Анџела Прајс Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 12:50:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анџела Прајс Агелер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски ја прими американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-primi-amerikanskata-ambasadorka-andhela-prajs-ageler/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-primi-amerikanskata-ambasadorka-andhela-prajs-ageler/#respond Fri, 11 Aug 2023 12:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=865877

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Прајс Агелер. На средбата беше посочено дека билатералните односи се одвиваат со одлична динамика, согласно долготрајното македонско-американско пријателство, а во духот на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО. Соговорниците разменија мислења и информации за одвивањето на евроинтегративниот процес и за следните чекори кои треба да бидат преземени во таа насока, како и за состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина. Претседателот Пендаровски истакнувајќи дека нашата држава придава особено значење во развојот на односите со САД, изрази уверување дека американската поддршка ќе продолжи и во периодот што претстои, како гарант за мирот, стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ja-primi-amerikanskata-ambasadorka-andhela-prajs-ageler/feed/ 0
САД се погласни: Инвестиравме половина милијарда долари во судството, но нема напредок, многу сме разочарани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-se-poglasni-investiravme-polovina-milijarda-dolari-vo-sudstvoto-no-nema-napredok-mnogu-sme-razocharani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-se-poglasni-investiravme-polovina-milijarda-dolari-vo-sudstvoto-no-nema-napredok-mnogu-sme-razocharani/#respond Sat, 08 Jul 2023 09:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=854284

Нашата „инвестиција“ во напредокот на судството за жал не даде очекуван „поврат“, вели амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела Агелер во интервју за весникот Капитал. -Кога станува збор за напредокот во судството, ние сме разочарани. Во последните триесет години, сме инвестирале половина милијарда долари во програми за владеење на правото и добро владеење, но не гледаме подобрувања и реформи што би можеле да ги очекуваме со толку голема инвестиција. Сепак, на крајот на краиштата, системската корупција во целата земја во сите сектори подиректно им наштетува на луѓето во Северна Македонија отколку нам. Сите вие заслужувате општество, судство, влада чии постапки се транспарентни и ви служат вам – на граѓаните. Тоа е камен – темелник на фер и функционална демократија. На тоа треба да се фокусира владата, без разлика на тоа која партија е на власт. Судството мора да биде независна, целосно финансирана и неполитичка гранка на власта. Политичките лидери треба да го сакаат тоа, а вие граѓаните треба да го барате, вели Агелер во интервјуто. Во однос на тврдењата на опозицијата за корупција околу Коридорите 8 и 10 д, американската амбасадорка нагласува и повторува: „ако има наводи за корупција околу Коридорите 8 и 10д, истражете ги! Ако утврдите криминал, гонете го!“. -Доколку истрагата утврди корупција, нека ја гони. Мора да има одговорност за секого, секаде. Во исто време, преголемата политизација на нештата понекогаш може да биде подеднакво штетна како и самата корупција со тоа што ќе спречи добри проекти да се движат напред и ќе испрати порака до другите потенцијални инвеститори дека водењето бизнис во Северна Македонија е премногу комплицирано и бирократско, рече Агелер. Проектот на Коридорите 8 и10д, посочува американската амбасадорка, ја претставува најголемата инфраструктурна инвестиција во историјата на оваа земја, а придобивките за граѓаните се огромни: голем број добри работни места, договори со локални компании и снабдувачи, како и партнерство со една од најпочитуваните американски компании кои работат на Балканот и ширум светот. Кога ќе бидат завршени, патиштата ќе го намалат времето на патување низ земјата, ќе ја подобрат безбедноста и пристапноста кон другите партнери од НАТО, ќе ја зголемат трговијата и ќе ја направат оваа земја витален транспортен центар низ Балканот. Во интервјуто американската амбасадорка Агелер зборува за потребата од енергетска ефикасност и безбедност, за што вели дека се критични прашања ширум светот, а руската брутална и нелегална инвазија на Украина уште повеќе ја истакна таа потреба. На краток рок, посочи таа, се надевам дека земјата ќе вложи максимални напори да обезбеди природен гас што не доаѓа од Газпром и да го комплетира интерконекторот со Грција. -Тоа треба да биде натпартиски приоритет и да добие целосна согласност од Собранието. Но имање на стабилен и сигурен извор на гас не треба да биде единствената крајна цел. Сите ние треба да работиме на проширување и подобрување на енергетските пазари со алтернативи. Ова е област која бара итно внимание. Ги охрабрувам официјалните лица да донесат координирани, стратешки одлуки за енергетски инвестиции и да работат на оддалечување на Северна Македонија од нејзината зависност од јаглен. Проектите како ХЕЦ Чебрен се од суштинско значење за балансирање на мрежата и намалување на зависноста од фосилни горива, вели Агелер во интервјуто за Капитал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sad-se-poglasni-investiravme-polovina-milijarda-dolari-vo-sudstvoto-no-nema-napredok-mnogu-sme-razocharani/feed/ 0
Пендаровски: Нашата релација со САД е стабилна во геополитичка смисла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nashata-relatsija-so-sad-e-stabilna-vo-geopolitichka-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nashata-relatsija-so-sad-e-stabilna-vo-geopolitichka-smisla/#respond Thu, 22 Jun 2023 13:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=848623

