Анџелика Митрашиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 05:52:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анџелика Митрашиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анџелика Митрашиновиќ кариерата ќе ја продолжи во Словачка https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/andhelika-mitrashinovik-karierata-ke-ja-prodolzhi-vo-slovachka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/andhelika-mitrashinovik-karierata-ke-ja-prodolzhi-vo-slovachka/#respond Wed, 05 Jul 2023 05:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=852780

Капитенот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ има нов клуб за следната сезона. Митрашиновиќ ќе настапува за најдобриот клуб во Словачка, екипата на Пиештанске Чајки. Македонската кошаркарка е задоволна за новата авантура и трансфер, па не ја криеше среќата за потписот. „Слушнав само добри работи за Пjeштaнски Чајки. Ми кажаа и за тоа дека имаат одлични навивачи. Затоа решив да дојдам во оваа средина, со толку добра атмосфера и капацитети. Се надевам дека ќе успееме да ја освоиме шампионската титула и повторно да биде освоен и словачкиот Куп. Во Еврокупот очекувам да постигнеме добри резултати“, изјави Митрашиновиќ. Своите очекувања од Македонката ги изнесе и тренерот на тимот, Петер Јанковиќ, кој кажа: „Таа доаѓа како една од замените за играчите кои си заминуваат. Верувам дека ќе го покаже својот потенцијал кој го докажа во АБА лигата и во француската лига. Таа е играч кој може да постигне кош. Со одличен увид во играта. Таа е веќе искусна, па и јас верувам во нејзиното искуство и со нетрпение очекувам да работам со неа. Сите се надеваме дека таа ќе биде предност за овој тим“. Митрашиновиќ се етаблира како една од најдобрите кошаркарки речиси во сите тимови каде што игра. Во Словачка, Митрашиновиќ се сели од редовите на црногорскиот тим Монтана со кој настапуваше во женската АБА лига.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/andhelika-mitrashinovik-karierata-ke-ja-prodolzhi-vo-slovachka/feed/ 0
Митрашиновиќ најдобар стрелец на завршниот турнир во ВАБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovik-najdobar-strelets-na-zavrshniot-turnir-vo-vaba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovik-najdobar-strelets-na-zavrshniot-turnir-vo-vaba/#respond Tue, 28 Mar 2023 04:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=817110

Најдобрата македонска кошаркарка во моментов Анџелика Митрашиновиќ, заедно со Шарека Мекнил од Војводина, е прогласена за најдобар стрелец на Ф4 од ВАБА лигата кој се одржа викендов во Подгорица. Нејзиниот тим Монтана тотално потфрли и го освои последното место, но нашата репрезентативка беше единствената светла точка. На двата натпревара постигна вкупно 42 поена, колку што имаше и Мекнил. На денешниот меч за третото место против Војводина, Митрашиновиќ реализира 28 поени или точно половина од вкупниот број постигнати на нејзината екипа. Титулата во ВАБА лигата и оваа сезона ја освои словенечкиот тим Цинкарна Целје која во финалето го победи домаќинот Будуќност со 66-64. За МВП на завршниот турнир е прогласен Блажа Чех од шампионската екипа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovik-najdobar-strelets-na-zavrshniot-turnir-vo-vaba/feed/ 0
Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovik-dokazhavme-deka-makedonskite-kosharkarki-imaat-kvalitet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovik-dokazhavme-deka-makedonskite-kosharkarki-imaat-kvalitet/#respond Fri, 10 Feb 2023 10:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=798885

Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ по синоќешната победа над Босна и Херцеговина на гостински терен во квалификациите за Европското првенство 2023 истакна дека триумфот е потврда за квалитетот што го поседува репрезентацијата предводена од селекторот Александар Ашаданов. Македонските кошаркари на гостувањето во Сараево приредија големо изненадување и со триумфот од 68-66 ја забележаа премиерната победа во евроквалификациите и воедно прва од јули 2017 година кога во пријателски натпревар беа поуспешни од Бугарија. -Пресреќна сум, пред сè затоа што го оставивме срцето на теренот, и им докажавме на сите дека оваа репрезентација има квалитети, и дека може да се носи и со репрезентации кои играат на светско ниво. Сакам да им честитам на сите девојки, за борбата и за фокусот кој го имаа во сите 40 минути од овој натпревар. Стручниот штаб веруваше во нас од самиот почеток, и на крајот сето тоа се исплатеше со голема победа. Најдраго ми е што оваа победа ја остваривме без странец во екипата. И докажавме дека и ние Македонките имаме квалитет, изјави капитенот Митрашиновиќ по триумфот во Сараево. „Само сакам да додадам, дека тука не застануваме, одиме понатаму … Допрва доаѓаат помладите кои исто така покажаа дека заслужено се во репрезентацијата“, додаде македонската капитенка. Македонските кошаркари ќе го завршат настапот во групата А во рамки на квалификациите за ЕП 2023 в недела во Скопје против Белгија, која со вчерашниот триумф над Германија 69-44 обезбеди настап на завршниот турнир.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovik-dokazhavme-deka-makedonskite-kosharkarki-imaat-kvalitet/feed/ 0
Митрашиновиќ продолжува во Монтана https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovikj-prodolzuva-vo-montana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovikj-prodolzuva-vo-montana/#respond Wed, 10 Aug 2022 09:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=716511

Анџелика Митрашиновиќ во наредната сезона ќе настапува за најдобрито клуб во Бугарија – Монтана. Нашата најдобра кошаркарка за 2021 година, и капитен на сениорската репрезентација играњето во Франција ќе го замени со еден од најдобрите тимови на Балканот. Искусната кошаркарка ќе се обиде да му донесе уште поголем резултат на клубот од Стара Загора кој е редовен учесник на завршните турнири од женското издание на Јадранската лига. Потписот со Монтана ќе биде само продолжение на интернационалната кариера на Митрашиновиќ, која во годините наназад настапуваше за Челик и Бановиќи (БиХ), Будуќност-Подгорица (Црна Гора), а во Бугарија, 177 сантиметри високата кошаркарка доаѓа како играч на францускиот Тарбес. Претходно, Митрашиновиќ беше дел и од најдобрите екипите во Македонија, Бадел 1862, Баскет Кам 2011 и вардар, како и Изградба Комерц (екс Младинец) од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mitrashinovikj-prodolzuva-vo-montana/feed/ 0