Анегрет Крамп-Каренбауер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Dec 2018 12:47:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Анегрет Крамп-Каренбауер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новоизбраната лидерка на ЦДУ именува 33-годишник за генерален секретар на партијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbranata-liderka-na-cdu-imenuva-33-godishnik-za-generalen-sekretar-na-partijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbranata-liderka-na-cdu-imenuva-33-godishnik-za-generalen-sekretar-na-partijata/#respond Sat, 08 Dec 2018 12:47:39 +0000 https://kurir.mk/?p=137454

Новоизбраната наследничка на Ангела Меркел на чело на Христијанско демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер го именува денеска младиот конзервативец, 33-годишниот Паул Зјемјак за нов генерален секретар на партијата. Медиумите оценуваат дека со именувањето на Зјемјак, кој е актуелен лидер на младите на ЦДУ, Крамп-Каренбауер настојува да изгради мостови со ривалите за лидерската позиција, кои ги победи вчера на партискиот конгрес во Хамбург. Педесет и шест годишната Крамп-Каренбауер со тоа покажува дека е решена да ги спречи трајните поделби во партијата и да им даде повеќе простор на конзервативците и помладите членови да се слушне и нивниот глас. Функцијата генерален секретар на ЦДУ, која се занимава со дневна политичка стратегија на партијата, досега ја извршуваше токму Крамп-Каренбауер. Зјемјак за оваа позиција немал против кандидати, а ја добил поддршката од 62,8 отсто од партиските делегати на конгресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novoizbranata-liderka-na-cdu-imenuva-33-godishnik-za-generalen-sekretar-na-partijata/feed/ 0
Ангела Меркел доби наследник, еве кој ќе ја замени на лидерското место во ЦДУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/angela-merkel-dobi-naslednik-eve-koj-kje-ja-zameni-na-liderskoto-mesto-vo-cdu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/angela-merkel-dobi-naslednik-eve-koj-kje-ja-zameni-na-liderskoto-mesto-vo-cdu/#respond Fri, 07 Dec 2018 18:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=137144

Генералната секретарка на германската  Христијанско демократска унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер е избрана за нов лидер на партијата, која на таа позиција ќе ја наследи канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА. Крамп-Каренбауер, долгогодишен сојузник на Меркел, победи во вториот круг од гласањето на Конгресот на ЦДУ во Хамбург, победувајќи го Фридрих Мерц. За неа гласаа 517 делегати (51,75 проценти), а Мерц доби 482 гласа (48,25 проценти). Иако нема да раководи со партијата, Меркел има намера да остане канцелар до крајот на четвртиот мандат, кој истекува на крајот на 2021 година. Крамп-Каренбауер ја презеде функцијата генерален секретар на ЦДУ во 2018 година. Пред тоа, од 2011-2018, беше првиот премиер на германската покраина Сарланд, и воопшто четврта жена, која раководела некоја од германските сојузни држави. Таа во периодот  2000-2004 беше министерка за внатрешни работи на Сарланд, исто така, прва жена која била на таква функција во Германија. Сарланд е најмалата од 16 сојузни држави или провинции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/angela-merkel-dobi-naslednik-eve-koj-kje-ja-zameni-na-liderskoto-mesto-vo-cdu/feed/ 0
Кандидатката за наследничка на Меркел бара забрана за влез на мигранти-криминалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidatkata-za-naslednichka-na-merkel-bara-zabrana-za-vlez-na-migranti-kriminalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidatkata-za-naslednichka-na-merkel-bara-zabrana-za-vlez-na-migranti-kriminalci/#respond Fri, 09 Nov 2018 10:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=125662

Блиската соработничка на германската канцеларка Ангела Меркел и една од кандидатите за нејзин наследник на функцијата лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ), Анегрет Крамп-Каренбауер предложи доживотна забрана за влез во Европа на мигрантите кои ќе бидат осудени за сериозни кривични дела. Во изјвава за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Крамп-Каренбауер нагласи дека таквата забрана би се однесувала на мигранти кои ќе бидат депортирани од земјите членки на Шенген зоната по отслужувањето на затворските казни за сторените кривични дела. Таа како пример за лица кои би требало да бидат опфатени со оваа забрана ги посочи неколкумината Сиријци, кои минатиот месец беа обвинети за силување во германскиот град Фрајбург. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kandidatkata-za-naslednichka-na-merkel-bara-zabrana-za-vlez-na-migranti-kriminalci/feed/ 0