Нашата релација со Америка е стабилна во геополитичка смисла. Се случија серија на настани и потези во деведесетите од страна на САД и тоа стратешко партнерство се зацврсти. Затоа во однос на денешните предизвици на таа геополитичка поставеност на Северна Македонија кон САД, на САД кон нас и кон Западниот Балкан како регион, не трпи позначајни промени бидејќи таа геополитичка архитектура не може да се измести и бидејќи САД се прилично навлезени во регионот и во нашите болатерални односи, истакна претседателот на државата, Стево Пендаровски. Пендаровски и американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер учествуваат на денешната конференција со наслов „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. Шефот на државата потсети и на зачленувањето на земјата во ОН и на американското партнерство во целиот процес кој е исто така интензивиран во последните години, како и на стратешките партнерства меѓу двете земји и големата поддршка што нашата земја ја добива од САД. Амбасадорката на САД во Скопје, Агелер, на своето обраќање посочи на гордоста којашто треба да ја има земјава во однос на сето постигнато за време на три децении, затоа што, како што рече, три денеции се краток период за толку напредок. Таа исто така спомна дека земјава ја покажала својата вредност како верен и стратешки партнер и апелираше да не се потценува членството на земјава во во НАТО како и за другите постигнувања на земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-nashata-relatsija-so-sad-e-stabilna-vo-geopolitichka-smisla/feed/ 0
Ковачевски: САД имаат јасна порака, нашата земја е фактор на стабилност и во Европа не само во регионов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sad-imaat-jasna-poraka-nashata-zemja-e-faktor-na-stabilnost-i-vo-evropa-ne-samo-vo-regionov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sad-imaat-jasna-poraka-nashata-zemja-e-faktor-na-stabilnost-i-vo-evropa-ne-samo-vo-regionov/#respond Fri, 02 Jun 2023 14:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=841529

Имаме голема, силна и конкретна поддршка од САД за следниот чекор во европските интеграции, објави премиерот Димитар Ковачевски, кој информира дека денеска имал средба со американската амбасадорга Анџела Агелер. – На денешната средба што ја имав со американската амбасадорка Агелер е реафирмирана јасната порака од нашиот стратешки партнер САД дека С. Македонија е фактор на стабилноста и безбедноста на регионот и на Европа и по членството во НАТО, треба да стане членка на ЕУ. Го споделуваме очекувањето дека сите политички лидери и партии ќе го поддржат европскиот пат на државата и дека во таа насока и ќе се носат и претстојните политички одлуки во Собранието, објави Ковачевски на својот официјале профил на Фејсбук. Објавата на Ковачевски беше реобјавена и на страницата на Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-sad-imaat-jasna-poraka-nashata-zemja-e-faktor-na-stabilnost-i-vo-evropa-ne-samo-vo-regionov/feed/ 0
Ковачевски: Писмото на Агелер е испратено секаде каде што е потребно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-pismoto-na-ageler-e-isprateno-sekade-kade-shto-e-potrebno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-pismoto-na-ageler-e-isprateno-sekade-kade-shto-e-potrebno/#respond Wed, 26 Apr 2023 10:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=827819

