анестезиолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Oct 2020 14:52:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png анестезиолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Италија и недостасуваат 4.000 анестезиолози https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-italija-i-nedostasuvaat-4-000-anesteziolozi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-italija-i-nedostasuvaat-4-000-anesteziolozi/#respond Tue, 20 Oct 2020 14:52:11 +0000 https://kurir.mk/?p=418591

На Италија и недостасуваат 4.000 специјалисти анестезиолози и реаниматори, факт кој во време на пандемија на Ковид-19 ја загрижува струката, но и граѓаните, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“. Претседателот на синдикатот на анестезиолози и реаниматори Алесандро Вергало ја обвинува „политиката“ која веќе десет години, и покрај барањата на лекарите, не преземала ништо да го обезбеди здравствениот систем со неопходен број на лекари специјалисти. – Пандемијата на коронавирусот го потенцира проблемот и ги потврди нашите проценки дека досегашната политика за планирање специјализанти била погрешна. Заразата се шири многу брзо и ако продолжи со вакво темпо, одделите за интензивна нега ќе бидат исполнети, а ќе недостасуваат лекари специјалисти кои треба да ги негуваат пациентите, истакна Вергало. Тој потврди дека Владата на премиерот Џузепе Конте минатата година и пред пандемијата на Ковид-19 го зголемила од 900 на 1.500 бројот на местата за специјализанти, но, според него, „плодовите од таа одлука ќе ги видиме дури за пет години, колку што трае специјалистичката обука“. На прашањето дали потребите на здравствениот систем би можеле да се пополнат со странски лекари, Вергало одговори дека италијанските лекари се 30 отсто помалку платени од нивните колеги во другите европски земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-italija-i-nedostasuvaat-4-000-anesteziolozi/feed/ 0
Во ек на корона епидемијата се намалува медицинскиот кадар во ГОБ „8 Септември“, анестезиолози дале отказ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-korona-epidemijata-se-namaluva-medicinskiot-kadar-vo-gob-8-septemvri-anesteziolozi-dale-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-korona-epidemijata-se-namaluva-medicinskiot-kadar-vo-gob-8-septemvri-anesteziolozi-dale-otkaz/#respond Mon, 06 Jul 2020 09:36:47 +0000 https://kurir.mk/?p=369765

Градската болница „8 септември“ во најголемиот ек на пандемијата со Ковид-19 останува без двајца анестезиолози од вкупно 13 кои одлучиле да ја напуштат ГОБ „8 септември“ и да заминат на работа во приватна болница. Оваа информација ја потврдил директорот на болницата Христијан Костов. Анестезиолозите во петокот пуштиле барање за да им се потпише отказно решение до Костов, директорот на болницата ГОБ „8 септември“ која е позната како ковид центар и во која од почетокот на пандемијата па до сега се носат најтешките случаи. Анестезиолозите управуваат со респираторите, а дневно во Градската општа болница „8 септември“ на респираторна машина се ставаат 8 или 9 пациенти заразени со корона вирус, кои се наоѓаат во најтешката фаза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ek-na-korona-epidemijata-se-namaluva-medicinskiot-kadar-vo-gob-8-septemvri-anesteziolozi-dale-otkaz/feed/ 0
Анестезиолози нема ниту за лек: Хируршките сали се затвораат, томографите во „8-ми Септември“ се расипани, пациенти се препраќаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziolozi-nema-nitu-za-lek-hirurshkite-sali-se-zatvoraat-tomografite-vo-8-mi-septemvri-se-rasipani-pacienti-se-preprakjaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziolozi-nema-nitu-za-lek-hirurshkite-sali-se-zatvoraat-tomografite-vo-8-mi-septemvri-se-rasipani-pacienti-se-preprakjaat/#respond Tue, 12 Mar 2019 07:51:05 +0000 https://kurir.mk/?p=173809

Одделот за трауматологија кој пред седум месеци беше свечено отворен во присуство на голем број владини претставници не профунцкионира во целост. И покрај најавите дека со отворањето на овој оддел ќе се зголемат капацитетите на болницата и бројот на хируршки интервенции, за неполна година од отворањето, едната од вкупно двете хируршки сали е надвор од функција. Апарати има, сали има, ама нема кој да работи. Четворица анестезиолози си заминале во пензија. Недостасуваат и анестетичари, инструментарки како и болничари, анализира Телевизија 24. „На Оддението за Трауматологија секојдневно се работи во една од постојните сали, а во втората се работи повремено, причина немање доволно кадар (анестезиолози, анестетичари, инструментарки, како и болничари). Во моментов во Одделението за трауматологија не се лекува ниту еден пациент, од истата причина - немање доволно медицински сестри и болничари“ - велат од ГОБ Осми септември. -Очекувањата на властите беа дека годишно ќе се вршат 2 000 интевенции. Од септември, кога беше пуштен одделот во функција, до сега се извршени 300. Од вкупно 10 хируршки сали во градската болница, две се надвор од функција. Министерството за здравство тврди дека постојано го зајакнувале медицинскиот кадар преку нови директни вработувања. Освен хроничниот недостаток од кадар, проблем е што и двата томографи во Градската болница се расипани. Непосредно по автобуската несреќа кај Ласкарци , поради преоптовареност, се расипа еден од двата томографи. Од минатата недела се расипа и вториот томограф, објави 24. Поради дефектот на апаратите дел од пациентите се препраќаат на скопските клиники. Од болницата објаснуваат дека апаратите биле преоптоворани со снимања што довело до нивен дефект. За две години на апаратот биле извршени 25 илјади снимања, иако според упатствата и спецификите лимитот бил 10 000 снимања. Инаку дневно за снимање доаѓаат и по 50 пациенти во оваа здравствена установа. Директорот Христијан Костов за ТВ 24 вели дека веќе е почната тендерската процедура за набавка на потребните делови и уверува дека проблемот наскоро ќе биде решен. Од Фондот за здравство ќе исплатат аванс од 15 милиони денари на болницата за да може да се плати поправката на апратите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anesteziolozi-nema-nitu-za-lek-hirurshkite-sali-se-zatvoraat-tomografite-vo-8-mi-septemvri-se-rasipani-pacienti-se-preprakjaat/feed/ 0