. „Не можам да кажам која личност би била следна. Ова е многу сериозно назначување. Има повеќе личности и организации кои во секој момент се разгледуваат“, рече Агелер. За влијанието што го има американската „црна листа“, амбасадорката коментираше дека САД нема да дојдат и да уапсат некого или пак да преземат мерки против одредена личност, но рече дека е интересно да се видат наредните чекори, алудирајќи на домашните институции. „Бевме во можност да најдеме докази против овие личности и тие докази се собрани овде, во земјава. Значи, информациите се достапни, работевме со институциите. Но, следните мерките зависат од надлежните органи“, рече таа. Агелер порача дека корупцијата, во каква било форма, не треба да се толерира, а одлуките што би можеле да следат од правосудните органи и други институции зависат од нив самите. Таа се надева дека и граѓаните ќе бараат интегритет од луѓето кои имаат влијание. Инаку, бизнисменот Камчев од вчера е на „црната листа“ на САД поради корупција. Нарекувајќи го „корумпиран бизнисмен“, американското Министерството за финансии ја нагласува посветеноста на САД да промовира одговорност за сите поединци и фирми кои „ја поткопуваат или загрозуваат стабилноста на Западен Балкан преку корупција и другo дестабилизирачко однесување“. Американските власти сметаат дека Камчев интензивно се занимава со корупција повеќе од една деценија, како и дека го искористил своето богатство и коруптивно влијание за да манипулира со судскиот систем во Северна Македонија нагласувајќи го тука тоа што со неговото коруптивно однесување придонел за колапсот на СЈО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-po-stavaneto-na-kamchev-na-tsrnata-lista-nie-nema-da-apsime-no-interesno-e-da-se-vidat-slednite-chekori/feed/ 0
Агелер: Името на Мерко не е единственото што се разгледува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-imeto-na-merko-ne-e-edinstvenoto-shto-se-razgleduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-imeto-na-merko-ne-e-edinstvenoto-shto-se-razgleduva/#respond Thu, 22 Jun 2023 19:54:37 +0000 https://kurir.mk/?p=848751

Институциите се на ред да одлучат дали сакаат да дејствуваат или да истражат. Се надеваме дека ова праќа порака до оние кои ги злоупотребуваат функциите за кои се избрани од граѓаните, дека ќе одговараат и дека не се добредојдени во САД, порача амбасадорката на САД Анџела Агелер, за ставањето на американската црна листа на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Таа во изјава за „Телма“ потенцира дека тековниот процес на назначување поединци под различни режими на санкции е внимателен, промислен, а понекогаш и долг. - Законот на САД бара од државниот секретар да именува поединци за кои имаме веродостојни докази за корупција и јавно да ги именува лошите актери – преку укинување на правото за влез во САД со ова означување, што е начин да покажеме дека ја поддржуваме борбата на Северна Македонија против оваа болест на нечесноста. Ова го правиме на глобално ниво за да го поттикнеме владеењето на правото и да им покажеме на оние кои работат на одговорност ширум светот дека ја имаат нашата поддршка, вели Агелер. Амбасадорката на САД посочува дека мора да имаат силни докази за да ги докажат наводите за корупција, а кога ќе ги докажат, според американскиот закон, мора да им одбијат влез на оние кои ја злоупотребиле својата моќ. Името на градоначалникот Мерко, вели, не е единственото што внимателно се разгледува во Вашингтон. -Можам да ве уверам дека името на г-дин Мерко не е единственото што внимателно се разгледува во Вашингтон. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со оние кои бараат да се уништи ракот на корупцијата во Северна Македонија и да се изгради силно, просперитетно и динамично општество кое што секој граѓанин го заслужува, додава Агелер.б]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-imeto-na-merko-ne-e-edinstvenoto-shto-se-razgleduva/feed/ 0
Агелер: Водството на Македонија мора да пронајде начин да го фати вистинскиот правец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-vodstvoto-na-makedonija-mora-da-pronajde-nachin-da-go-fati-vistinskiot-pravets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-vodstvoto-na-makedonija-mora-da-pronajde-nachin-da-go-fati-vistinskiot-pravets/#respond Thu, 22 Jun 2023 14:07:10 +0000 https://kurir.mk/?p=848645