Писмото на американската амбасадорка Агелер е испратено секаде каде што е потребно. Владата обезбедува услови за функционирање на судовите, во делот на обезбедување на буџет, во делот на предлагање на законски решенија, кои подоцна ја унапредуваат судската пракса. Нов кривичен законик, нови закони подготвени во ренумерација на судиите и обвинителите, но се блокирани во Собранието, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање, после неговото обраќање на „Самит Македонија 2025“. Премиерот се согласува дека одредени судски случаи се одолговлечени. -Постапката оди со враќање кон пониски инстанци во повеќе наврати и тоа се прашања за судиите кои работат и за оние кои што управуваат со работата на судиите, додаде Ковачевски и потенцира дека се согласува со нејзините констатации. Американската амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер е загрижена и разочарана поради големиот број предмети, кои Апелацискиот суд ги враќа на повторно судење, стои во отвореното писмо испратено до судските и извршните органи. -Секој ден сум сѐ повеќе загрижена и разочарана поради големиот број предмети (од високи профили) кои Апелациониот суд ги врати во првостепена постапка на повторно судење. Очигледната неспособност на судовите брзо да ги процесуираат предметите низ судската постапка и нивното префрлање напред-назад, меѓу Апелација и Основниот суд дополнително ја намалува ниската доверба што јавноста ја има во судовите, стои меѓу другото во писмото на Агелер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-pismoto-na-ageler-e-isprateno-sekade-kade-shto-e-potrebno/feed/ 0
Агелер: Коридорот 8 е инвестиција во иднината на Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-koridorot-8-e-investitsija-vo-idninata-na-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-koridorot-8-e-investitsija-vo-idninata-na-severna-makedonija/#respond Tue, 04 Apr 2023 12:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=820051

Американската амбасадорка Анџела Агелер денеска на свечената церемонија на поставување камен-темелник на проектот Коридор 8 во своето обраќање пред присутните истакна дека ова е посебен ден за Северна Македонија, за Западен Балкан и за цела Европа, но и многу голем ден за САД и за американскиот бизнис во земјава. Агелер, која присуствуваше на поставувањето камен-темелникот на Коридорот 8, со што се означи почетокот на изградбата на модерен, современ автопат Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан нагласи дека подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од витално значење за економскиот развој. -Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи, рече Агелер. Таа нагласи дека ова е повеќе од една обична инвестиција во патиштата во Северна Македонија, потенцирајќи дека станува збор за инвестиција во иднината на земјава, но и на сите држави поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Агелер изрази благодарност до Владата на Република Северна Македонија, до претставници на „Бехтел и Енка“ и на целите тимови за нивните напори за отпочнување на овој проект. Американската амбасадорка изрази уверување дека работите ќе се движат брзо и успешно при изградбата на оваа, како што рече, современа патна мрежа, која ќе доведе до зближување на луѓето од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-koridorot-8-e-investitsija-vo-idninata-na-severna-makedonija/feed/ 0
Агелер: Ќе направам се да зајакне вербата во правосудството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-ke-napravam-se-da-zajakne-verbata-vo-pravosudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-ke-napravam-se-da-zajakne-verbata-vo-pravosudstvoto/#respond Wed, 08 Mar 2023 12:58:34 +0000 https://kurir.mk/?p=809542

Зајакнување на правосудството во земјава, на сите нивоа, е главен приоритет за амбасада на САД, за мене лично и за Вашингтон, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер. По посетата на Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Скопје, каде амбасадата на САД донираше компјутерска и техничка опрема, Агелер порача дека ова е добар систем и изрази уверување дека интероперабилноста ќе ја подобри ефикасноста. „Тука сум од ноември и корупцијата во земјава е присутна подолго време. Тоа не е проблем што може да се реши за неколку месеци и постојат веќе системи, кои бараат проверка. Затоа е добра денешната посета, за да видам како се водат истрагите“, порача Агелер. Сакаме да бидеме партнери со оваа земја, нагласи Агелер, така што ќе покажеме дека овој систем е тука за вашите граѓани. „За тоа е потребно време. Не е нешто што еден компјутерски систем ќе го реши, но е приоритет и ако имам една цел како амбасадор во земјава, тоа е да се осигурам дека ќе направам се што можам, заедно со мојот тим, за зајакнување на вербата на граѓаните на Северна Македонија во правосудството“, порача Агелер. Претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, изрази благодарноста за донацијата, која помага во секојдневната работа, а со крајна цел да овозможиме верба на граѓаните во институциите во системот и добивање на правда. „Се работи за сериозна донација што ќе ни помогне во секојдневната работа и од технички и од суштински аспект, затоа што многу побрзо можеме да работиме на одредени докази и прибирање доказен материјал“, изјави Бубевски. Се надеваме, посочи Бубевски, и на понатамошна соработка со американската амбасада преку обуки и друга помош.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-ke-napravam-se-da-zajakne-verbata-vo-pravosudstvoto/feed/ 0
Амбасадорката Агелер во посета на архивот во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-ageler-vo-poseta-na-arhivot-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-ageler-vo-poseta-na-arhivot-vo-bitola/#respond Fri, 03 Feb 2023 10:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=795623

Вчера за време на посетата на Битола на амбасадорката на САД во Македонија Анџела П. Агелер, заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Сојчевска, го посетија одделението во Битола на Државниот архив. „Чест и задоволство беше можноста да бидеме во друштво на Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и Нејзината Екселенција Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Анџела П. Агелер. Презентацијата на нашето културно-наследство, Фондот “Браќа Манаки “, споделувањето на нашата визија за овај фонд, спомен собата на Манаки како и тековниот проект за дигитализација е нешто што не прави среќни и уште помотивирани да продолжиме да се грижиме за нашето национално богатство кое го поседуваме низ нашите архиви и да ја промовираме нашата архивска работа“ рекоа од битолскиот архив.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-ageler-vo-poseta-na-arhivot-vo-bitola/feed/ 0
Агелер: Не постои само една, туку неколку црни листи на САД https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-ne-postoi-samo-edna-tuku-nekolku-tsrni-listi-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-ne-postoi-samo-edna-tuku-nekolku-tsrni-listi-na-sad/#respond Thu, 26 Jan 2023 08:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=792131

Во наредните месеци и години САД ќе ги објавуваат имиња кои ќе произлезат од истрагите на американските функционери поврзани со корупција во земјава. Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, вели дека нема рок, но се надева оти овој процес ќе биде континуиран. Лицата од списоците ќе бидат санкционирани на неколку начини во зависност од постапките. „Во тек е дијалог меѓу американската амбасада, мојот тим овде со мене и официјалните лица во Вашингтон, без разлика дали тоа е Министерството за финансии, дали тоа е Стејт департментот, дали тоа е Канцеларијата на Советот за визни санкции, економски санкции, дали е Националниот совет за безбедносни прашања. Ова е тековен процес кој ги разгледува соодветните санкции за одредени поединци во зависност од законите и прописите што тие ги прекршиле што би ги натерало САД повеќе да не сакаат тие да влезат во САД или пак, за нив да има финансиски санкции“, рече амбасадорката Агелер. Американските санкции се сериозни и можат да имаат долгорочни последици, дадоа резултати и во други земји, вели Агелер. Инаку, корупцијата, вели таа, не е поврзана само со избраните политичари. Истрагата се фокусира и на други два сектори. „Мислам дека на сите ни е јасно дека има прашања во правосудниот систем. Нашата листа на санкции не е ограничена само на еден сектор. Исто така, има санкции за деловни луѓе за кои е утврдено дека редовно биле вклучени во коруптивни активности во нивните компании и бизниси. Значи, тоа не е ограничено само на избраните функционери, туку и во судството, во секторот за владеење на правото и бизнисот“, додава Агелер. Агелер го критикуваше нивото на корупција во земјава од почетокот на нејзиниот мандат во Скопје, на крајот на минатата година, што предизвика бран реакции од политичарите, обвинителите и судиите.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ageler-ne-postoi-samo-edna-tuku-nekolku-tsrni-listi-na-sad/feed/ 0
ФОТО: Новата американска амабасадорка проба штипска пастрмајлија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-novata-amerikanska-amabasadorka-proba-shtipska-pastrmajlija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-novata-amerikanska-amabasadorka-proba-shtipska-pastrmajlija/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:23:11 +0000 https://kurir.mk/?p=757986

Новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер денес беше во посета на неколку места во Македонија, а по нејзина желба ручаше во Штип, а што друго ако не штипска пастрмајлија. Имено Агелер од вчера и официјално е нова амбасадорка на САД во земјава, па од денес таа ја почна својата агенда низ државава, оствари неколку средби со невладини организации, талентирани млади лица... Агелер доаѓа на ова место менувајќи ја нејзината претходничка, Кејт Мери Брнз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-novata-amerikanska-amabasadorka-proba-shtipska-pastrmajlija/feed/ 0