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска со порака дека приклучувањето на Северна Македонија во ЕУ, меѓудругото ќе и помогне на земјава подобро да се справи со домашните предизвици, а еден од нив е корупцијата. Таа во обраќањето на конференцијата „Односите на САД и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, наведе дека неодамна спроведената анкета покажала дека корупцијата е меѓу главните причини за иселување на младите од државата. Им порача на лидерите во земјава дека мора да пронајдат начин и да ја насочат државата во вистинскиот правец, а на власта и на опозицијата им упати порака дека за суштински прашања треба да ги остават настрана политиките и да мислат на доброто на граѓаните. -Водството на Северна Македонија мора да пронајде начин да го фати вистински правец, дури и пред формално да влезете во ЕУ. САД ќе ве поддржат, ќе продолжиме да инвестираме во вас, но ова не можеме да го направиме наместо вас. За да го преземете следниот чекор, кој ќе ја води вашата земја кон посветла иднина, мора да има политичка волја. Во секоја држава за одредени важни одлуки потребно е власта и опозицијата да работат заедно, да ја тргнат настрана политиката и да го сторат она што е добро за граѓаните. Во сржта на тешките одлуки, кои треба да се донесат, во суштината на тоа зошто НАТО, ЕУ, вашиот однос со САД и зошто домашните реформи, се всушност вашите граѓани, порача американската амбасадорка. Таа истакна дека турбуленциите, кои се случиле во светски рамки изминатиот период, покажале дека изолацијата не може да биде патот напред и ги наведе придобивките кои Северна Македонија ќе ги има од приклучувањето кон ЕУ, потенцирајќи дека македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат зачувани. -Ќе го зачувате јазикот, ќе ја зачувате културата, ќе го зачувате идентитетот, тоа е вашето наследство, тоа е нешто суштинско кое ве прави она што сте како држава и во исто време ќе добиете многу. Приклучувањето во ЕУ ќе и обезбеди на Северна Македонија подобро да се справи со домашните предизвици, рече таа, а како еден од нив го наведе и иселувањето на младите. Членството, додаде таа може да помогне во спречувањето на тој тренд, а тоа исто така ќе донесе економски можности, креирање на нови работни места, образовни можности. -Станувањето дел од една таква алијанса помага и во ставањето крај на корупцијата и ставање крај на судската криза, во спроведување на реформите и исполнување на стандардите, додаде Агелер. Таа упати апел на членството во ЕУ да се гледа низ истата призма, низ која се гледа членството во НАТО. -ЕУ е следна, ве повикувам да гледате на членството во ЕУ низ истата призма како за членството во НАТО. Кога домашните предизвици постојано доминираат во насловите, лесно може од вид да ја изгубите поголемата слика, а за оваа земја тоа значи да биде дел од недвосмислено најголемиот светски економски блок, рече американската амбасадорка. Таа во обраќањето се осврна и на американско-македонските односи, нагласувајќи оти парнерството меѓу САД и Северна Македонија е толку силно, што може да ја надмине секоја бура. -За САД, Северена Македонија постојано била бастион на стабилноста, тука на Балканот и како што велиме во САД не е до големината на кучето во борбата, туку е до големината на желбата за борба во кучето. За само три години како НАТО членка, Северна Македонија ја покажа својата сила и вредност како глобален безбедносен партнер. Во само три години вашата земја истапи и цврсто застана на вистинската страна на историјата, најпрво со кризата во Авганистан и сега со руската неиспровоцирана, немилосрдна и брутална инвазија на Украина. Не го потценувајте значењето на она што го стори вашата земја и не го потценувајте значењето на она што значи да се биде дел од Алијансата како НАТО, рече Агелер. Таа го повтори она што го кажа сенаторот Крис Марфи за време на посетата на земјава, дека Северна Македонија е недвосмислено побезбедна, бидеќи има безбедносни гаранции од САД и другите меѓународни партнери и бидејќи е членка на НАТО. -Се надевам дека тоа не само што ви овозможува помирно да спиете навечер, туку и ќе биде водилка на вашата политика во иднина, додаде Агелер, која напомена дека земјава направила голема жртва за да стане дел од Алијансата. Американската амбасадорка направи куса ретроспектива на сето она што е постигнато во земјава од стекнувањето на независноста во изминатите 33 години. -Вие сите како земја имате многу нешта за кои треба да се гордеете, за момент станете свесни за се што сте постигнале од независноста на 8 септември 1991 година, пред 33 години. Тоа е кус период во однос на историјата, но сепак вие во тоа време успеавте да воспоставите демократија, слобода и еднаквост за сите граѓани, ја надминавте и граѓанската војна во 2001 година со Охридскиот рамковен договор, кој до ден денеска служи како модел за меѓуетничка кохензија на Балканот и пошироко. Направивте голема жртва за членството во НАТО, најмоќната безбедносна алијанса во светот и се движите напред кон уште еден клучен момент во вашата историја, членството во ЕУ. Признавам дека ова се многу тешки времиња, признавам дека граѓаните на оваа земја направија жртви и компромиси, но имате огромно извонредно досие на достигнувања во толку кус временски период, нешто повеќе од три декади. Треба да бидете горди за тоа каде е денес вашата земја и за вашиот статус во меѓународната заедница, нагласи американската амбасадорка Агелер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-vodstvoto-na-makedonija-mora-da-pronajde-nachin-da-go-fati-vistinskiot-pravets/feed/ 0